Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 45: @Menethil - Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.)

Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.


  • Вкупно гласачи
    17
Измешавте тотално баби и жаби, го сфаќам јас Гостин што сака да каже и до негде му држи вода мислењето затоа што мора да гледаме од призма на нашата држава, а не општо. Ние немаме ни асални болници, ни патишта, ни училишта, па од тука и му е мислењето дека подобро таму да вложат пари него да ги дадат на МЗТ Скопје во кошарка и тие да ги поделат парите за плата на рандом сомнителни црнци кои го користат МЗТ како skip клуб за напредување во својата кариера.

Јас лично сметам дека треба државата да вложи и во спортот, поточно во поддршка на инфраструктурата, што за реобнова, што за изградба на нови капацитети кои како што кажав подоцна ќе генерираат приходи во општините каде што се лоцирани и со тоа ќе помогнат за функционирање на истите. Тие средства може да се користат за обнова на школите, на градинките, болниците, патиштата итн итн, што само по себе е добар и функционален процес. Е сеа, пак ќе кажам, кај нас за жал тие работи не одат така, пола пари се крадат, пола пари не се ни знае каде одат, нема реобнова, нема изградба на нови објекти и се така во круг.

Околу директното финансирање во клубовите/индивидуалците, голем проблем е што тимските спортови кои се најпопуларни, а тоа се фудбалот и кошарката, се неатрактивни за инвеститорите во Македонија. Што има ќар еден приватњак да инвестира на пример во ФК Вардар? Прво, клубот има долгови, второ, лигата има 0 гледаност, парите од ТВ права речиси и да не постојат, во Европа сме катастрофа, а рачунајте дека ако сакаш да земеш солидни играчи треба и да ги платиш, а како ќе ги платиш ако не генерираш приходи од нигде? Никој не е будала своите пари да ги дава во некој клуб и да работи со загуба. Затоа некогаш гледаме финансиски инјекции од општините, како на пример град Скопје кога му помогна на Вардар пред 2-3 години. Тука државата треба да настапи со долгорочна стратегија, прво да се реновира постоечката инфраструктура, таму каде што треба да се догради, а потоа да се почне со сериозно инвестирање во младинските школи затоа што кога лигата не ни е атрактивна и не можеме да платиме квалитетни странци тогаш подобро да произведеме некои таленти кои можат да прераснат во јаки играчи и да ги однесат нашите клубови до европските натпреварувања. Се останато е само краткорочно, со повремени блесоци и неквалитетно.

Исто за пример ќе го земам мојот комрад Дарио атлетичарот, детето стана врвен атлетичар трчајќи низ Миладиновци и Ајватовци по нивите и ридот, кога му беше најтешко ниту еден спонзор не сакаше да му помогне, а сега кога веќе постигна одреден левел му се лепат како лешинари. Да бев на негово место со кур ќе ги попарев сите, ама ајде небитно, муабетот ми е дека таквите таленти како Дарио треба уште во рана фаза да се финансираат, малце ли јаки приватни фирми имаме? Што е за Пивара да финансира еден атлетичар? Што е за ИГМ да финансира? Алкалоид? И да не набројувам понатаму, срамота е.
 
10% има Србија данок на приход. Шпанија 45% и пак Надал и Алкараз таму плаќаат. Монако има 0%.
Цеца плаќа данок во Србија ама кој ја есапи. Тоа што надал и алкараз се го имале во шпанија пред да станат тоа што се, ѓоковиќ у србија само го е сонувал.
 
Искрено мислам дека државата не треба да троши многу пари на професионален спорт.Според мене, државата повеќе треба да вложува во деца, спортски школи и услови за тренинг, за да се создаваат таленти, а не во готови клубови и играчи. Проблемот кај нас е што често се даваат пари „за име“ или политика, а не за вистински резултати. Затоа и не се гледа некој голем напредок.
 
Добра тема отвори @Гостин. Сум бил и натаму и наваму по ова прашање, и се уште немам заземено цврст став по истото.

