Куба, 60+ години под блокада

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Мислиш поубаво се живее во ЕУ или во САД? Rat race тип на живот, ти повеќе би одбрал тоа отколку сиромашен ама релаксиран тип на живот како во Куба?

Мислам дека Кубанците, па и голем дел од нас овде, не се согласуваат со таквата констатиција.

Аха, да пошто Америте се познати по почитување на сѐ што ќе договорат. Иранците дури и ги нападнаа во тек на преговорите - ДВА ПАТИ, исто и лани, и тоа првиот удар беше да масакрираат 170+ малечки девојчиња и религиозниот лидер како што кај Католиците е Папата.

На Русите им ветија дека НАТО нема да се шири, прва работа што направија после распаѓање на Варшавски пакт беше да ги приберат сите бивши членки на тој сојуз. Им ветија свашта, обратно сѐ направија, вклучително со војна во Украина. Во Кина пробаа да направат државен удар. Сите тие државни удари политички коректно наречени „Арапска пролет“. Југославија, Либија, Ирак, Сирија, итн, сите уништени. На превара, на сила.

Со тие луѓе може да се договориш?
Ако навистина мислиш дека тоа е можно во оваа реалност, тогаш имам еден мост на Вардар да ти продадам. Два уствари, а како за тебе и три, за џабе пари ќе ти ги дадам.

Сериозно, не заборавај дека тие луѓе во Куба се раснети без америчко/банкарско перење мозок... За разлика од повеќето нас овде.
Многу ми е јако како некои единствениот спас во вакви ситуации го гледаат во преговори со Америка. Значи, логиката е врв: прво ти го исклучуваат светлото, ти ги блокираат сметките, ти ги бркаат бродовите со нафта и ти оставаат 10 милиони луѓе да се печат на 35 степени во мрак... и после истите тие треба да бидат спасителите и хероите во целава приказна. Уште да го бакнат и да го изгушкаат Трамп останува.
 
Одиш во крајности. Никогаш не си живеел во услови во кои живеат кубанците за да можиш вака лесно да ги оправдуваш нивните политичари кои не се ништо друго осван корумпирани диктатори.Тие уживаат во богат живот со сите поволности а на народот му продаваат приказни и демагогии за некаков си пролетеријат.Исто ко онај дибекон од Северна Кореа.Иначе сум против санкциите шо им се наметнуваат.
 
Последно уредено:
Ова е ко да ме прашуваш дали циганите или германците имаат подобар живот.
Ти изгледа не знаеш како е на плус 40 да си без струја, да немаш едно вентилаторче да дувне а клима да ти е луксуз.
И не збориме за неколку саати без струја. Збориме денови. Храна се расипува, отежнато е лекување на болни луѓе и многу други срања. Годината е 2026та, без струја е катастрофална живеачката.
Јас никаде не направив господа од американците. Ама моментално кубанците имаат две опции. Да свиткаат опашка и конечно да им тргне на подобро, или да продолжи овој ужас кој им се сервира. Еве ти пуштил Филип едно видео од КОД, погледни го и види дали живеат убаво.
Јас лично имам изгледано премногу видеа за Хавана и Куба. Освен мизерија, глад, очи полни солзи, друго ништо немам видено. Фасадите им се распаѓаат, коли стари 60-70 години, продавниците празни, колони од луѓе пред банкомат и ѓубре насекаде. Ако ова е релаксиран тип на живот, тогаш дефинитивно е бесцелна секаква дискусија со тебе на тема Куба.
Прво правиш замена на теза, ги споредуваш Кубанците со Цигани. А заборувавме за начин на живот. Кубанците се горди луѓе, не се просјаци, крадци и чергари. Инфрастурата им е сјeбaна не по нивна вина, туку е директна последица од однесувањето на САД спротивно на секое меѓународно право.
Второ се повикуваш на на анегдота од Код и на некакви видеа (којзнае од кој и со кои цели правени). Така можам да ти пуштам неколку видеа од Филаделфија па врз основа на тоа да заклучуваме мислење за САД, ете погледај.

