Проблемот е пристапот што човекот го имаше, некад е многу битно и тоа, зашто дефакто точаците се проблем на Водно кој може да резултира со сериозни повреди, всушност имаше пред некоја година по тие земјените патеки еден беше удрен, со тешки скршеници остана а тој со точакот ако не се лажам избега, и сеа замисли оставен у шума на милост и немилост да чекаш да те најдат па дур да те однесат до возило кур се тресе, а некад за такви повреди е битна и брза реакција.
Значи проблем е, и овој со кумава е во право што се буни, ама начинот му беше многу погрешен, и сега наместо да се зборува за проблемот, такви какви што сме у државава, обратни, фокусот е на неговиот однос и на правење несмешни мемиња, не знам како станавме вака оперирани од хумор ама па кога ќе ни ја видиш стенд ап комичнава сцена и колку луѓе идат кај истите, сфаќаш дека изглеа стварно негде некако ни отишла смислата за хумор у три лепе.
Треба да тужи овој ради децата што му се снимани, законски тоа не смее да биде случај, и објавено на интернет, едноставно има зицер да тужи да добие, ама тоа си е негово. Ова е класичен пример дека дури и кога си у право, ако се понашаш неконтролирано и ескалираш, на крај поентата главна ќе ти отиде у три лепе а ти ќе бидеш предмет на спрдња, и практично асполутно ништо не си постигнал со тоа, си имал добра намера ама џабе друже, меме стана, несмешно меме, ама тоа е, бидна.
Ова секако треба да се реши, за општо добро на сите, и за тие што одат пеш нагоре а се во многу поголем број, и за точациве, кои си имаат своја патека јасно означена, и каде исто јасно е означено дека луѓе не треба да се движат. Па прилично едноставно е, зашто ко што реков, може да дојде и до сериозни повреди, а со оглед на теренот, едно паѓање неконтролирано со глава на камен и ајт, толку треба да се упокои човек.
А она со тротинетине, ништо, се чека првата официјална смрт на глупаво неразбрано дете, или возрасен човек сеедно, а можда и втората и третата, па не да има законски регулативи за нив, туку целосно да се забранат. А со оглед на нашата возачка култура и на нашата инфраструктура, овие законски всушност ко во Франција и Англија, треба целосно да се забранат на улици и да имаат право да ги управуваат само у свој двор, е буквално таков е законот таму, го купуваш и ти викаат, ова е дозволено само кај тебе дома, и низ двор, толку.
Не знам што чекаат или па имаат некој натигодајмиго бизнис со овие што ги изнајмуваат, сигурно лапа кешарица некој и од ова, реални да бидеме, иначе не гледам сврха зашто не би ги забраниле, или да има строги законски прописи и за нив, сеа реално се пуштени да праат што сакаат, што е една од многу апсурдности кои егзистираат во оваа мртва и незакопана земја.