Проблемот се влечка од времето на социјализмот, кога државата финансираше спорт, општините финансираа фудбалски, ракометни, пингпонгарски и секакви други клубови. Луѓето се навикнаа дека државата е таа која што треба да го финансира спортот, и години после крајот на социјализмот се уште клубовите функционираа од државни / градски пари. Тоа беше и друго време на сепак аматерски спорт, на фудбалерите во градските клубови им беа давани работни места како поштар, комуналец, итн... одеа на работа, тренираа попладне и играа фудбал во недела (подобро од ова што го играат денешниве професионални фудбалери кај нас, ама тоа е друга тема). Општините обезбедуваа превоз за гостувања, плаќаа сметки, теренот беше на градот итн.

Времињата се променија, за спорт сега се потребни многу повеќе пари. Во фудбалот денес сите се професионалци, во смисла дека тоа им е единствена работа и се обидуваат да живеат од тоа. За ватерполо и пливање треба базен кој чини многу пари, за кајакарство, еден кајак за натпреварување денес чини 5-10к долари, за тенис треба тројца роднини да си ги продадат бубрезите на црн маркет итн итн... Општините веќе не можат да и го дозволат ова и затоа сите општински клубови пропаднаа насекаде по државава и денес во главно гледаме некои други клубови кои се поврзани или со приватни спонзори или со луѓе кои се блиски до партии кои се на власт па од некаде влечат пари.

Се е привремено, за брзо време им секнува поддршката и пак пропаѓаат или се мачат. Единствен начин на кој функционира професионалниот спорт е приватна сопственост и гледаност која влече спонзори. Се друго за жал е утопија. Кога бев мал и одев да ги гледам локалните фудбалски и ракоменти клубови, замислував како 20 години подоцна трибините ќе се доизградат, салата ќе се поправи, ќе има уште повеќе публика... дека ќе имаме спортски првенства полни со гледачи, локалните ривалства ќе бидат уште подобри... бидејќи бев мал. Денес, стадионот е запуштен, салата пропаѓа, клубовите се во низок ранг и фунционираат аматерски. Останаа само сеќавањата на старите добри денови кога цел град одеше на натпревар и кога имавме репрезентативци кои подоцна стануваа интернационалци.... се пропадна.

И да дојдам до некаква поента конечно: за мене најголема причина за пропаѓањето на спортот е уништувањето на базата. Пропаѓањето на општинските клубови кои имаа и по 40-50 години традиција и кои вадеа добри спортисти. А ова се случи затоа што после распадот на Југославија, нашата држава и останатите кои беа дел од старата држава беа прописно покрадени и турнати на дното на Европа. Други поранешни социјалистички држави како Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, не дозволија тотален распад на нивните општества. Кај нас, бизнис олигархијата покраде се што имаше да се краде, и од такви луѓе не можеш да очекуваш да изградат општествено одговорни компании кои ќе помагаат спорт, затоа што тие имаат друга визија, полни стомаци и имот за нив и нивните поколенија. Ништо надвор од тоа не ги интересира.

Bottom line, клубовите треба да се финансираат од спонзори. Оние кои не можат да се финансираат од спонзори неминовно ќе згаснат, како што згаснаа. Државата и да сака не може на долг рок, а и како државата да земе да финансира еден клуб наспроти други? Државата може да вложи нешто во инфраструктура, но не во приватни клубови. Државата може да организира или да биде домаќин на меѓународни натпреварувања, кои носат странци од цел свет, што е добро за промоција на државата, туризмот итн... има места каде што државата може да помогне затоа што има бенефит од истото, затоа што фирмите на местото каде што се организира настанот имаат бенефит од гостите итн...

Секако, има и некаква минимална помош што државата ја распределува по федерации и не сум против тоа, но проблемот е што се менуваат критериумите како ќе им текне, пак повеќе пари добиваат федерации кои имаат подобни луѓе, ние никако не можеме да ја одвоиме политиката од спортот, за жал тоа е системот во кој живееме.
 
Европа инвестира во третокласни црнци, тоа е тренд!

Изгледа трендов е доста присутен и кај нас, прееска баш на вести гледам прилог за полуфинале во кошарка Македонски куп. Факинг тимови како Тафталиџе против Маџари потпишале еден куп чамуги, наше младо дете ни за лек нема да видиш
Автоматски споено мислење:

Имаш многу спортисти неблагодарници. Лапаат пари додека се неетаблирани од државата после ко Џоковиќ жители на Монако. Па ќе ти тера правда уште за некои блокадери, а еден денар не и дал на Србија.

Како лапал Џокович пари од државата ? Така што татко му се задолжувал кај лихвари за да може Новак да тренира ?
 
Имаш многу спортисти неблагодарници. Лапаат пари додека се неетаблирани од државата после ко Џоковиќ жители на Монако. Па ќе ти тера правда уште за некои блокадери, а еден денар не и дал на Србија.
Џоковиќ колку што има донирано пари во Србија Вучиќ влакна на главата нема толку. Човекот крв има плукнато за да е тоа што е денес, неговите родители морале да се задолжуваат сами затоа што не добиле помош од државата, на крајот стана најдобар тенисер и освои олимписко злато со Србија, секогаш претставувајќи ја државата со гордост.
Еден куп пати се има откажувано од приходите од турнирот и ги донирал таму каде што е најпотребно, во болници, поплавите кога беа и ред други работи, човекот и фондација има за хуманитарни цели ти викаш не дал еден денар, дај одјави се на некое време, доволно се избрука тука
Автоматски споено мислење:

И читајќи ги коментарите не е ни чудо зошто сме во секој спорт последни. Подобро е да дремат децата на телефони и да играат видео игри по цел ден, затоа секое дете изгледа како закржлавено и е со прекумерена тежина. Нека отвораат казина и кладилници, шо ќе ти се спортски сали, затворени базени и триста чуда.

Секаде во светот се вложува во спортска инфраструктура, на секој чекор спортски терени, секаков вид на спорт, од проодување ги носат по тренинзи ама не ние паметни сме
 
Последно уредено:
Џоковиќ колку што има донирано пари во Србија Вучиќ влакна на главата нема толку. Човекот крв има плукнато за да е тоа што е денес, неговите родители морале да се задолжуваат сами затоа што не добиле помош од државата, на крајот стана најдобар тенисер и освои олимписко злато со Србија, секогаш претставувајќи ја државата со гордост.
Еден куп пати се има откажувано од приходите од турнирот и ги донирал таму каде што е најпотребно, во болници, поплавите кога беа и ред други работи, човекот и фондација има за хуманитарни цели ти викаш не дал еден денар, дај одјави се на некое време, доволно се избрука тука
Автоматски споено мислење:

И читајќи ги коментарите не е ни чудо зошто сме во секој спорт последни. Подобро е да дремат децата на телефони и да играат видео игри по цел ден, затоа секое дете изгледа како закржлавено и е со прекумерена тежина. Нека отвораат казина и кладилници, шо ќе ти се спортски сали, затворени базени и триста чуда.

Секаде во светот се вложува во спортска инфраструктура, на секој чекор спортски терени, секаков вид на спорт, од проодување ги носат по тренинзи ама не ние паметни сме
Го прочита ли првото мислење? Ве замилив не ја носете темата натаму. Едно е спорт како рекреација друго е професионален спорт. Затоа и стои во насловот професионален спорт. Еве во овој дел од воведното мислење го напишав тоа и тоа со болдови со сите салтанати ми беше:

Според мене државата не треба ич да инвестира во ПРОФЕСИОНАЛЕН спорт. Потенцирам професионален бидејќи сметам дека е добро да се има игралишта каде луѓето ќе се рекреираат со спортски активности, но тоа е сосема друга тема на која нема да разговараме и ве молам не ја носете темата дека спортот е добар за телесен развој, седења пред екрани и други вакви делумно поврзани работи. Тука зборуваме за инвестиции на државата од милиони евра во нешто што е општествено непотребно како професионален спорт т.е луксуз. Нема што моите пари од даноци да одат на спортски клубови, големи стадиони итн

Уште нешто, ти и @Aceso ми зборите за казина. Каде јас реков казина да финансираме со државни пари? Исто е ко мажот кога ќе сака Ферари од 100к евра, а едвај сврзувате крај со крај, да му речете „не“ а он да одогвори во стил „Аа кола е превозно средство, ќе го купам Ферарито, подобро ли е да се коцкам и дрогирам“. Е тоа е таа логика.
 
