Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Излезе новиот StarWars! Незапамтен hype!
Кој би рекол дека вака ќе биде...
 
Сакам да отворам нова тема ама не знам како да ја наречам. Бев во Universal Studios, и најдобрата работа во тие неколку часа поминати таму беше презентација на снимање сцена со аудио-визуелни ефекти. Влеговме во некаков хангар, каде најпрво ни се обрати Стивен Спилберг на видео екран. Потоа следеше сцената. Хангарот е импровизиранa просторија на пристаниште во кое има помали чамци. Ние сме практично на едната страна на East River, од другата страна се гледа Њујорк. Започнува невреме, силен дожд, грмотевици, водата почнува да навлегува, започнуваат да паѓаат делови од просторијата, започнува пожар, и на крајот голем брод влегува во просторија движејќи се кон нас гледачите, и застанува пред нас. Потоа невремето се смирува и се враќа во нормала. За време на сето ова, врз нас паѓа вода, а кога започнува пожарот просторијата нагло се затоплува и гледачот чувствува како тоа да е вистински пожар. Фантастични десеттина минути во секој случај.

Целото тоа искуство направи да гледам на сцените од поинаков агол и да ги ценам режисерите кои прават одлични секвенци. Како изгледа сцената или секвенцата на сцени, и како ние ќе ја доживееме, зависи од режисерот. Сакав да отворам една тема за најдобри филмски секвенци (не сцени, мислам дека има таква), кои во недостаток на македонски збор, создаваат immersive experience.

Ова е една таква секвенца, иако за жал филмот во целина беше лош филм:

 
Запоезнаен е некој со филмов? Огромен хајп и прв по популарност на имдб моментално, исто и оценкава му е прејака за хорор
Направен е со минимален буџет од некој анонимус шо снимал кратки филмови и јутуб скечови

Прегледај го приврзокот 478141
Добар филм. Ако можете да го фатите по кината го препорачувам.
 
Овде кажуе како све му се мртви вереници и девојки, жени по филмовите, како е опседнат со таа работа: https://www.culturesnob.net/2010/07/christopher-nolans-dead-women/

Овде кажуе како трета девојка го откачува за Грк, што објаснува многу нешта од погорната статија, истовремено објаснувајќи го кастингот на Одисеј:
711602965_975504891754950_7387082534574022103_n.jpg

Не знам дали е долново точно или е фејк, мада ми се чини точно.
 
згрешиле бе у пишување... :D


у секој случај горната статија кажува вистина, која љубителите на Нолан веќе ја имаат приметено
Запоезнаен е некој со филмов? Огромен хајп и прв по популарност на имдб моментално, исто и оценкава му е прејака за хорор
Направен е со минимален буџет од некој анонимус шо снимал кратки филмови и јутуб скечови

Прегледај го приврзокот 478141
Исто голем успех има и Backrooms кој имал 60+ милиони во иницијалниот викенд, што е за хорор поприлично.
 
Последно уредено:
На Нетфликс ја изгледав The Boroughs, научно-фантастична мини-серија, која имаше моменти кои наликуваа на X-files. Само насликана во покомфортен амбиент во кој е спакувана голема лага. Може да има некој спојлер, но ќе гледам да не ви ја расипам забавата!

Алфред Молина е еден од главните ликови, кој најдобро го знаеме (барем јас) од Спајдермен, доктор Октопус, кој е талкач, самотник, намќор, неговата сопруга неодамна умира, и по сплет на околности завршува во старскиот дом Бороуз (кој е и своевидна населба, не само класичен дом), каде налетува на скриената тајна на овој старски дом, а тоа е фонтаната на младоста.

Се мислам дека ќе има втора сезона, нема да биде мини-серија, со оглед на крајот, на посебна врска која може единствено да се објасни со евентуално продолжение.

Нема да ја оценам, дефинитивно не е за сечив вкус, и сеуште сметам дека шаблонот по 8 епизоди во сезона, или за мини-серија, некогаш е предолг, пренапорен, иако технички може да се игра со времетраењето на епизодата, па така да се амортизира во губењето квалитет и непотребното влечкање и раздолжување на приказната. Има убави пораки, во однос на губењето на љубовта, семејството и мечтаењето по вечниот живот, макар и по таа цена!

Една од последните сцени ми наликува седење на трон, онаа под дрвото, не знам од каде ми се појави оваа асоцијација. Дури и ја вратив и стопирав сцената, може да има некаква скриена порака во таа конотација.
 
Само Мел Гибсон го поштовам, тхе реалест нига ин Холивуд.
 
The Substance е добар филм.
The Substance

Да не откривам многу спојлери, филмот е чиста 10-ка. Камера 10-ка, Глума 10-ка, Приказна 10-ка, ова е мало ремек дело !!!
Толку сме желни за критика што све проаѓа? Мислам, високо оценувам и јас арт филмови со кртика и порака, жив пример би го зел Јоргос, а не дека имам проблем и со body horrors, убави девојки и крвави финалиња, баш скоро рејџав дека новиот Suspiria e потценет. Хорори ионака поштував само од 80тите, па не дека имав визуелно проблем со филмот. А веќе кога сме на тема аестетикс, како вчера да беше кога со @PloTwist си ги чепкавме во некоја тема за Margaret Qualley и зајачки усни, но филмот имаше доста кринџ моменти што престанав да ги бројам. Ако ова е ремек дело за 10ка, моја оцена тогаш е природно 1. Можеби толку долго сум го имал во вочлиста што парадоксално создало тоа некој хајп во мене, но да ги имаш сите намирници за торта и извадиш, иронично, ваква абоминација, 1) или имаш преголемо его како режисер и ти проаѓа над глава, или 2) не знаеш што правиш на прво место, но ти се посреќило бидејќи со распложливите намирници навистина изгледало како да не можеш да промашиш кај студиото и инвеститорите.

Jaс и ти секогаш бевме poles apart со оцени и вкусови, но почесто и почесто се среќаваме на иста страница. Башка што не си џубре, ко некои.
 
Jaс и ти секогаш бевме poles apart со оцени и вкусови, но почесто и почесто се среќаваме на иста страница. Башка што не си џубре, ко некои.
:cautious:
 
Вчера го гледав Ladies First на Netflix.
Комедија од 2026 со Sacha Baron Cohen (Ali G, Borat) и Rosamund Pike (Gone Girl).

Уште една Freaky Friday верзија, во која главниот лик е корпо CEO на Guinness и шовинист кој најмува жени само да пополнува квоти, ги третира како парче месо etc etc. По сплет на околности си ја удара главата во бандера! и се буди во свет каде жените владеат. Тиe го водат бизнис светот, претходно чистачката е сега СЕО, жените ги третират мажите како нивни слуги, си ги драпат и прдат додека мажите се депилираат и ставаат филери за да ги приметат на работа, Burger King e Burger Queen, Victors Secret, you get the gist. Како критика, може да го скокнете, но ако сакате жена ви да биде слушната тогаш е ок забава. Голема препорака за @Vanlok

 
Back
На врв Bottom