Како функционираат топлотни пумпи и греењето во ваков стан објаснето како на 5 годишен, и кои се моите обврски како нов сопственик кон нив?
@PticaSelica @Vanlok
Прегледај го приврзокот 473551
Совршено!
Во ваков стан би можел и на рингла да се грееш!
А тоа е тоа што се бара..
Значи топлотната пумпа (како и секоја клима) користи адијабатски процес на гасови за да пренесе енергија од едно до друго место т.е. од надвор кон внатре!
Прост пример ти е дезодоранс! Ако се прскаш одблиски и долго на едно место, ќе предизвикаш смрзнотина на кожата!
Тоа е тоа што го прави фреонот во климата/ТП!
Само што компресор постојано го втечнува и го врти во бесконечен процес!
Од физиката толку треба да знаеш..
Битно ти ја плаќаш само струјата што ја троши компресорот, кој за 1kw потрошен, може преку истиот процес да пренесе 3 или 5kw топлинска енергија..
Е сега...
Ако е изведено професионално.. ти буквално не треба да правиш ништо освен термостатот да го подесиш!
Уште една битна работа, подното е пасивно и инертно греење што значи нема гасење никако!
За одржавање, можеби ќе треба само да провериш одвреме-навреме барометарот дали е во нормална граница (да не губи вода..), и се друго на сервис оставаш!
Толку!