Каков монитор користите?

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Дечки дај пишете кај има добро монитори и со добра цена..Редно е стариов да го сменам иако и од него сум презадоволен..
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Да си се пофалам, се подновив со BenQ G2222HDL. Доста солиден монитор за парите кои ги дадов (7.500 денари). Е сега, пошто со мониторот ми дојде само VGA кабел, без ништо дополнително за DVI (иако подржува DVI), дали треба да купам само конвертори за да добијам DVI сигнал (т.е. 75 Hz refresh rate при 1080p), дали цел кабел, или во никој случај нема да можам да добијам 75 Hz refresh rate.
Исто така ми треба и некој софтвер за калибрација, пошто на review-ата читам дека баш и не е најдобро калибриран мониторов.

Please reply.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ти треба DVI кабел, неможеш со адаптер. И 75hz нема никогаш да добиеш, мада не е воопшто битно бидејќи тој сетинг стои во Windows заради компатибилност, LCD екраните не работат на ист начин како CRT екраните.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Ти треба DVI кабел, неможеш со адаптер. И 75hz нема никогаш да добиеш, мада не е воопшто битно бидејќи тој сетинг стои во Windows заради компатибилност, LCD екраните не работат на ист начин како CRT екраните.
Значи уствари исто би ми било дали работам на 60 или на 75 херци?
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Да си се пофалам, се подновив со BenQ G2222HDL. Доста солиден монитор за парите кои ги дадов (7.500 денари). Е сега, пошто со мониторот ми дојде само VGA кабел, без ништо дополнително за DVI (иако подржува DVI), дали треба да купам само конвертори за да добијам DVI сигнал (т.е. 75 Hz refresh rate при 1080p), дали цел кабел, или во никој случај нема да можам да добијам 75 Hz refresh rate.
Исто така ми треба и некој софтвер за калибрација, пошто на review-ата читам дека баш и не е најдобро калибриран мониторов.

Please reply.
Мислам дека би требало да имаш VGA и DVI кабел со мониторот, баш ќе проверам денес што иде со мониторов.


Општо за LCD мониториве ме нервира што 22'' фактички е 21.5'' 19'' e 18.5'' 24'' e 23.5''.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Мислам дека би требало да имаш VGA и DVI кабел со мониторот, баш ќе проверам денес што иде со мониторов.


Општо за LCD мониториве ме нервира што 22'' фактички е 21.5'' 19'' e 18.5'' 24'' e 23.5''.
Мислиш кај 16:9 мониторите.


Значи уствари исто би ми било дали работам на 60 или на 75 херци?
Еден од ретките монитори кои сум ги начекал да работат (вистински на поголема) херцажа од 60 е следниов,

Dell 2209WA.

Твојот модел чисто сумљам дека подржува 75хц. Друго, софтвер за калибрација е од 100 евра па нагоре, не се замарај со истиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom