Не знам како е сега, бидеќи одамна не живеам таму, но своевремено беше хорор филм делот од улица Партениј Зографски (после ја знаеше народот како улицата каде што е кафаната Баба Цана) и Салвадор Аљенде (продолжетокот на Водњанска, сега гледам се вика Тодор Александров) кај игралиштето на ОУ Кочо Рацин. Постојано имаше катастрофални сообраќајки од коли со точак (и кола со кола имаше ама немаа толку страшни последици тие). Имаше и починато луѓе, луѓе во кома, сериозни скршеници... Овие со велосипед летаа буквално од горе (70 на саат возеа), овие со коливе ќе видеа нема кола и си влагаа во улицата (не ги гледа велосипедите или не проценува дека ќе стигне толку блиску до него). На излетана кола, велосипедистот има секунда да ја избегне и при таа брзина секое нагло менување на правец може да значи губење контрола врз возилото и страшен пад дури и да не дојде до директен судир со колата. Не за џабе таа улица е едносмерна направена пред 20 години, не е дека немаше простор улицата или дека паркираа на тротоарот, туку да намалат неколку скршнувања и потенцијална опасност од нив. После знам и каналот го бетонираа, стана поширока улицата за уште една лента, останаа уште куќи што блокираат видно поле таму ама не може околу нив ништо. Подоле уште на 2 места знаеа да пресечат коли и да има сообраќајки, под школото кај што има “u turn“ и подолу кај државна болница каде што не смее коли воопшто да сечат, туку е направено за амбулантни возила само. Кога се спуштав со велосипед порано, јас кочев прилично, но другиве летаа или возеа по средина (да има време да ги видат тие што навлагаат во лентата), па ми викаа “будала ли си ти, па спуштањето е најинтересно, нека внимаваат они, ние имаме предност“, се е тоа така, ама при судар возачот на автомобил нема ништо да му е, а велосипедистот има шанси да не стане веќе никогаш. Така да бидете претпазливи.
А за таа од Два Елени ептен е блиску, тргнуваш накај Пантелејмон и кај првата чешма што е на патот на кривината има патека од која после се спојуваш со патеката од Два Елени од доле што трга, пробај ја некогаш, само внимавај на точаци по таа. 