Arena Sport - спортски пакет тв канали

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola3103
  • Време на започнување Време на започнување
Абе како може да има нешто за што е кажано дека стартува на 11.06? Муабетов: на нероден Петко, капа му кројат!
 
Абе како може да има нешто за што е кажано дека стартува на 11.06? Муабетов: на нероден Петко, капа му кројат!
Замисли само на support луѓе што работат колку ги има избудалено :)
 
На телеком веке е сменето името на каналите Arena M1 premium...значи се е подготвено утре ги пуштаат
 
Што да кажеме ние што гледаме илегално на ИПТВ. Кој знае кога ќе ги пуштат :)
 
Не го разбирам паѓањево во несвест за македонски коментатори кога секое еп/сп во ракомет редовно се кењаше за господата од МТВ. Чак луѓе форсаа намерно гледање со српски коментатор.

Ќе има ете и што? Ме заболе дали е српски хрватски македонски или бошњачки коментатор ако тимот за кој навивам ми губат и јадат ќотек како магариња во зелки од противникот.
 
Кај е темата за ИПТВ и тие работи? Секако не планирам Тони Стојановски и Даме да ги слушам, па уште кога ќе почнат со гости у студио, кој од кој понеписмен и понеупатен...
 
Од она што го гледам не се М1, М2 и М3 клонови, туку се засебни канали. Кошарка има Партизан - Дубаи на М3, а Пао - Олипијакос воопштои не го даваат, иако го има на Премиум 2 на српската Арена. Едноставно тежок е патот и ќе треба доста време, реално ова е downgrade во однос на содржина, ама напредок за развој на сопствена македонска редакција. Од друга страна ќе се сегментира и пазарот преку пуштање на реклами за определено говорно подрачје.
 
Бидете среќни што и ова има, дека може и ништо да нема.

Се сеќавате ли кога само Телеком во Македонија имаше Arena Sport? Тие што беа на А1 шипки гледаа Лига Шампиони, Лига Европа и уште некој спортски преноси.
Автоматски споено мислење:

Гледајте што ќe имаат босанциве за Светското на MTEL

Автоматски споено мислење:

Македонскиве канали колку што гледам не се регистрирани како канали од Македонија. Воопшто ги нема на АВМУ дека постојат барем засега.
 
Последно уредено:
Едно мое мислење...мислам дека многу подобро ќе беше наместо Арена М1 Премиум итн.. да беше Арена 1 Премиум МК.
Да се знај кратенката дека е за Македонија. Вака М1, М2, М3, можи да важи за Црна Гора, како што е Pink M каналот кој е локализиран Pink за Црна Гора.
 

Attachments

  • 225b9fa8-565a-44b4-9de6-66fe72357d0e.png
    225b9fa8-565a-44b4-9de6-66fe72357d0e.png
    1,4 MB · Прегледи: 25
Едно мое мислење...мислам дека многу подобро ќе беше наместо Арена М1 Премиум итн.. да беше Арена 1 Премиум МК.
Да се знај кратенката дека е за Македонија. Вака М1, М2, М3, можи да важи за Црна Гора, како што е Pink M каналот кој е локализиран Pink за Црна Гора.
Ако успее да прошират екипa новинари за на уште канали можеби не знам и ќе го избришат тоа М од логото. Да си биде како што е на српската.

Според мене да најдобро е да е МК или MKD ама тоа да е практика на сите верзии пример на босанскиот BH, на хрватската HR, српскиот RS, на таа од словенија SI.
Автоматски споено мислење:



Туку Тони Стојановски на Arena Sport изјави дека се 10 новинари со све таа девојката и имало некоја нова екипа на обука. Дека во иднина се надева ќе растат што значи ширење на повеќе канали. За почеток е 3 канали.
 
Последно уредено:
Од она што го гледам не се М1, М2 и М3 клонови, туку се засебни канали. Кошарка има Партизан - Дубаи на М3, а Пао - Олипијакос воопштои не го даваат, иако го има на Премиум 2 на српската Арена. Едноставно тежок е патот и ќе треба доста време, реално ова е downgrade во однос на содржина, ама напредок за развој на сопствена македонска редакција. Од друга страна ќе се сегментира и пазарот преку пуштање на реклами за определено говорно подрачје.
@y2k За ова зборував каде што велеше дека ќе биде иста програма, ама сепак не е :)

Го дадов примерот, еве ќе се повторам пак во цитат подоле. Бидете сигурни дека со овој метод некои јаки утакмици од сега дефинитивно нема да бидат емитувани и гледани кај нас. Затоа реков, лепење јазик е најдоброто решение. Ете сакавте македонски канали, сркајте си. Ако има некој член тука добар ИПТВ провајдер што знае кај што идат Арена каналиве во одличен квалитет 1080 висок битрејт нека ми го пише во порака. Доста беше да ме ду*пи у мозок некој. Де овие ќе пуштале македонски, де телеком имале битрејт од 4 еб*ни мегабита и било се коцки... Ајт сиктер сите у пм, бел ден да не видите. Не знаеме и не знаеме една е*ана работа да спроведеме како што треба нит технички нит организационо нит ништо, само сакаме од колачот туѓ секад да сркнеме. Ако сакате спас, пишувајте масовно мејлови до Арена можда и ќе ги дозволат паралелно каналиве.

Ајде бе еве вака да речеме, во Србија у пик сезона, паралелно иде 1 ПЛ утакмица на Премиум 1, 1 ЛаЛига на Премиум 2, 1 Бундес на Премиум 3. Покрај тоа иде и Ф1 на Адреналин и некоја утакмица Македонска лига. И како што сфаќам македонскава лига сигурно ќе иде на некој канал од нашиве. Што ќе се дава кај нас? Имаш 4-5 преноси а 3 канали?
 
@y2k За ова зборував каде што велеше дека ќе биде иста програма, ама сепак не е :)
Каде јас кажав дека е иста програма? Пишав дека премиум каналите ќе бидат заменети на истото нивно место со други 3 МК
 
Ако успее да прошират екипa новинари за на уште канали можеби не знам и ќе го избришат тоа М од логото. Да си биде како што е на српската.

Според мене да најдобро е да е МК или MKD ама тоа да е практика на сите верзии пример на босанскиот BH, на хрватската HR, српскиот RS, на таа од словенија SI.
Автоматски споено мислење:



Туку Тони Стојановски на Arena Sport изјави дека се 10 новинари со све таа девојката и имало некоја нова екипа на обука. Дека во иднина се надева ќе растат што значи ширење на повеќе канали. За почеток е 3 канали.
Што значи не е реплика на АП српските оригиналните туку нашиве ќе си пуштаат што сакаат. Како што реков, НФЛ, јужноамериканциве и се тоа не верувам дека ќе се емитува повеќе кај нас освен на снимки на некои од А4П+ каналите.

Нит програма имаат јавно нит ништо. Што ќе се пушта што не only god knows.
 
Back
На врв Bottom