Го прочита ли првото мислење? Ве замилив не ја носете темата натаму. Едно е спорт како рекреација друго е професионален спорт. Затоа и стои во насловот професионален спорт. Еве во овој дел од воведното мислење го напишав тоа и тоа со болдови со сите салтанати ми беше:



Уште нешто, ти и @Aceso ми зборите за казина. Каде јас реков казина да финансираме со државни пари? Исто е ко мажот кога ќе сака Ферари од 100к евра, а едвај сврзувате крај со крај, да му речете „не“ а он да одогвори во стил „Аа кола е превозно средство, ќе го купам Ферарито, подобро ли е да се коцкам и дрогирам“. Е тоа е таа логика.
Па зошто воопшто да се инвестира во рекреативни спортови ако целта не е тие деца еден ден да прераснат во професионални и идни шампиони во некој спорт.
Не гледам проблем да инвестира државата во тоа, подобро таму отколку парите наши да се трошат на швалерките на функционерите во Дубаи.
 
Никој гледам не спомена, дека покрај тоа што парите за плати одат на играчи кои цела кариера се врткаат во нашиве лиги (освен ракометот каде има резултати), сомнителни странци итн. завршуваат во џебот и на тие кои се во управата. Во многу клубови на чело на клубовите се општински или лешинари од доба на Тито кои цицаат пари од буџетот на клубот и така го оштетуваат истиот, нели?

Целта на спортот е да ја репрезентира државата, а за жал освен ракометните клубови и искра од Тетово оваа година што успеа да направи нешто во Европа, никој друг нема направено. Ај фудбалските клубови, ама мзт со години е шампион на Македонија и освен играње аба2, ништо нема направено.

И околу вложување во инфраструктурата ми е дискутабилно. Имате пример со кумановската спортска сала каде со години се реновираше, за на крај се да испадне фушерски, а толку многу пари да отидат и уште мал милион примери каде се перат пари преку инфраструктурата, а како што напишав и горе преку спортот.

Секако сум попрво да се вложат во градење/реновирање на болници, училишта, патишта, ама во општество во какво се живее и таму се краде. Но подобро таму да одат општински/државни пари, отколку кај некој моќник во џеп...
 
Малку ќе го проширам муабетов..
За една држава пред се треба:
-јако здравство
-добро образование
... три празни места, па се останато!

Тука е и спортот. Далеку од тоа државата дека не треба да финансира, ама на листа на приоритети е далеку зад првиве две!

И она што @Partizanen banditen го спомна.. разни федерации и лешинари цицаат и крадат цел живот, а спортисти и клубови кои на прсти се бројат што стварно заслужуваат поддршка...
 
Па зошто воопшто да се инвестира во рекреативни спортови ако целта не е тие деца еден ден да прераснат во професионални и идни шампиони во некој спорт.
Не гледам проблем да инвестира државата во тоа, подобро таму отколку парите наши да се трошат на швалерките на функционерите во Дубаи.
Пак со иста "логика" идеш... Нели е подобро да се инвестира во наука, во здравство, во инфраструктурата, во економски проекти?

Те молам прочитај ми ги мислењата, ме тераш да се повторувам. Прочитај и @Justae Verum што пишуваше, он ме разбра и генерално слично размислуваме на темава.
 
Ne znam. Najracionalno e da se podobri ekonomskiot del na edna drzava, zosto obicno uspesni biznisi I biznismeni kupuvaat ili sponzoriraat sportski klubovi, ama kaj nas kako opstestvo uste ne drma mindsetot drzavata da mi/ni napravi, ne znam dali I crowdfunding bi uspealo.
Ne znam dali bi bilo dobro resenie dodusa ne znam kako e sega, prihodite od sport da ne se danochat.

I primetuvam kako sportskite tereni na temava se gledaat kako pomal prioritet od obrazovanie I zdravstvo, koga vsusnost sportskite tereni se vo sklop na dvete sferi.
Ne moze skolo bez sport I ne moze da si zdrav bez sport.
 
Последно уредено:
Државата вложува во инфраструктура, и тоа би требало да е минимално, на пример државата го дава местото и не ја даночи компанијата што ќе го изгради, а фондовите за градба на големи стадиони треба да си дојдат од тимови и спонзори.

Што би и недостигало на Тоше Проески Арена ако се преименува во „T-Mobile Арена“? Со средствата од таков договор за брендирање, стадионот може да се одржува без товар за граѓаните. Дури и сума од 2–3 милиони годишно, со минимален договор од 5–10 години, би обезбедила стабилност и би избегнала потреба од чести ребрендирања.

Потребно е системско вложување во сите сегменти на медицината, не во хоби.
Прилично сигурен сум дека Арената ќе биде преименувана за одредена сума. Најверојатно фирмите не гледаат ќар од тоа.
Автоматски споено мислење:

Брат, ама мене не ми е поентата фудбал против карате, прочитај ми го цел пост. Не знам зашто не ме сфаќате. Идеата дури и ми дојде и од тоа инвестиции сакаат милиони за големи стадиони, пример немал Х град стадион како градски, државата требало да инвестира. Они за операција од кила ги праќаат во Скопје, стадион требало државата да гради, глупости. Абе имаш кај да тренираш, доста ти е, дури и многу, клубот нека инвестира ако сака огромни трибини, ако не дури треба и да плаќа на градски да игра. Нема што државни пари да идат таму. Еден стадион има за репрезентацијата и тоа е, треба да се наплаќа за користење, дали паушал, дали процент од карти. Само-одржлив да биде.

Пандан на тоа е дека државата треба тренинг, а и пат и престој на Ојле Дојле во Холандии, Германии. Он таму може иде да ебе курви и го заболе за натпреварот. Освоил злато на турнир во индиско таеквондо, а ебаната сала на турнирот празна, никој не го гледа тоа. Не е ни промоција ко што викаш, апсолутно ништо. Битно пратил до медиуми и сите објавиле, па жалопојки не инвестира државата. Во странски медиуми не го ни има турнирот.

Пеливанот нека си инвестира сам, ако сака да стане ММА борец. Патем ММА е популарен спорт, луѓе на улица знаат шампиони, не е тип на спортче какво што зборев. Нека си најде спонзор ако го бива. Друг пример, немало на зимска олимпијада медал, голема работа, нема што државата да финансира, со сила да прави скијачи.

Спортот си е споредна работа, не е на државата да се грижи за него. Државата треба да обезбеди болници, училишта, патишта, услови за економски развој. Тие милиони место да ги фрла за спорт, ја би ги инвестирал во наука, на пример.
Точно тоа што си го напишал, дека како држава многу ја тупиме дали некој освоил медал во сноуборд или теквондо и дека вложуваме јаки пари во антиталенти. Но спортот има и друга улога, покрај промоцијата на државата. Неколку пример еве.

- Успешен спортист создава спортска култура во државата - иако 99,9 посто од младите се антиталенти со 0 шанси за професионален успех, голем дел ќе се мотивираат да почнат да водат спортски живот на млади години кога е побитно, а не на 35+ кога ќе станат програмери.
- Успехот во спортот го јакне националниот мит на државата, кој е исто така долгорочно битна работа за општеството. После ќе се чудиме зашто Македонец со 1/16 тина српско потекло од Македонија се смета за Србин.

Сите држави инвестираат грдни пари во спортот, така да очигледно гледаат бенефит. И они имаат болници и патишта за поправање. Друг муабет е што сме утепани финансиски и не можеме да ги пратиме, па и тие пари што ги даваме се залудни.

И за ова да додадам, некој пишал државата да вложи само во терени, а не клубови. Не функционира така, не е ова 1900та. Спортот е станат прекомплексен, не е више земи топка и трчај. Си бара клубови, тренери, пренос на знаење, скаутање од мала возраст кој за што е и тн.
 
Последно уредено:
Малку ќе го проширам муабетов..
За една држава пред се треба:
-јако здравство
-добро образование
... три празни места, па се останато!
Greska si.
Prvo treba da ima zdravo sudstvo pa nekolku prazni mesta, pa posle so sakas tamu.
 
Greska si.
Prvo treba da ima zdravo sudstvo pa nekolku prazni mesta, pa posle so sakas tamu.
не см грешка владе..
судската, извршната и законодавната власт се посебни нешта..
И да! Се подразбира квалитет ка овие за да има и здравство и образование..
 
Back
На врв Bottom