- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.782
- Поени од реакции
- 124.962
Нема врска хејтот, Шаи си е талентиран играч и дефинитивно еден од најдобрите во лигата, али и он, а и цела екипа на ОКС сами си го создадоа наративот на флопери и читери. Мене ко фан на Лејкерс, кога веќе испаднаа они, апсолутно небитно ми е кој ќе освои кога и Бостон е во аут (нив ги мразам многу), ама колку и да сакам да се поставам ко неутралец не можам да ја гледам онаа лакрдија на терен, флопање, судење во нивна полза, а од друга страна на нив им дозволуваат силеџиска кошарка. Ете тхе Х погоре постирал видео од Коби и Мело, патем и мене истото ми излезе вчера на инстаграм, е тоа е права војна, ги пушташ двете страни да играат машка кошарка и уживаш во гледањето. Вака, со едносмерно судење се навлекува само хејт према ОКС и ништо повеќе.
Петтата утакмица иако ја добија лесно ОКС пак имаше глупости, оди Вемби на пролаз, му ја избиваат, мава топката од ногата на тој од ОКС и судииве судат топка за ОКС. Ај тоа на страна, ама не им дозволија челенџ да бараат и после тоа техничка изеде тренерот на Спарс ако не се лажам. Мислам, во ред е, има милион начини да се гура некоја екипа или играч, не мора вака очигледно и срамно да биде тоа.
Капа доле за Спарси што ја однесоа серијата во 7 утакмици, ќе биде пеколно тешко да добијат ама нека има борба.