Случај: Велосипедист на Водно vs планинар + феномен мемиња со кумата

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMKD007
  • Време на започнување Време на започнување

На чива страна сте во случајот?


  • Вкупно гласачи
    150
Не знам како е сега, бидеќи одамна не живеам таму, но своевремено беше хорор филм делот од улица Партениј Зографски (после ја знаеше народот како улицата каде што е кафаната Баба Цана) и Салвадор Аљенде (продолжетокот на Водњанска, сега гледам се вика Тодор Александров) кај игралиштето на ОУ Кочо Рацин. Постојано имаше катастрофални сообраќајки од коли со точак (и кола со кола имаше ама немаа толку страшни последици тие). Имаше и починато луѓе, луѓе во кома, сериозни скршеници... Овие со велосипед летаа буквално од горе (70 на саат возеа), овие со коливе ќе видеа нема кола и си влагаа во улицата (не ги гледа велосипедите или не проценува дека ќе стигне толку блиску до него). На излетана кола, велосипедистот има секунда да ја избегне и при таа брзина секое нагло менување на правец може да значи губење контрола врз возилото и страшен пад дури и да не дојде до директен судир со колата. Не за џабе таа улица е едносмерна направена пред 20 години, не е дека немаше простор улицата или дека паркираа на тротоарот, туку да намалат неколку скршнувања и потенцијална опасност од нив. После знам и каналот го бетонираа, стана поширока улицата за уште една лента, останаа уште куќи што блокираат видно поле таму ама не може околу нив ништо. Подоле уште на 2 места знаеа да пресечат коли и да има сообраќајки, под школото кај што има “u turn“ и подолу кај државна болница каде што не смее коли воопшто да сечат, туку е направено за амбулантни возила само. Кога се спуштав со велосипед порано, јас кочев прилично, но другиве летаа или возеа по средина (да има време да ги видат тие што навлагаат во лентата), па ми викаа “будала ли си ти, па спуштањето е најинтересно, нека внимаваат они, ние имаме предност“, се е тоа така, ама при судар возачот на автомобил нема ништо да му е, а велосипедистот има шанси да не стане веќе никогаш. Така да бидете претпазливи.
 
Патеката официјално се води пешачка или е недифинирано?
 
Патеката официјално се води пешачка или е недифинирано?
Има црвено-бела ознака позади на дрвото, се гледа на самото видео - пешачка патека е, една од четирите такви од средно Водно до крст, ако не сум грешка.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Има црвено-бела ознака позади на дрвото, се гледа на самото видео - пешачка патека е, една од четирите такви од средно Водно до крст, ако не сум грешка.
Баш точно од Средно се 2 (Цветкова и Олимписка), Цветкова по скалите десно, Олимписка по скалите лево, ама во близина на средно се повеќе:

1. Цветкова
2. Олимписка
3. Новогодишна
4. Пензионерска
5. Бабина патека
6. Под жичарата патеката
7. Патеката од Два Елени, Германска итн..

По 1 и 2, како и таа под жичара немам видено точак (може имало будали ама ги немам видено), по другите имам видено.
 
Последно уредено:
Се собираат горе на спрат во Бисер, Аеродром и плукаат по луѓе долу.
Први се за пријавување оние копиљаци пред 30-ина години кога ѕвонеа по домофони и станови па бегаа. Кога се плукаше и шкрташе по лифтови. Кога се мочаше и сереше под тераси. Имаше и денови кога кеси со ѓубре се фрлаа од тераси и се палеше отпад позади згради...Плукање имало и порано и сега. Ништо ново...За некултура сме број еден.
 
Баш точно од Средно се 2 (Цветкова и Олимписка), Цветкова по скалите десно, Олимписка по скалите лево, ама во близина на средно се повеќе:

1. Цветкова
2. Олимписка
3. Новогодишна
4. Пензионерска
5. Бабина патека
6. Под жичарата патеката
7. Патеката од Два Елени, Германска итн..

По 1 и 2, како и таа под жичара немам видено точак (може имало будали ама ги немам видено), по другите имам видено.
Јас ги знаев само Димитар-Цветкова, Олимписка, Новогодишна и Пензионерска. По последните две се немам качувано, секогаш ми се гледале долги и непотребно губење време, по првите две, а особено по Димитар-Цветкова се имам качено многу пати. За Бабината ко што знам е од Марково Крувче, тоа не е баш блиску до средно Водно, само подоцна се спојува со Пензионерска. Германската исто, од Два Елени исто, не се блиску до средно Водно. Е за таа под жичницата - сум гледал од таму дека се качуваат луѓе, ама не сум знаел дека е обележана патека.
 
Ниеден да спомне дека дечково што стана вирално меме личи на Миро Кацаров. :icon_lol:
Жарко Батиќ од Кросфит Скопје или ти кросфитерот од подкастот Бајкерот и Кросфитерот. Дури и гласот му е сличен. :icon_lol:
 
Жарко Батиќ од Кросфит Скопје или ти кросфитерот од подкастот Бајкерот и Кросфитерот. Дури и гласот му е сличен. :icon_lol:
Eve go, bil i na gostuvanje kaj niv
Автоматски споено мислење:

Ili e del od timot poso pojma neam i ne gi sledam
 
Јас ги знаев само Димитар-Цветкова, Олимписка, Новогодишна и Пензионерска. По последните две се немам качувано, секогаш ми се гледале долги и непотребно губење време, по првите две, а особено по Димитар-Цветкова се имам качено многу пати. За Бабината ко што знам е од Марково Крувче, тоа не е баш блиску до средно Водно, само подоцна се спојува со Пензионерска. Германската исто, од Два Елени исто, не се блиску до средно Водно. Е за таа под жичницата - сум гледал од таму дека се качуваат луѓе, ама не сум знаел дека е обележана патека.
Епа Бабина е последното скршнување на десно, претходните 2 се за Новогодишна и Пензионерска, затоа или ниедна не е од Средно или сите се :D А за таа од Два Елени ептен е блиску, тргнуваш накај Пантелејмон и кај првата чешма што е на патот на кривината има патека од која после се спојуваш со патеката од Два Елени од доле што трга, пробај ја некогаш, само внимавај на точаци по таа.

Патем да, за качување нема нешто поента да одиш преку друга ако веќе комфорна ти е Цветкова, единствено ако сакаш да одиш со некој што е помалку спремен или пак да трчаш. За симнување може некогаш кога е заледено или многу со снег да ти е подобра по некоја “подосадна“.
 
За симнување може некогаш кога е заледено или многу со снег да ти е подобра по некоја “подосадна“.
Многу ретко се имам симнувано пешки, многу е напорно и повеќе ме болат нозете отколку со качување. Од средно Водно до долу, да, скоро секогаш пеш, ама од Крстовар до средно најчесто со жичницата. Инаку, веќе малку го имам запоставено, може пола година не сум бил горе, треба да се прошетам некој ден.

INFO-TABLA-VODNO-FINAL-SMALL-WEB.jpg

Од оваа инфо табла знам за другите патеки, инаку стварно се немам качено по друга освен Цветкова и Олимписка. Истава табла мислам дека беше поставена на паркингот на Средно Водно или пред скаличките.
 
Утре (среда) кај Ландов на подкаст од 21:00 ќе гостува Кристијан, дечкото од Водно (планинарот) поради кој е и отворена темава или кај пошироката маса нажалост познат како дечкото од мемињата со кумата.
 
Back
На врв Bottom