За кој ачивменти станува збор. Обично ако немаш ПС+ и неможеш да играш онлајн ништо од тоа премногу ачивменти се поврзани за онлајн игри, што јас искрено го мразам и морав заради тие работи морав да купам пакет пс + .
Плус заборавив да кажам оти фифа или FC ја направија за пари односно еден куп пари се трошат за тимот да ти биде подобар, тоа не се микро трансакции тоа се мега трансакции што само по себе те одвлекува од играње. Некој има тим купен за 100 дури и 200 евра од почеток , а јас на пример се убив од играње 300 па и 400 саати за да имам полош тим од неговиот , што стварно не е фер , не викам не ама би размислил да купам фифа пак. Тоа мултиплејер модот или онлајн се нервози големи , треба да собереш рандом играчи па да се пласирате во елитата ептен тешко оди. Многу имам за пишување ама доста е .
Ау друже, ми фрлаш сол на раниве ко Salt Bae.
Немав играно фудбал сигурно 7-8 години и ми се направи мисла, па си купив контролер.
А неодамна се претплатив на 25-ката. Месечно 5.99е, пошо не им давам 40 евра.
Поисплатливо ми е, секако ќе ја играм само 2-3 месеци.
Е арно ама се истуражирав квалитетно. Добар дел од клубовите не им се лиценцирани. А јас како интериста - мрак на очи.
Знаев дека има модови и симнав неколку, но и тука се издешаваа проблеми. Се пушта играта и се ок, нема крашови. Но откако ќе влезам во Менаџер и ќе креирам сезона ми крашира на вчитување.
Затоа мразам модирање. Отсекогаш сум мразел и никогаш не користам пошо знам дека ќе се нервирам.
10 програми во исто време... Една за модовите, друга за анти-читот (пошо ти ги исфрла модовите без неа), трета за паткава и упм нека иди.
Поарно ќе играм со Ломбардиа, нека се е. вг.
А искрено апла бев напален на контролерот, а сега и за фудбал не ме ложи.
Пробав да играм и уште неколку други игри со него



Ауу буразери свака вам част! Или апла е хендикеп во споредба со тастатура и маус (освен за фудбал), или па мене ми требаат 300 години да се навикнам.
Осеќам дека со палците трошам калории на аналог. Дотолку ми пречи тој ефорт при промена на движењата кој ги правиш, што мислам дека апла нема смисла да оставам маус и да играм на контролер.
Башка тоа осеќам и како да немам доволно копчиња и морам да правам комбинации.