Ska Maniac
Бараба
А ја само прашав зашто Прилеп на мапата нема Лидл и одма ми го извртеа муабетот.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Бугарите попрво во банкрот ќе ја однесат фирмата отколку да започнат со работа и постепено да ги враќаат загубите.Вчера и од друг извор добив инфо дека отворање најмалку средина на 2027. Со силен акцент на најмалку и дека е можно и 2027 да не биде! Навистина не разбирам!
Без амин од германецот не верувам дека нешто праат на своја рука, особено ваков голем проект.Бугарите попрво во банкрот ќе ја однесат фирмата отколку да започнат со работа и постепено да ги враќаат загубите.
Ок но германецот не е свесен со каква конкуренција ќе се соочи тука потценувајки ја истата а чим вака се однесува сигурно си правел некоја своја математика дека кога ќе отвори пола од постоечкиве ќе ги затвори за краток период како што тоа му успеало во други држави па на тој начин експресно ќе ги поврати сите потрошени инвестирани пари во Македонија.Без амин од германецот не верувам дека нешто праат на своја рука, особено ваков голем проект.
Најмногу ќе продаваат кафе,чоколади кои ќе им бидат поевтини од конкурентите,пиво,сладолед,Crivit спортска опрема и гардероба,апарати за домакинство Silver Crest само ќе видиме дали ќе ги продаваат со 3 години гаранција како што е во ЕУ,Esmara женска гардероба,Livergy машка гардероба,Parkside алати и се останато што нема во останатите маркети.И во Србија се чекало неколку години дур почнат да работаат маркетите на Lidl.
Србија било од 2015 до 2016 биле планови договори и што ја знам. Во Србија 2016 некаде почнуваат со градба на логистички центар и маркети и тек октомври 2018 почнува со отварања и работа на први маркети.
Така да иако долг период е додека почнат и кај нас но штом тргнало ќе биде па макар и било крај година 2027.
И тоа дали ќе бидат конкуренција во Македонија времњата ќе покажат. Мое мислење а веќе многу пати тука сум пишал сметам дека ќе донесе некој новости во работењето на маркетите, нешто што можеби нема кај некој други маркети. Не мислам дека е "спејс шатл" работењето во Lidl и дека кој знае што од маркет ама можеби има по нешто ново што го нема пример во Кам маркети, го нема во Веро и други.
Мислам на тоа како е организирано работењето во Lidl маркетите, некој ситни детали и така натам ќе ги потикне тие останати маркети да идат чекор напред. Не мислам дека ќе уништи останати маркети, можеби некој кој имаат послаба работа ќе направат промени.
И јас би сакал некој што имал искуство или бил на интервју за работа во Lidl да пише нешто. Освен ако уште работи кај нив па не смее нешто многу да пише детали.Не знам некој со искуство од фирмава да каже што е вистина што не. Многу смрди работава.
Јас од пријатели ама и на мреживе ги пљукаа дека малтретираат со 4-5 интервјуа за безвезни позиции и процесот им трае и до три месеци. Во моментов изгледа ко да си отворија аутсорс за рандом маркети низ Европа кај што им фали работна сила. Многу е несериозно да врзуваш луѓе а незнаеш кога ќе отвориш. Знам за луѓе што одбиле друга работа за да влезат таму и рекле ОК ќе одам во Бугарија 9 месеци, ама не биле 9 него многу повеќе па да зачуваат фамилија дале отказ.И јас би сакал некој што имал искуство или бил на интервју за работа во Lidl да пише нешто. Освен ако уште работи кај нив па не смее нешто многу да пише детали.
Да пише за да знаат некој луѓе кој би сакале да се вработат.