Да, жената не барала помош, бидејќи ретко која жртва на насилство бара помош. Зошто е тоа така, тоа не го сфаќаме ни ти ни јас, бидејќи не сме во таа ситуација.
Првично размислување ми е дека е страв, бидејќи од една пријава не бидува ништо, полицијата најверојатно и после 5-6 часа ќе го пушти од станица, а потоа што? Пак се враќа дома кај жртвата, само погневен и побесен. Тоа се прави како насекаде во светов, жрвата се носи во заштита, со таен идентитет и непозната локација, па потоа органите си тераат постапка спрема насилникот.
А во конкретниов случај гледаш дека ликов имал 10 пријави, а ден не одлежал за ништо, најверојатно има кој да го ваѓа од гомна. Најверојатно има и врски за да стигне до социјално и да и го земе детето, нешто што е најчеста закана во вакви случаи.
И низата дешавки кои и се случиле на жртвата само го потврдиле истото, напад во јавно место, полиција не превзема ништо, напад во болница, полиција и социјално не превземаат ништо ( иако по закон МОРА да постапат ).
Дали според тебе институциите сносат некаква вина во случајов?