Потоа ги судиш Кубанците за немање струја, а тоа е директна последица од незаконска нелегална енергетска блокада што ја прават САД. И затоа решението било да се проституираат со САД... Нешто што они успешно го избегнуваа цели децении и се ми се чини дека нема се согласат со ваквите „решенија“.

На крај завршуваш со „дефинитивно е бесцелна секаква дискусија со тебе на тема Куба“. Јако. :)
Автоматски споено мислење:

Кубанците:

Еве паталец што кажува за искуствата со преговарање и договарање со САД:

Читав дека Руски танкери биле на пат кон Куба. Незнам дали САД ке се осудат да ги спречат, голем инцидент би било тоа.
 
Многу ми е јако како некои единствениот спас во вакви ситуации го гледаат во преговори со Америка. Значи, логиката е врв: прво ти го исклучуваат светлото, ти ги блокираат сметките, ти ги бркаат бродовите со нафта и ти оставаат 10 милиони луѓе да се печат на 35 степени во мрак... и после истите тие треба да бидат спасителите и хероите во целава приказна. Уште да го бакнат и да го изгушкаат Трамп останува.
А каде е Рубио во оваа математика? Знаеш дека тој е Кубанец? Во моменталниот случај со Куба, Рубио е тој што турка, не Трамп.

Од Кубанците што ги познавам, ниту еден нема ништо добро да каже за комунистите во Куба. Веројатно тие подобро знаат како е таму отколку некои луѓе на интернет.
 
тогаш дефинитивно е бесцелна секаква дискусија со тебе на тема Куба.
Со Ванлок бесцелно е да зборуваш дали утре ќе се раздени, а не пак за Куба. Со среќа нека ти е иначе, сега ќе добиеш торнадо од Лорд Бебо, Телеграм и остали акаунти и социјални мрежи, споредби со Иран, Авганистан, Сирија, како Ционистите владеат со светот и сакаат да мислиш за Куба како што си мислиш ти во моментов, а иначе правата вистина е дека во Куба луѓето живеат прекрасно, во оаза на мир, среќа и убавина на секое поле во животот.

Спортски поздрав.

П.с. Не заборавај да ми го пишеш исходот од дискусијата со бате Ване, не верувам дека ќе продолжам да читам.
 
А каде е Рубио во оваа математика? Знаеш дека тој е Кубанец? Во моменталниот случај со Куба, Рубио е тој што турка, не Трамп.
А ти знаеш дека Рубио не е потомок на избеглици од Кастро? Во САД дојдени се солидно пред Кастро. И да Рубио турка - ама за сопствени интереси, што како претставник на САД е противдржавно.

Од Кубанците што ги познавам, ниту еден нема ништо добро да каже за комунистите во Куба. Веројатно тие подобро знаат како е таму отколку некои луѓе на интернет.
Кажи повеќе анегдоти за дисиденти или потомци на дисиденти од Куба. Секако дека дисиденти ќе ја критикуваат Куба, исто како и сите дисиденти од било која држава - а секоја држава ги има.

Со Ванлок бесцелно е да зборуваш дали утре ќе се раздени, а не пак за Куба. Со среќа нека ти е иначе, сега ќе добиеш торнадо од Лорд Бебо, Телеграм и остали акаунти и социјални мрежи, споредби со Иран, Авганистан, Сирија, како Ционистите владеат со светот ...

Спортски поздрав.

П.с. Не заборавај да ми го пишеш исходот од дискусијата со бате Ване, не верувам дека ќе продолжам да читам.
@Io Sono Interista oва не е: Саркастичен и провокаторски пост, и оф-топик... И зошто не реагираш ревносно како кај мене? :)
 
А каде е Рубио во оваа математика? Знаеш дека тој е Кубанец? Во моменталниот случај со Куба, Рубио е тој што турка, не Трамп.

Од Кубанците што ги познавам, ниту еден нема ништо добро да каже за комунистите во Куба. Веројатно тие подобро знаат како е таму отколку некои луѓе на интернет.
Па он е продолжена рака на Трамп. Неговата задача е да го заврши валканиот дел од работата.
 
Дефинитивно посрана ситуација ама како што се спомна веќе кај што има сила нема правдина тоа е факт не само за Куба туку и за еден куп други дестинации каде што УСА има интерес.

Истото важи за територии околу Кина и Русија.

Соработката со УСА е паметен потег колку и да е болно тоа покрај се што имаат истрпено.

Јас би рекол ако сакаш да им го тртнеш на УСА направи го тоа што Тајван го прави на Кина. Биди толку богат и успешен каде што цел свет ќе се потресе ако ти се случи нешто.

Да не беше нафтата во Иран прашање е колку држави ќе се замараа со тамошната ситуација.
 
А ти знаеш дека Рубио не е потомок на избеглици од Кастро? Во САД дојдени се солидно пред Кастро. И да Рубио турка - ама за сопствени интереси, што како претставник на САД е противдржавно.
Родителите дојдоа пред Кастро, но пошироката фамилија (вклучувајќи дедо и други) стана дел од класичните кубански избеглици по 1959. Рубио го носи тоа искуство како дел од својот идентитет а не како фантазија, туку како семејна историја полна со страв, загуби и отпор кон комунизмот. Тоа е она што го прави неговата позиција кон Куба толку силна и лична.
Кажи повеќе анегдоти за дисиденти или потомци на дисиденти од Куба. Секако дека дисиденти ќе ја критикуваат Куба, исто како и сите дисиденти од било која држава - а секоја држава ги има.
Нема врска што велат дисидентите? Толку си отиден што веруваш само во пропаганда, што и да каже лорд Бебо, го прифаќаш како апсолутна вистина.
Па он е продолжена рака на Трамп. Неговата задача е да го заврши валканиот дел од работата.
Работата на Трамп и на Рубио е да постапуваат во согласност со интересите на САД. А во интерес на САД е Куба да не биде комуњарска.
 
Кога се во прашање комуњарите, Трамп нека прави што сака, ја има мојата поддршка во тоа. Убаво ја почна годинава со Мадуро. Ама ич не ми се свиѓа ова што го прави во Иран.
 
Родителите дојдоа пред Кастро, но пошироката фамилија (вклучувајќи дедо и други) стана дел од класичните кубански избеглици по 1959. Рубио го носи тоа искуство како дел од својот идентитет а не како фантазија, туку како семејна историја полна со страв, загуби и отпор кон комунизмот. Тоа е она што го прави неговата позиција кон Куба толку силна и лична.
Знаеш дека Рубио е од аристократска фамилија, и во Куба и во САД... Знаеш ваљда, а?
Какви загуби какви избеглици, АРИСТОКРАТИЈА. Никогаш не видел немаштија никој од неговите.

Треба да си поинформиран како за ваков Трамп партизан, кој сѐ му е во хоумбојс тимот.

Нема врска што велат дисидентите? Толку си отиден што веруваш само во пропаганда, што и да каже лорд Бебо, го прифаќаш како апсолутна вистина.
Oд уста не го извади Бебо, почна повеќе ти да го спомнуваш одколку јас што го линкам. :LOL:
 
Кога се во прашање комуњарите, Трамп нека прави што сака, ја има мојата поддршка во тоа. Убаво ја почна годинава со Мадуро. Ама ич не ми се свиѓа ова што го прави во Иран.
Зошто се комуњарите полоши од теократските фашисти?

Инаку нема никаква логика или бенефит Куба да биде заглавена во комунизам, конечно тоа поглавје од историјата треба да биде затворено и државата да тргне напред. Секој што бил таму или познава луѓе од Куба знае колку се заглавени, децении назад се од остатокот на светот. Портокаловиот абдал и тие околу него треба да најдат начин да го направат ова без да го изгладнуваат народот таму. Едно островче е Куба, нема веќе никаква поддршка од Русите кои и така војуваат во моментов, не знам што е проблемот да го решат ова.
 
Фала ти. Ја заклучив таа тема и оставив линк до оваа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom