Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Останува да се каже само дека го прокоцкаа баражот кој тешко го заработија.
Не прокоцкаа ништо, се работи за очигледна разлика во квалитет.
 
Па и Пандев влегол у некој егоманијакален моуд, последниве неколку месеци тотален фокус да го понижува Мрме и толку, еве и сеа глеам на некој подкаст глупости збореше, страшна кариера ко фудбалер, ама и многу језива особа која ништо добро не му носи во моментов на мак.фудбалот.

Не сте свесни за каква ултра сељачана и гад станува збор.

Како фудбалер секоја чест, како човек-кондом.
 
Тоа е дечки, благодарност за убавите моменти во изминативе 10 години, почнувајќи со ЕП настапот на репрезентацијата на у21 година.

Многумина во почетокот на веков ќе те направеа лудак ако им кажеше дека едно време ќе ги имавме овие резултати и успеси што ги имавме во последниве години.

Баталете тоа муабетите дека сме имале среќа, се сменил системот и се тоа... И Данска имаше среќа да се распадне Југославија па на крај си освои ЕП, сигурно ниеден данец не седи пред коперација и вика "ne be brat, ne go smetam toa, sreka imavme, inace...."

Сега кога сите земји се во подем, ние допрва ќе се враќаме на тие 'пораз од Андора' тип на денови.

Беше забавно додека траеше, самиот факт што и покрај тоа што влеговме во утакмицава после пораз од 7-1, со нов тренер и се тоа и пак потајно се надевавме на чудо говори за тоа колку интересни сиутации имаше во последниве 10 години.

Здравје, минимум 10 години ќе треба за нешто вакво да се случи, ама поверојатно ќе биде 20-30 години плус, а кој ќе биде тука за да види што ќе се случи тогаш... ќе видиме.

 
Замисли репрезентација со установен систем 40 години уназад со принцип на работа дисциплина вложување во сите категории да испадне од федерација у која главни ти се омерагич миленко и седло кои се заедно една реченица не знаат да склопат а не па да прават стратегија за некаков развој на фудбалери или некоја програма за пласман на МК на следно или последно првенство.
 
Иако темава е за нашиве, исто е фер да се спомене дека Данска е ептен солидна репрезентација и ако не се сопнат во другиов меч мислам дека имаат шанса барем до 1/4 финале на СП да влезат, ако не и више
 
Патриотска нација се Косово, имаат силна национална свест.
Не се ко нас на секој 1 Комита, 5 шпиони ко шо рекле старите.
Читај Кулушевски се да ти ебам по список.
Сега после успехот на Косово овој потоп ќе не докосури...
 
На крај краева нема нервози, за жал, 10 години не им текна да ископаат играчи да направат некој, истите цело време.
 
Еве ви што значи глуп тренер на дело. Излезе со тактика висок пресинг од старт небаре Франција сме па 3 тима имаме и немаме проблем 90 минути да држиме темпо. Пишав пред крај на прво дека не изигравме лошо ама не верувам да издржат до крај и тоа и се деси, ни дадоа рано гол во второ и после се распаднавме.

Кој е оној Стојчевски бе што е како изваден од памет? И не знам за вас ама јас мислам дека Ерера е трета лига левел моментално, не упропастија по негова страна цела утакмица.
 
На крај краева нема нервози, за жал, 10 години не им текна да ископаат играчи да направат некој, истите цело време.
Не можат место да фатат, треба 20% од голубарите да имаме :coffee:
 
Малку со ладна глава ке напишам некоја импресија

Ми изгледаше како да сме дојдени за "нула" и единствена цел ни беше да се одбраниме и како да бевме изненадени што примивме гол... Можеби селекторот мислел дека играме балет не знам. И кога го примивме голот тргнавме без идеа да не примиме уште еден да се чуваме за следна утакмица... Не знам стварно што им се вртеше во глава...
За играта мене Херера ми остави впечаток трчаше се бореше, но квалитетот е толку за жал... Одбраната на 2 утакмици прими 11 гола и што и да се каже е премалку... Стојчевски реков како трактор на горнина бавен тромав катастрофа, маж од 2 метра жално. Средината освен Барди никој не знае што со топката, а они треба да креират. Нападот треба некој да му даде топка за да направи нешто вака немам за што да ги обвинам.
За жал квалитетот е тој што е, се враќа репрезентацијата на нивото од времето на Шумоликовски и остала боранија (дури и споредбата со нив е премија за овие) и за жал нема на повидок некој да отскокнува од младите како што беше на времето со Барди Елмас браќата Бабунски кој беа големи надежи и само некое Господово чудо може да не спаси од целосен потоп...
Единствена светла точка е враќањето на жолтиот дрес
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom