Пред неколку дена ке турнев точкист на пешачки пред Ист Гејт. Имаше колона од возила, се вози браник до браник. Таман да тргнам, ликче што збори на мобилен, решил да го помине пешачкиот возејки го точакот. На сето тоа, капуљача, наслонил глава да го држи телефонот со глава, точно не гледа дали иде возило. Не го ни видов дека иде, и закочив таман пред да го турнам. Ликот застанува, отварам прозор.
- Знаеш дека точак не се вози по пешачки премин? Гледа шарено, не му е јасно. Кој го вика тоа? Па, законот брат. Му викам на сето тоа, си земал и на мобилен збориш? Вика дечкото, ми се може. Притисокот моментално двеста, синчето во кола. Да бев сам, еден од нас двајцата ке завршеше во болница.
Добар пријател ми е професионален велосипедист, дечкото вози по правила секогаш. Ама ова џганов што зело точак, без да ги знае најосновните правила во сообраќајот, се прави камикази и ке стават некој недолжен во затвор. Ми се мота камера за во кола по канцеларија, ама конечно ке ја монтирам. Зашто никогаш нема да докажеш што се случило, те заради овакви стоки.
Патем, секоја патека на Водно е облежана за што е. Која е за пешаци, која е за велосипедисти. Интересно е што ретко ке најдеш пешак на велосипедска патека, за разлика од обратно. Детево да кажеше, во ред, згрешив, од сега ке си возам по другата патека, немаше ништо од ова да има. Тука, ем шуто, ем се боде.