... се сложувам целосно, ни едните ни другите имаат корист за да учат заедно, само поради егото на родителите на децата со посебни потреби за да ги изедначат со другите деца (ученици), судбината е таква, затоа се вели „посебни потреби или попреченост“ и тоа не може никогаш да биде нормално дете (ученик), но барем ќе биде во слична околина, па така здраво ќе напреднува колку може неговиот лимит на хендикепираност.
... деца со посебни потреби треба да учат во посебни училници со посебен наставен кадар со придружен психолог, дефектолог и посебна училишна програма и училишен материјал, каде меѓусебе со други слични деца (ученици) ќе се дополнуваат без потсмевање, малтретирање, тепање, што би ги правиле другите ученици доколку би учеле заедно во ист клас
... специјализирано сновно училиште „Коле Канински“ од Битола е едно од училиштата кои подолг период работат на инклузијата на децата со посебни образовни потреби, ученици со потешкотии или попреченост, па и ученици од ранливи категории, со посебни лични асистенти, рехабилитатор кои им помагаат на децата, наставниците па и родителите,
Се обезбедуваат подобри услови за настава и рехабилитација на учениците со посебни образовни потреби од ОУРЦ „Иднина“ Соопштенија Односи со јавност Министерство за образование и наука
mon.gov.mk
...или да се изградат посебни комбинирани објекти за учениците, како што новата влада со Министерката за образование Весна Ј. (секоја чест за нејзин труд) основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, со посебна настава и посебни услуги за рехабилитација во простории во рамки на државното средно училиште „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
...сличен проблем ќе ги следи покасно ваквите ученици со посебни потреби кога ќе го завршат „нормалното“ основно, средно образование, конкурираат и сакаат да се вработат на конкурси кои не се наменети за луѓе со посебни потреби или попреченост, па не ќе можат да ги извршуваат дадените задачи и ќе се почуствуваат дискриминирани ако бидат одбиени или слично, значи и конкурсите и вработувањата треба да бидат за кандидати со посебни потреби, а не да конкурираат со другите кои немаат хендикеп.
... и кога ова ќе им се објасни, се наидува на неприфаќање од околината, греота, како така ги делиш и тие се луѓе, немаш ич емпатија, но зошто тогаш се користи зборот „посебни потреби“, зошто конкурираш за парични средства за деца со посебни потреби? значи не може еднаш да се биде со посебни потреби кога се има интерес како предност во нешто, а потоа да се жали на дискриминација дека се и тие луѓе и заслужуваат и образование и вработување, па нормално дека заслужуваат но во својот левел на хендикепираност, токму како особи со посебни потреби во образование со едукативна програма за посебни потреби и вработување за работна позиција за посебни потреби!
Специјални училишта и заводи (главно Скопје):
- ОУРЦ „Иднина“: Специјално основно училиште.

ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“: Специјално училиште за рехабилитација и образование.

ООУ „Д-р Златан Сремец“: Основно училиште за деца со посебни потреби.

ДУРДМОВ „Димитар Влахов“: Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид.

ДСУ „Искра“ - Штип: Средно училиште за ученици со посебни потреби.

ДУЦОР „Партенија Зографски“: Училиште за деца со оштетен слух.
Инклузивно образование (редовни училишта со услови):
ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода): Опремена сензорна соба.
ОУ „Коле Канински“ (Битола): Инклузија на деца со посебни потреби.
ОУ „Страшо Пинџур“: Има посебни паралелки за деца со тешкотии во учењето