- Член од
- 9 јануари 2021
- Мислења
- 1.237
- Поени од реакции
- 1.364
Кај MTEL се катастрофа пакетите, 50GB и 100GB limit, после немаш интернет, а сателитската е поскапена оти се сега монопол во сателитската телевизија (Total TV се продаде на МТЕЛ и сега МТЕЛ само работат со сателитска телевизија во Македонија), буквално прескапи се за дома со пакетите за интернет, види им ги на сајтот пакетите и само преку 4G изнајмена мрежа на А1 се. На А1 е подобро, имаш интернет после лимит со намалена брзина.Да и тоа имам забележано за коаксијалец, А1 дигиталните рисивери добиваат стримови преку лан кабел, барем кај мене дома, сликата не е баш најдобра и кога мењам канал околу 2-3 сек го менува. Некои ставаат и CI картици наместо рисивери.
А сега нели Тотал ТВ е со Мтел заедно, имаат ли понуда кај тебе? Ма да они мобилната мрежа и интернетот им е на телеком мислам, а и слаба им е понудата.
Пак на крајот ќе испадни или безжичен интернет или преку Телеком VDSL со изнајмена линија да се пробам за исти пари, ако дај господ, да земам и да имам неограничен интернет со поголема брзина. Тие се опциите во населените места и зависи кај се наоѓаш, некаде е ептен лош интернетот заради инфраструктура и таму единствено решение е да се однеси оптички кабел и после да се прошири оптика само.
Кај Кабелнет дефинитивно победува телевизијата, најквалитетна слика имаат до сега кај што имам видено и интернетот при оптеретуваат им е 15/3 Mbps при поврзани повеќе уреди, така да и Кабелнет ми останува како некоја опција, ама здравје боже прво, каков таков интернет нека е не ми е толку битно, битно е да имаме мрежа од А1/Телеком сегде, се надевам дека ќе прошират оти на некои планински превои немаат мобилна мрежа.