Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 52: Тотална забрана за продажба и употреба на алкохол освен за медицински потреби и религиозни обреди)

Не сум ни заел за биполарност тогаш, најверојатно немало такви деца. Ама имаше со даунов во други грнерации. Иначе овие што ги спомнав беа без дијагноза, нормални, ама разгалени деца.
Така де не знаевме, кога дознавме што е одма си повлековме паралели за такви што мењаа расположение и ставови секој пола саат. Некои и позабегани работи правеа.
 
Не сум ни заел за биполарност тогаш, најверојатно немало такви деца. Ама имаше со даунов во други грнерации. Иначе овие што ги спомнав беа без дијагноза, нормални, ама разгалени деца.
Небитно за дебатава.. прескокни!
@Ska Maniac same..

држете се на темата
 
Од една страна ова е така направено за тие дечиња да имаат другари и друштво и да бидат прифатени од својата генерација.

Али ако дел од таквите деца имаат насилни тенденции или го отежнуваат образованието на останатите деца треба да бидат префрлени во школо за такви деца.

Значи јас сум да биде на case to case basis.
 
Дали е ова така рампантно како што делува од постов?
Во голем број од случаевите да. Има дел од нив што се со благи проблеми ама има и некој што сметаат многу.
Други деца страдаат зошто тоа дете е болно и мора да го разбереме.
И веќе во секој втор глас ги има.


Не е ни економично ова и од друг аспект. Наместо да има неколку лица што ќе се грижат во нив во група, имаме сега во секој клас посебна особа што е згрижена за нив. Вработени ×10.

И најголемиот број на лица во школите што се грижат за овие деца се ставени ради реда од партија. Немаат никакво психолошко познавање.


Потребни се посебни класови за овие деца со стручни лица што ќе се грижат за нив. А не во секој клас по едно такво дете и Ојле и Дојле да се грижат за нив.
 
Не може психопатски аутисти, церебралчиња (со изгорен мозок нека ми прости Бог), или потешки случаи на ментална ретардација, Даун, шизофрении, биполарни и други комбинирани пречки да бидат инклузирани и мешани со нормални дечиња!!
Ова ми се браќата од средно :cool:
 
Во голем број од случаевите да. Има дел од нив што се со благи проблеми ама има и некој што сметаат многу.
Други деца страдаат зошто тоа дете е болно и мора да го разбереме.
И веќе во секој втор глас ги има.


Не е ни економично ова и од друг аспект. Наместо да има неколку лица што ќе се грижат во нив во група, имаме сега во секој клас посебна особа што е згрижена за нив. Вработени ×10.

И најголемиот број на лица во школите што се грижат за овие деца се ставени ради реда од партија. Немаат никакво психолошко познавање.


Потребни се посебни класови за овие деца со стручни лица што ќе се грижат за нив. А не во секој клас по едно такво дете и Ојле и Дојле да се грижат за нив.
Апсолутно погодок во центар!
Арно ама посебните/издвоени класеви ги рачунаат како анти-инклузивни :tapp:

Родителите на тие деца се први против тоа!
 
Според мене, инклузијата кај нас не функционира како што треба. Во пракса, без доволнен стручен кадар и услови, наставниците не можат да се посветат на сите деца подеднакво. Така, често страдаат и децата со посебни потреби и останатите ученици.
Лично сум била сведок во клас каде имаше такво дете ситуацијата беше многу тешка, имаше викање, урлање, го напаѓаа други деца, а наставничката едноставно не можеше да постигне да му се посвети како што треба, ниту пак да одржи нормална настава за сите. Затоа мислам дека наместо само формално да постои инклузија, треба или сериозно да се подобрат условите или да се размислува за поинаков пристап.
 
За жал да.. и не прашуј од каде знам..

едит: @kano ако може да се задржиме на проблемот на децата со пречки во развојот, а проблематичните и сите останати да ги оставиме за некоја друга тема!
Од каде знаеш?o_O
 
Апсолутно погодок во центар!
Арно ама посебните/издвоени класеви ги рачунаат како анти-инклузивни :tapp:

Родителите на тие деца се први против тоа!
Тие родители се малцинство и не смеат да имаат поважно мислење него ли родителите на другите деца. Не може еден родител да е поважен од другите 30 родители во класот.

