Периодов Жданец во Козле е hell on earth под црквичката. Исто и делот на кеј карши Систина во тревата што е кај паркингот на Борис. Огромни чопори по 20 кучиња групирани напаѓаат се живо и диво, од коли, велосипедисти, тротинеташи, пешаци, мајки со колички, луѓе со мали деца. Општина Карпош ме лаже дека ги тргнала кучињата, истите уште стојат, единствено дојдоа да прават нешто кога имаше пријава за волк. Град Скопје исто го игнорира проблемот, повеќе му се исплати да дава оштета на каснати од кучиња и да губи на суд, отколку да го реши проблемот. Полошо не било никогаш, порано на работа и во друштво се правеа муабети кој каде ќе оди да шета, сега главен муабет е кој бил каснат и нападнат од куче.