... едно е да се испуши две цигари евентуално три во текот на цел ден, а друго е да се швајцува една по друга, ние не знаеме за граница на нормално се пуши насабајле уште неразбудени, се пуши едно две три со утринското кафе, па пред јадење, па после јадење, се пуши кога доаѓа гостин или кога се иде на гости, се пуши кога сме нервозни, несреќни, среќни и радосни, се пуши пред секс, се пуши после секс, се пуши од досада, цело време се пуши, како цуцла во уста и мора да се држи во рака.
... лекар да пуши во работна просторија или општо во болничка просторија, за мене не е лекар, па макар докторат и илјада трудови да има, за мене е овчар, точка, може да пуши надвор, вон работно место, но каде има пациенти? ма бегај тоа значи нема ни етика ни морал, како може да советува, а самиот не е исоветуван.
... Не, не пушам и многу сум строга за пушење во работни простории било каде работам, било во било која јавна институција каде се прима странки или се има контакт со граѓани, се изјаснувам на лице место „ова вака не ви чини“!