Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Ако случајно негде ја видиш “Балкановавилонци” од Старова да ми кажеш. :D Само таа ми фали од добитниците на Роман на годината.

Јави се во МАНУ од 9 до 2 на 02/3235-400 и барај го Вангел. Кажи му вака и вака ми треба таа книга. Ќе ти каже што-како.
 
Дали има каталог од српските издавачи?
 
Кога сме кај попустите, освен стандардно Бегемот кои се шампиони, морам да ги пофалам и Муза - јас не купив ништо зашто скоро се од таму имам, ама повеќето книги им се со 50% попуст. Ги имате одличните романи на Станојоски „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и „Гаргара“ за по само 150 денари, и останатите: „Диссомнии“, „Полиглот“ со исто големи попусти. Друга препорака од мене - Зоран Жмириќ, особено со „Хотел Вартбург“, ако не се лажам и тој беше 150 денари или максимум 200. Сега има плус уште еден негов роман преведен кој го зедов но уште не ми е прочитан. Кој не ги прочитал и ги нема овие книги, верувајте дека вредат за сите пари.

Бега од „авторите“, поточно. :P Ве барав тебе и Јордан, не бевте таму. Беа „авторите“. :D
Хахаха, ме изнасмеа. Се надевам дека си ја земал Касиа од Кирил Ангелов, на 266 страница има еден пасус што тебе ептен ќе ти се допадне :)
 
Хахаха, ме изнасмеа. Се надевам дека си ја земал Касиа од Кирил Ангелов, на 266 страница има еден пасус што тебе ептен ќе ти се допадне :)
Не знаев дека издал нов роман Кирил, случајно видов вчера. А ова сега баш ме заинтригира, верувам дека знам за кого и за што е. :D
 
Back
На врв Bottom