Па ние секако не преговараме. Во статус кво ситуација сме веќе повеќе од 20 години. Така и нека остане. Да ми кажеше некој пред 10-15 години дека ќе денес ќе имам ваков став, ќе му се исмеев во фаца и ќе го направев будала. Ама ете, човекот се менува, па така и јас. Не треба да напуштиме никакви преговори или да изгубиме статус кандидат за членство, ама ако може на некој начин да останеме во истата статус кво ситуација уште децении и децении, мислам дека би било супер. И дај Боже никогаш да не ги почнеме преговорите и да не влеземе во тоа лицемерно смрдливо дувло!
Преговараме, и тоа пасивно неколку децении. Тивко ја спремаме преговарачката рамка која вклучува и унификација на законодавството, кое генерално е препишувано со имплементирани некои измени и цаки.
ЕУ е идеалот кој се продава на народот откако јас знам за себе. Стремежот е Западна Европа, само проблемот е во тоа што ЕУ се транфрормираше од слободна економска унија, до економско-политичка, со свои органи, тела, знаме, химна, па дури и неколку обиди да има своја војка. Ова наликува на класична федерација, каде државите го губат својот национален идентитет и суверенитет. Трамп да имаше уште еден мандат, верувам дека уште неколку држави ќе тргнеа по патот на Британија, со цел да добијат поволен трговски договор, плус сами да си ги уредуваат внатредржавните политики (пред се миграцијата).
Проблемот е во тоа што ние ја немаме трговската мрежа на Британија, која беше една од најголемите економии во таа Унија. Ние сме увозно зависна држава, зависиме од странскиот капитал и не знаеме како да ја активираме нашата бизнис заедница на која повеќе и одговара да добива камата односно ризик факторот да и биде нула, а парите да ги чува под перница, отколку некаде и во нешто да инвестира. Знаат дека одма ќе добијат уцени (тоа го видовме и во Бомбите), да бидат донатори на големите политички играчи со цел да не се соочуваат со навала на инспекциските служби.
Ние и Турција останавме вечно на портите, евроскептицизмот е во континуиран раст. Народот е свесен дека оваа стратешка цел е недостижна во скора иднина, и проекциите секогаш се поместуваат за некоја деценија. Така, дека ќе бидеме членка до 2030, ако ги ставиме Бугарите во Уставот, е само еден влажен сон.
Лично сум за влез во ЕУ, но не во оваа форма. Нека се реформира, нека го изгуби политичкиот дискурс, нека се тргне целокупната идеолошка матрица која ги има зафатено сите нејзини институции и тела, па потоа може да се разговара за нашето членство.