(^) И општината, и градот Скопје, и општините во градот Скопје, и јавното комунално претпријатие, а онаму каде нема, субјектот кој има делегирани овластувања, имаат надлежности по, ова прашање. Но законот вели ако не се двоумат, по третманот, да се вратат во реонот од каде биле заловени. И така и се прави. За оние кои извршиле напад над човек или други животни, си има посебен законски протокол (известување до Агенцијата за храна и ветеринарство, карантин, надвор, тест за социјализација...), ако го повторило нападот, овластен инспектор, по карантинот, си носи решение за евтаназија.
Дали знаете колку кучиња од Македонија се носат во странство во период од една година? Стотици, ако не и илјадници. Дел од овие се улични. Резултатот на терен стагнира. Башка тоа што ги кастрира/стелизираш, по логика на нештата треба да имаш помалку, а не исто или повеќе кучиња. Така? Башка оние кои ги двомиваат граѓани и ги згрижуваат активисти.
Земи буре со вода, направи дупка, а стави и црево кое ќе го полни бурето со вода. На крајот на денот во бурето пак ќе имаш вода. За ова претходно разговаравме.
Мора да има систем на контроли, едноставно мора да има. Дали ќе биде посебна единица на Мвр, дали ќе бидат комунални редари, дали ќе бидат инспектори (не само ветеринарни, кои се дефицитарни), нека одлучат и стават во новиот закон. Без контрола, како елементарна мерка за воспоставување на системот за казни, нема да има резултати на терен.
Исто како ѓубрето кое магично се појавува во парковите и реките, така и кучињата магично се појавуваат на улиците. Генералниот виновник се знае, и се додека не поминува низ филтерот на контроли, додека не добива казни, ќе си се тера по старо. Проблемот ќе се пролонгира, ќе се плаќаат оштети, а со тоа ќе се оштетува и локалниот буџет.
