Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Го распнаа човекон. Особено со сељачкиот маркетинг што го тераат за кумата.
Мислам дајте луѓе жената у болница лежела со денови пошо некоја дебилчина умрена ја фукнала со точак.

Малку осет да се имало,градиш маркетинг на тешко повредена жена.

Башка глеам некоја умрена сендвичара за хот дог праи рил со демек кумата преврзана во завои. Нема да ти успее никаков маркеѕинг ако продаваш Вуди виршли напраени од мелени свински опашки.
 
Па може едно 100 пост реклами ми искочија овие денови со него, а колку има што не ми искочиле.

Типот може да си ја нареди работата за цел живот. Оти не верувам дека некој од нив го прашал дали може да биде дел од реклама.

Барем да беа нешто интересни, а не во стилот ,, не можеш да влезеш, кумата јаде тука,,.
 
За овие луѓе не вреди да се залага човек, на све ќе удрат сеир. А плачат зошто полицаецот или некој друг не реагирал у некоја ситуација, истите шупаци кои да начекаат нешто сеир ќе тераат.
 
Има будали и на точак и на две ноги и у ауто. Зависи од човек. Законски, ако нема велосипедска патека (за оние кои немаат семафор) во град, вело треба да се движи до 50цм (бар порано беа 50цм) од тротоарот. А највише тој крај и нема велопатека. Дури ни на словенечка.
Мене додека бев средно, кај екс Наше дете у Бутел, сега кружниот, ќе ме однесеше камион полн со арматури кои висеа од десна страна, иако возев со точакот по пропис, ќе ме пресечеше на пола. Скокнав сосе точак на тротоар, се искршив ама ризик јак, мила душа, колко можеш ќе се спасиш.
Ако има велопатека, често тротинети и велосипеди возат по пешачкиот дел. Што ќе правиш освен да се тргнеш. Или со пола град треба да се истепаш, таков ни е акалот, хаотичен.
 
Сообраќајка кај раскрсницата Никола Тесла на истото место каде што изгореа две коли.
Автоматски споено мислење:

Неофицијално има еден загинат.
 

Attachments

  • 20260427_194203.jpg
    20260427_194203.jpg
    1 MB · Прегледи: 58
Сообраќајка кај раскрсницата Никола Тесла на истото место каде што изгореа две коли.
Автоматски споено мислење:

Неофицијално има еден загинат.
Не е загинат, само на ногата се жалеше.
 
Проблемот е пристапот што човекот го имаше, некад е многу битно и тоа, зашто дефакто точаците се проблем на Водно кој може да резултира со сериозни повреди, всушност имаше пред некоја година по тие земјените патеки еден беше удрен, со тешки скршеници остана а тој со точакот ако не се лажам избега, и сеа замисли оставен у шума на милост и немилост да чекаш да те најдат па дур да те однесат до возило кур се тресе, а некад за такви повреди е битна и брза реакција.

Значи проблем е, и овој со кумава е во право што се буни, ама начинот му беше многу погрешен, и сега наместо да се зборува за проблемот, такви какви што сме у државава, обратни, фокусот е на неговиот однос и на правење несмешни мемиња, не знам како станавме вака оперирани од хумор ама па кога ќе ни ја видиш стенд ап комичнава сцена и колку луѓе идат кај истите, сфаќаш дека изглеа стварно негде некако ни отишла смислата за хумор у три лепе.

Треба да тужи овој ради децата што му се снимани, законски тоа не смее да биде случај, и објавено на интернет, едноставно има зицер да тужи да добие, ама тоа си е негово. Ова е класичен пример дека дури и кога си у право, ако се понашаш неконтролирано и ескалираш, на крај поентата главна ќе ти отиде у три лепе а ти ќе бидеш предмет на спрдња, и практично асполутно ништо не си постигнал со тоа, си имал добра намера ама џабе друже, меме стана, несмешно меме, ама тоа е, бидна.

Ова секако треба да се реши, за општо добро на сите, и за тие што одат пеш нагоре а се во многу поголем број, и за точациве, кои си имаат своја патека јасно означена, и каде исто јасно е означено дека луѓе не треба да се движат. Па прилично едноставно е, зашто ко што реков, може да дојде и до сериозни повреди, а со оглед на теренот, едно паѓање неконтролирано со глава на камен и ајт, толку треба да се упокои човек.

А она со тротинетине, ништо, се чека првата официјална смрт на глупаво неразбрано дете, или возрасен човек сеедно, а можда и втората и третата, па не да има законски регулативи за нив, туку целосно да се забранат. А со оглед на нашата возачка култура и на нашата инфраструктура, овие законски всушност ко во Франција и Англија, треба целосно да се забранат на улици и да имаат право да ги управуваат само у свој двор, е буквално таков е законот таму, го купуваш и ти викаат, ова е дозволено само кај тебе дома, и низ двор, толку.

Не знам што чекаат или па имаат некој натигодајмиго бизнис со овие што ги изнајмуваат, сигурно лапа кешарица некој и од ова, реални да бидеме, иначе не гледам сврха зашто не би ги забраниле, или да има строги законски прописи и за нив, сеа реално се пуштени да праат што сакаат, што е една од многу апсурдности кои егзистираат во оваа мртва и незакопана земја.
Што мислиш дека згреши човекот?
Подобро ќе беше ништо да не направеше? Друго ако направеше, ќе имаше макар ваков (медиумски) ефект на поларизирање на јавноста.

Башка ако најми добар адвокат може и пари за џепарлак да направи од тие што го користеле за реклами (прв пат слушам, немам време да пратам вакви работи).
Автоматски споено мислење:

Наводно истиот копиљ (барем по гласот):

 
 
 
Државава се распаѓа на сите нивоа .... 76 годишен вози шлешер со приколка, со косовска дозвола !!!! Добро бе овој како поминал на лекарски за да добие дозвола !!!
 
Косово како им дава дозвола е прашањето, а и како ние им дозволуваме да преминат граница.

Друго нешто при вакви случаи ми текнува пред повеќе од 20 години пост 2001ва кога постарите од маала се степаа или направеа криминал наоѓаа секогаш некој 15-16 годишен од маало да се пријави за нив зашто ги имаш и по војската и државно и не им се ризикуваше пријава во време кога братот Љупчо ја предаваше власта на комуњарите. Така имаше ситуации 27-28 годишни да бидат претепани од 15-16 годишни.
 
Back
На врв Bottom