Претпоставката е дека споротот е добра и релативно ефтина промоција за една држава и имиџот нејзин, секако, ако добро се одигра таа приказна. Тоа е логиката позади инвестирањето и поддршката.
Ние во моментов, повеќе шанси имаме да од пеливан од Студеничани направиме УФЦ борец , отколку нов Пандев да ни падне од небо.
Брат, ама мене не ми е поентата фудбал против карате, прочитај ми го цел пост. Не знам зашто не ме сфаќате. Идеата дури и ми дојде и од тоа инвестиции сакаат милиони за големи стадиони, пример немал Х град стадион како градски, државата требало да инвестира. Они за операција од кила ги праќаат во Скопје, стадион требало државата да гради, глупости. Абе имаш кај да тренираш, доста ти е, дури и многу, клубот нека инвестира ако сака огромни трибини, ако не дури треба и да плаќа на градски да игра. Нема што државни пари да идат таму. Еден стадион има за репрезентацијата и тоа е, треба да се наплаќа за користење, дали паушал, дали процент од карти. Само-одржлив да биде.
Пандан на тоа е дека државата треба тренинг, а и пат и престој на Ојле Дојле во Холандии, Германии. Он таму може иде да ебе курви и го заболе за натпреварот. Освоил злато на турнир во индиско таеквондо, а ебаната сала на турнирот празна, никој не го гледа тоа. Не е ни промоција ко што викаш, апсолутно ништо. Битно пратил до медиуми и сите објавиле, па жалопојки не инвестира државата. Во странски медиуми не го ни има турнирот.
Пеливанот нека си инвестира сам, ако сака да стане ММА борец. Патем ММА е популарен спорт, луѓе на улица знаат шампиони, не е тип на спортче какво што зборев. Нека си најде спонзор ако го бива. Друг пример, немало на зимска олимпијада медал, голема работа, нема што државата да финансира, со сила да прави скијачи.
Спортот си е споредна работа, не е на државата да се грижи за него. Државата треба да обезбеди болници, училишта, патишта, услови за економски развој. Тие милиони место да ги фрла за спорт, ја би ги инвестирал во наука, на пример.