Ама овој став ми е чуден, на страна големиот брат не гледа дрн дрн сите сме ја читале 1984, тераш ли по правила (ко што секогаш и требало), сејф сити нема што да те плаши. Да и мене ме нервираат тие со поглед у телефон што проаѓаат улица, ама проаѓа ли прописно, демек на пешачки, правилата треба да се спазат, иначе има закон и за нив, само треба да се имплементира појако. До сеа беше сообраќајна џунгла и на тие што се цело време зад волан им е скурчено од возење па кој ги тркала правилата само да стигнам побрзо од што ми е смачено, па затоа се ова е ново и чудно.