Lidl маркети и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за отварање на Lidl маркети во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    303
Не не, после 6те месеци во Велико Трново, те враќаат ти даваат една полица за дома за вежбање и шљакај до нареден април да не изгубиш кондиција.
Удрија на огласи за ниските позиции а тие ниту ке идат во велико трново на обука нит ке чекаат година дена за да почнат со работа во земјава
 
Дали мислиш дека Лидл се отвара во Македонија пред мај 2027ма?
 
Има огласи за асистент на продажба во Гевгелија, а пред една недела беа подигнати само столбови, не е ни изграден објектот. :D
 
Да, гуглај и ке видиш дека штом се пуштат огласи за обични рмбачи дека најчесто отвараат од 3-5 месеци
Не вработуваат додека не профункционира дистрибутивниот центар и додека не изградат функционални маркети а тој предуслов е исполнет така да…
 
Има огласи за асистент на продажба во Гевгелија, а пред една недела беа подигнати само столбови, не е ни изграден објектот. :D
Ако се отвараат маркетиве во 2026 година јас мислам дека можеби за тие од Гевгелија ќе ги распределат во други градови додека не се изгради маркетот а ако се отвораат во 2027 година можеби годинава ќе запнат да го изградат маркетот.

Не верувам дека туку така само се објавуваат огласи за продажба а не се ни спремни целосно.
 
Последно уредено:

Зашто не веруваш, па тоа го прават веќе 5 години :D
Ќе го препратат асистентот во други градови, ако не е и таму готово, во Бугарија на обучување.
 
Ако се отвараат маркетиве во 2026 година јас мислам дека можеби за тие од Гевгелија ќе ги распределат во други градови додека не се изгради маркетот а ако се отвораат во 2027 година можеби годинава ќе запнат да го изградат маркетот.

Не верувам дека туку така само се објавуваат огласи за продажба а не се ни спремни целосно.
Они можат да изградат и отворат кога сакаат но се им паѓа во вода ако не најдат работници за тие плати што ги нудат а како што тргнала работата ќе биде ДОМАШЕН ЕСАП НА ПАЗАР НЕ ОДИ.
 
Ќе ги испеглаат платите колку што треба.
 
Де бре луѓе уште не почнати маркетите да работаат вие го прогласивте Лидл за умрено :icon_lol:
 
Јас мислам дека Лидл кога и да отвори ќе згази. За мене нема дилема тука. Она што го збориме тука е дека секое пролонгирање е проблем за вработените тука дека мора подолго да престојуваат надвор или да патуваат на одреден период.
 
Пак никој не одговори на главното прашање.....
Зошто од сега вработуваат касиери, магационери и редачи на роба кога физички маркетите се далеку од готови а не планираат да ги праќаат во странство на "obuka" ?
 
Објектите на Лидл до кај што имам видено и влезено во истите, се некакви монтажни модуларни панел-системи аплицирани на столбовите. Така што каде наместиле столбови, апсолутно е реално да завршат со објектот и почнат со работа за неколку месеци (пример 3-6 месеци зависи од големината на објектот).
 
Има огласи за асистент на продажба во Гевгелија, а пред една недела беа подигнати само столбови, не е ни изграден објектот. :D
Објектот за малс два месеци ке биде готов штом е во таа фаза
Пак никој не одговори на главното прашање.....
Зошто од сега вработуваат касиери, магационери и редачи на роба кога физички маркетите се далеку од готови а не планираат да ги праќаат во странство на "obuka" ?
Како мислиш далеку од готови кога во повеќето градови им се поодамна целосно завршени, во Битола мислам два имаат готови уште пред година дена
 
Во Тетово е одамна готов и кога и да поминам натаму навечер осветлено е внатре, се приметува кај стаклениот дел вратата. Дали некој внатре навечер нешто работи во објектот стварно не знам. Не знам дали внатре е се комплетно средено тоалети, соблекувални и други простории што и да треба а тоа никој не може и да знае ако не е вработен како градежен работник што работи во објектот.

Уште нема ставено лого ама битно од надвор се гледа е целосно све готово.
 
Back
На врв Bottom