- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 354
- Поени од реакции
- 912
Ги нема, они постауваат услови што им остваруваат нивен геополитички интерес. На нас е што ќе прифатиме и да се решиме што ни е а што не ни е во интерес. Ако имаме функционална држава со здрава економија, озбилен безбедносен апарат, озбилна дипломатија што работи на лобирање активно, политичари што капираат во вакви услови како да се постават, во многу подобра позиција ќе сме кон било кого. Ни ЕУ, ни НАТО, ни Русија не не спасува, мораме самите со себе да работиме. Се разбира - они си бркаат свој интерес. За да ние можеме во ваква брутална политичка клима да си го оствариме својот, ни треба озбилна држава (сериозен јавен апарат), иначе го јадевме немиен.Океј, ние сме криви, али мене ме интересира кој конкретно е крив што само на нас и на никој друг му поставуваат услови за асоцирање, како што се:
- откажи се од националниот симбол на знамето
- смени го името
- делегирај ја државотворноста на Албанците
- смени ја историјата до 1945-та
- уфрли ги Бугарите во устав
- подели ја мапата на локална самоуправа така да има општини каде Албанци ќе добиваат пратеник со 5000 гласа и општини каде Македонци ќе добиваат пратеник со 12000 гласа
итн итн
У кои легислативи на ЕУ и НАТО ги има овие предуслови за зачленување?
Целата ситуација на балканот (од Грција до Хрватска) е геополитичка игра на релација Британија, Германија, Америка и Русија. Секој си има свои коњи во трката (или држави или политички струи во рамки на државите на балканот) и си буткаат свои агенди на свој начин. Ради тоа и регионот ни пати, пошто нашите политичари место да се стават во функција на своите народи, служат туѓи интереси, и за возврат добиваат власт и прават што сакаат. На нив им одговара хаотичен балкан пошто е полесен за контролирање (полесно се менуваат влади, полесно се инсталираат пиуни, полесно се остварува нивен домашен економски и политички интерес).
Се погледнав и сфатив: светов е ваков поради огромна економска нееднаквост (една од највисоки во историја), многу малку богати и моќни купуваат се од медиуми до финансиски институции, простор за живеење, канцеларии, а остатокот од светот е оставен да живее живот под кирија, сметка за сметка. Преку медиумите буткаат агенди на ултра-лево и ултра-десно, со цел да создадат тензија меѓу граѓаните и да си го зачуваат богатството, со цел да не биде гневот насочен кон нив и неправдата, туку кон соседот.Погледни се у огледало и ќе сфатиш зашто сега светов е ваков каков што е и која е причината за тоа.
Како викаат будистичкине филозофи и мудреци, треба прво да почнеме од самите себеси.


