Прегледај го приврзокот 472327
18/20 погодени. Вака се прогнозира,
@Setsuko
@Анде Јанков , свесен си дека 11 000 луѓе има во АМПАС, 11 000 луѓе од цел свет гласаат (меѓу нив и Тамара Котевска од Македонија)? Ако мнозинството од 11 000 луѓе „компензираат“, ко што викаш, мислам дека тоа би било најјакото компензирање во историјата на компензирањата.

Јас сум потполно свесен што се поминува nowadays, ама и со Оскарите како и со скоро се друго било така отсекогаш, само што веројатно повеќето тука тек сега созреале за да сфатат. Само еден пример кој маестрално го доловува ова: Citizen Kane кој е ремек дело на светската кинематографија и еден од најдобрите филмови снимени во историјата на филмот го има изгубено Оскарот од филмот How Green Was My Walley за кој повеќето тука не ни слушнале. Ова се случува во 1941,
пред точно 85 години! Доволно е ова за илустрација дека не победува секогаш најдобриот, ама
секогаш победува оној за кој мнозинството филмаџии во тој момент сметале дека е најдобар. А пообјективно од тоа не верувам дека може да биде. И мене не ми се допаѓаат многу од добитниците особено во изминативе 15-20 години, ама не тврдам дека „најдобриот“ таа година не добил, туку дека „тој што мене најмногу ми се допаднал“ не добил. А категоријата „тој што мене најмногу ми се допаднал“ е далеку од најобјективната на светот.