И тие деца лак ќе бидат социјализари ако се во посебен клас, само меѓу себе.
Вака во поголемиот дел од случаевите не се ни социлизираат со нормалните деца оти ние возрасни не можеме да трпиме такви деца, а камо ли мали деца.
 
Пред некој месец бев сведок на една ситуација во автобус која уште неколку пати потоа си ја реконструирав во глава и ја анализирав. Слика на нашето општество во само неколку минути.

Имаше две слободни места, едно до еден дечко со очигледно попречување во развојот и едно до млада жена Ромка (вака беше прилично неуредна). Едно помладо девојче на околу 17-18 години влезе внатре и гледаше кај да седне, па седна до дечкото. По некоја секунда дечкото се обиде да воспостави некаква комуникација, но неговиот специфичен начин на изразување кај неа предизвика страв. Веднаш стана и се премести до Ромката.

Ми падна неизмерно жал за него. Овие луѓе често се соочуваат со невидлива изолација. Нивната желба за обичен човечки контакт околината ја толкува како закана. И она што мене ми беше евидентно е како еден примарен страв од непознатото успеа за секунда да надвладее над сите други социјални предрасуди кои секојдневно ги гледаме.

Не го обвинувам девојчето, веројатно беше само преплашено од неискуство. Но, ова е доказ дека ние не сме доволно зрело општество. Инклузијата не е само збор на хартија, туку нешто што треба да почне од дома.

На темава сум воздржана. Мојот став е дека за децата со полесно попречување, како на пример со Даунов синдром, интеграцијата е клучна за да научиме да живееме едни со други, додека за посериозните степени е потребна стручна и посебна професионална поддршка.
 
Затоа мислам дека наместо само формално да постои инклузија, треба или сериозно да се подобрат условите или да се размислува за поинаков пристап.
Кои се тие услови кои треба да "се подобрат" во едно одделение/училиште за да психопатот аутист престане да урла? Да мава? Да превртува маси? Да од чиста мира удри некој пред него на одмор?

Горам од желба да дознаам.. :rolleyes:
 
Кои се тие услови кои треба да "се подобрат" во едно одделение/училиште за да психопатот аутист престане да урла? Да мава? Да превртува маси? Да од чиста мира удри некој пред него на одмор?

Горам од желба да дознаам.. :rolleyes:
Прво, не мислам дека е во ред да се користат изрази како „психопат аутист“. Станува збор за деца со посебни потреби, не мора така да ги нарекуваме.
Под подобри услови мислам на присуство на образовен асистент, стручен тим како психолог и дефектолог, помали паралелки, индивидуален пристап и план за работа со детето.
Кога тоа недостига, товарот паѓа само на наставникот, кој реално не може да постигне да се справи со такви ситуации и истовремено да држи настава за сите. Затоа и кажав дека проблемот е во системот, не во децата.
Кога го спомнав примерот со детето, не го обвинив детето, туку сакав да кажам дека без поддршка, ваквите ситуации стануваат тешки за сите.
 
Јас имам кумашинче аутистично детенце е, мило е срценце, некогаш знае да се издере нешто кога не му е по волја, но со син ми си редеа коцки, мислам дека тие дечиња се загреови и не се воопшто лоши.
А што се однесува до кадарот имам една пријателка вработена партиски како асистент, врска нема од ништо, не па дете со посебни потреби да учи, мислам дека има пренатрупаност на партиски кадар во Македонија, треба 70% да се отпушти тоа све по школите.
 
Прво, не мислам дека е во ред да се користат изрази како „психопат аутист“. Станува збор за деца со посебни потреби, не мора така да ги нарекуваме.
Под подобри услови мислам на присуство на образовен асистент, стручен тим како психолог и дефектолог, помали паралелки, индивидуален пристап и план за работа со детето.
Кога тоа недостига, товарот паѓа само на наставникот, кој реално не може да постигне да се справи со такви ситуации и истовремено да држи настава за сите. Затоа и кажав дека проблемот е во системот, не во децата.
Кога го спомнав примерот со детето, не го обвинив детето, туку сакав да кажам дека без поддршка, ваквите ситуации стануваат тешки за сите.
Користам стручни медицински термини за да ја кажам дијагнозата..
Баш тоа што сите станавме "снегулки" во стилот:
-ама не е тоа во ред, тоа е атипично, спектар, виножито, курци-палци..
Е причината што секоја будала од надвор ни наметнува секакви бљувотини! Инклузијата во примеров..

