
...ако одите во Струга да не се изненадите ако видите рамки со завеса што ја прикриваат регистарската табличка со притискање на едно копче во колата.
... „смарт таблички со завеса“ најчесто се монтирале како рамка за табличката, а во себе содржеле електричен механизам и подвижна завеса која можела да се активира со далинско, па со притискање на копче, завесата се спуштала и ја покривала табличката, правејќи ја нечитлива за камери и системи за контрола на сообраќајот каков што е и системот „Безбеден град,,
... ,,Дог секјурити,, јавно преку својата онлајн продавница продавала две врсти на вакви „паметни“ рамки за регистарски таблички едните за 8.900 ден (144 Е) со далинско копче, но продале само едно парче, ако има такви примероци низ МКД тоа највероватно биле купени од Тему платформата, а не од кај нив.
...другиот вид ротирачки „паметни“ механизми за регистарски таблички кои од едната страна ја покажувале регистрацијата на возилото без завеса, ротирајќи, а со тоа можност да се скрие бројот на регистарската табличка, цена 9.920 ден (160 Е).
... овие паметните механизми за регистарски биле легално увезени и платени биле сите давачки, арно овие модели со завеса кој ја прикрива регистарската табличка се користиле исклучиво кога автомобилот бил паркиран, а не да се злоупотребува при возење.
... другиот модел, оној со ротирачки механизми не ја покривала регистарската табличка, па се користел за реклами најчесто на автомобилски натпревари го купувале фирми кои сакале да го рекламираат својот бизнис или се купувало за потребите на некои државни служби“,
... еве денес дознав(ме) еден новитет кој го има кај нас од 2021 година да се купи, а веднаш нашло примена за злоупотреба на Сејф Сити
... па после казна, е па казна него шта!