- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.738
- Поени од реакции
- 124.788
Измешавте тотално баби и жаби, го сфаќам јас Гостин што сака да каже и до негде му држи вода мислењето затоа што мора да гледаме од призма на нашата држава, а не општо. Ние немаме ни асални болници, ни патишта, ни училишта, па од тука и му е мислењето дека подобро таму да вложат пари него да ги дадат на МЗТ Скопје во кошарка и тие да ги поделат парите за плата на рандом сомнителни црнци кои го користат МЗТ како skip клуб за напредување во својата кариера.
Јас лично сметам дека треба државата да вложи и во спортот, поточно во поддршка на инфраструктурата, што за реобнова, што за изградба на нови капацитети кои како што кажав подоцна ќе генерираат приходи во општините каде што се лоцирани и со тоа ќе помогнат за функционирање на истите. Тие средства може да се користат за обнова на школите, на градинките, болниците, патиштата итн итн, што само по себе е добар и функционален процес. Е сеа, пак ќе кажам, кај нас за жал тие работи не одат така, пола пари се крадат, пола пари не се ни знае каде одат, нема реобнова, нема изградба на нови објекти и се така во круг.
Околу директното финансирање во клубовите/индивидуалците, голем проблем е што тимските спортови кои се најпопуларни, а тоа се фудбалот и кошарката, се неатрактивни за инвеститорите во Македонија. Што има ќар еден приватњак да инвестира на пример во ФК Вардар? Прво, клубот има долгови, второ, лигата има 0 гледаност, парите од ТВ права речиси и да не постојат, во Европа сме катастрофа, а рачунајте дека ако сакаш да земеш солидни играчи треба и да ги платиш, а како ќе ги платиш ако не генерираш приходи од нигде? Никој не е будала своите пари да ги дава во некој клуб и да работи со загуба. Затоа некогаш гледаме финансиски инјекции од општините, како на пример град Скопје кога му помогна на Вардар пред 2-3 години. Тука државата треба да настапи со долгорочна стратегија, прво да се реновира постоечката инфраструктура, таму каде што треба да се догради, а потоа да се почне со сериозно инвестирање во младинските школи затоа што кога лигата не ни е атрактивна и не можеме да платиме квалитетни странци тогаш подобро да произведеме некои таленти кои можат да прераснат во јаки играчи и да ги однесат нашите клубови до европските натпреварувања. Се останато е само краткорочно, со повремени блесоци и неквалитетно.
Исто за пример ќе го земам мојот комрад Дарио атлетичарот, детето стана врвен атлетичар трчајќи низ Миладиновци и Ајватовци по нивите и ридот, кога му беше најтешко ниту еден спонзор не сакаше да му помогне, а сега кога веќе постигна одреден левел му се лепат како лешинари. Да бев на негово место со кур ќе ги попарев сите, ама ајде небитно, муабетот ми е дека таквите таленти како Дарио треба уште во рана фаза да се финансираат, малце ли јаки приватни фирми имаме? Што е за Пивара да финансира еден атлетичар? Што е за ИГМ да финансира? Алкалоид? И да не набројувам понатаму, срамота е.