И не! Не ги кривам дечињата, прв сум да баш тие бидат заштитени од суровиот свет за нив..
Но таа заштита да биде како што треба, и без штета за останатите деца!

Тие приказни за "мали стручни" тимови, во пракса се само изговор за примање партиски кадар во ионака превработеното образование..
Насочена програма и работа за само едно дете во типичен клас е неизводлива, затоа што наставникот не може да се раскине на две! Тој едвај на крај излегува со истанатите каде имаш од единица до петка знаење, и однесување црно и бело..
Уште такво дете истовремено му фали..
 
... се сложувам целосно, ни едните ни другите имаат корист за да учат заедно, само поради егото на родителите на децата со посебни потреби за да ги изедначат со другите деца (ученици), судбината е таква, затоа се вели „посебни потреби или попреченост“ и тоа не може никогаш да биде нормално дете (ученик), но барем ќе биде во слична околина, па така здраво ќе напреднува колку може неговиот лимит на хендикепираност.

... деца со посебни потреби треба да учат во посебни училници со посебен наставен кадар со придружен психолог, дефектолог и посебна училишна програма и училишен материјал, каде меѓусебе со други слични деца (ученици) ќе се дополнуваат без потсмевање, малтретирање, тепање, што би ги правиле другите ученици доколку би учеле заедно во ист клас

... специјализирано сновно училиште „Коле Канински“ од Битола е едно од училиштата кои подолг период работат на инклузијата на децата со посебни образовни потреби, ученици со потешкотии или попреченост, па и ученици од ранливи категории, со посебни лични асистенти, рехабилитатор кои им помагаат на децата, наставниците па и родителите,

...или да се изградат посебни комбинирани објекти за учениците, како што новата влада со Министерката за образование Весна Ј. (секоја чест за нејзин труд) основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, со посебна настава и посебни услуги за рехабилитација во простории во рамки на државното средно училиште „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

...сличен проблем ќе ги следи покасно ваквите ученици со посебни потреби кога ќе го завршат „нормалното“ основно, средно образование, конкурираат и сакаат да се вработат на конкурси кои не се наменети за луѓе со посебни потреби или попреченост, па не ќе можат да ги извршуваат дадените задачи и ќе се почуствуваат дискриминирани ако бидат одбиени или слично, значи и конкурсите и вработувањата треба да бидат за кандидати со посебни потреби, а не да конкурираат со другите кои немаат хендикеп.

... и кога ова ќе им се објасни, се наидува на неприфаќање од околината, греота, како така ги делиш и тие се луѓе, немаш ич емпатија, но зошто тогаш се користи зборот „посебни потреби“, зошто конкурираш за парични средства за деца со посебни потреби? значи не може еднаш да се биде со посебни потреби кога се има интерес како предност во нешто, а потоа да се жали на дискриминација дека се и тие луѓе и заслужуваат и образование и вработување, па нормално дека заслужуваат но во својот левел на хендикепираност, токму како особи со посебни потреби во образование со едукативна програма за посебни потреби и вработување за работна позиција за посебни потреби!

Специјални училишта и заводи (главно Скопје):
  • ОУРЦ „Иднина“: Специјално основно училиште.
uciliste_vlez.jpg
ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“: Специјално училиште за рехабилитација и образование.


Златан_Сремец_-_Кисела_Вода.jpg
ООУ „Д-р Златан Сремец“: Основно училиште за деца со посебни потреби.

images.jpgплм.jpg
ДУРДМОВ „Димитар Влахов“: Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид.


slide4.jpg
ДСУ „Искра“ - Штип: Средно училиште за ученици со посебни потреби.

ДУЦОР.jpeg
ДУЦОР „Партенија Зографски“: Училиште за деца со оштетен слух.

Инклузивно образование (редовни училишта со услови):
ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода): Опремена сензорна соба.
ОУ „Коле Канински“ (Битола): Инклузија на деца со посебни потреби.
ОУ „Страшо Пинџур“: Има посебни паралелки за деца со тешкотии во учењето
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom