Aбе некој да ни понудеше последно место у групна фаза и титула у лига, минатото лето, со две раце тоа ќе го потпишевме, реално гледано. Со тоа што екипава не смее ни да помисли да го искомплицира ова, свесни се и самите лани што значеше све што им се деси, не верувам дека ни они не очекуваа инстантна реанимација со повторен атак на сите титули за што се уверија и самите дека вака ко што се склопени, тоа не е возможно. Битно е како ќе се однесува тимов сега викендов со Џенова, доста битен момент е ова и тест за нив после елиминацијата во ЛШ, пред се за Киву, кој мора инстантно да го крене тимот повторно, пред дербито со Милан, каде реално и нерешено ни е во игра.
Мачење со Џенова ќе значи дека влагаат у мини криза во контекст на начин и стил на игра, а сме биле сведоци во овој дел од годината дека тимот знае да влезе у црна дупка едно месец дена, па затоа е битно и да се победи а и како ќе се победи.
3 битни ствари треба да се десат летово што следи.
1. Продавање или ослободување од непотребниот материјал во екипава, прво да се почне со старите фудбалери, после може да се размислува и на Фратези, Диуф и Енрике под услов последниве двајца да не се наметнат до крај на сезона, технички вториов е замена за Дамфрис, можда и не мора да се комплицира со барање нова ако овој се адаптира поише (што чисто сумјам). Исто, понуда од 60м евра или плус, за Турам, сериозно треба да се разгледа.
2. Враќање на Станкович од Бриж, купување на 2ца дефанзивци и голман (моја желба е Карнезеки од Аталанта, кој е интераш патем), и ако има простор all in да се оди на Нико Паз ко главен трансфер, што од моментална перспектива е тешко изводливо зашо глеам апла му рипнала цена на трансфер маркет. Можеби продажба на Турам ова да го финансира, а потоа тимот и да се обиде да донесе некоја ефтина варијанта од нападот кој би бил профил на играч сличен на Лаутаро, кој во моментов нема соодветна замена.
3. Ко што спомнав и вчера, да се почне транзиција у менување на формација, со 4ца назад, во нашиот случај, без крила, како што сме играле и во минатото, како што игра и Симоене со Атлетико, со тоа што неговата филозофија е далеку подефанзивна. Под транзиција не велам инстантно, ама со тек на време, од подготовки летово, па како потоа ќе се одвива сезоната, така да се тестира и она што е тренирано. Мора да раскристиме со 352, нарочито што е и формација без 10ки у истата, без офанзивни крила, каде секогаш лежат супер играчи и суперстарови у овој спорт. 7 години немаме пазарено вакви фудбалери, срамота е, и да имало прилика, не одговарале на систем и се игнорирале.