Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека ова му беше изјава за судиите, а и општо за ЕХФ спрема нас. Не мислам дека го кажа за тоа дека луѓето го хејтале.
да да еве сеа видов на гол.мк како е изјавата, ама овие само потбуцнуваат:

еве како е изјавата таму

Screenshot 2026-01-19 at 12.15.01 AM.png
 
Ja razbiram da si go sakate Fitiljot, vas igrac vase dete. Ama on, a i Mitrevski i Peshevski site stanaa igraci vo Metalurg, pa posle im sledea pogolemite transferi, i toa e taa skola vo MK koja proizvedila daleku najmnogu i najdobri igraci, ne samo vo MK tuku vo celiot region. Alkaloid e fakticki timot sto treba da go smeni Metalurg, i iskreno do sea ne funkcionira voopsto loso. Daleku od toa deka go poddrzuvam Kiro vo sekoj segment, naprotiv, voopsto ne go obozavam, ali za mnogu raboti e tokmu toj licno zasluzen.

Od druga strana, ova e tema za reprezentacijata a ne za RK. Ubavo e da ste vozbudeni i da se gordeete so Kuzmanovski, site se gordeeme denes, ali vodete si gi diskusiite za RK tamu kaj sto treba da se vodat i ne zamarajte so gluposti na koi prosecen ljubitel na rakometot ne go interesiraat
Па тоа проблемот со непознавањето на приликите и доделување на епитети на погрешно место шо од непознавање шо од инает, главниот “виновнок” за сите успеси на рекпата е баш тој клуб од Битола, почнувајки од почетоците со Алушевски, Марковски,Зарков,Манасков, Ходик, Чурлевски па вториот бран репрезентативци што се афирмирале во Битола, Лазаров,Мојсковски,Темелков, Јоноски,Ангеловски па до денес каде упорно во јавноста се турка теза клуб репрезентација Алкалоид а од 29 гола 25 се креација на Кузмановски,Атансијевиќ ,Жарко со некоја топка фатена на од Митревски,Томовски.
Не ми е целта да ги омалажувам другите и да го воспевам Пелистер но та е реалноста.
Металург има пред се заслуга за Манасков,Жаре,Маркоски, Вардар пред се за Стоилов иако е дете на Металург, и денес Лазаревски… Дај боже Митеви и Симба да станат играчишта па за некоја година да викаме дека тие се столбот на репката и се продукт на Алкалоид.

Како блам на годината го имаш министерот со најглупата изјава од само пред 2 недели за најдобриот играч во Лигата какви комплески треба да имаш за вакво нешто да изјавиш само за few moments later овај да го демантира со монстуозна игра и најдобра индивидуална партија во историјата на репрезентацијата со 15 гола 5 асистенции и реализација од 80% .
Пушти на 47:30

Последно уредено:
Па тоа проблемот со непознавањето на приликите и доделување на епитети на погрешно место шо од непознавање шо од инает, главниот “виновнок” за сите успеси на рекпата е баш тој клуб од Битола, почнувајки од почетоците со Алушевски, Марковски,Зарков,Манасков, Ходик, Чурлевски па вториот бран репрезентативци што се афирмирале во Битола, Лазаров,Мојсковски,Темелков, Јоноски,Ангеловски па до денес каде упорно во јавноста се турка теза клуб репрезентација Алкалоид а од 29 гола 25 се креација на Кузмановски,Атансијевиќ ,Жарко со некоја топка фатена на од Митревски,Томовски.

Како блам на годината го имаш министерот со најглупата изјава од само пред 2 недели за најдобриот играч во Лигата какви комплески треба да имаш за вакво нешто да изјавиш само за few moments later овај да го демантира со монстуозна игра и најдобра индивидуална партија во историјата на репрезентацијата со 15 гола 5 асистенции и реализација од 80% .
Пушти на 47:30

Isto taka i Azer Omeragic go poglasija za mvp I najdobar igrac vo prva liga :facepalm:
 
Ова со Португалија и со решавање на гол разлика ми е дежа-ву кога Македонија играше јуниорски квалификации на Кале. Ладна апла зима тогаш, се играше петок-сабота-недела. Почнавме со Полска, божем главен конкурент за првото место и ко ништо ја тепавме. Уште од сам почеток беа готови. Шилегов ги сроза, мислам со 8 негде ги тепавме и си викаме готово завршена е работата, пошо треба со Португалија и со Турција да се игра. Па си мислиш кој фактор е Португалија, која првенство нема видено со години, а ние имаме златна генерација со Тале, Фитиљот, Велковски, Нелоски, Томовски. Тука се Арсеновски и Шилегов кои играа во Металург, па Танковски како помлада резерва, Палевски, Димитриоски, Дарио Петровски. Португалија се виде силна водеше со 4 разлика мислам и со притисок од публиката со дерење нашите успеаа да израмнат и да поведат на крај. Сјебаа некои акции, Томовски ги извади (како што на крај ја извади и оваа) и последниот шут го фати и тогаш и нерешено заврши таа. Е сега ние требаше со Турција да играме кои беа аутсајдери, а они со Полска. Ние секако треба двоцифрено Турциве да ги тепаме и си викаме Полска може и да ја победи Португалија или да биде тврдо. Они ја пуштија утакмицата во второ на Португалците, и тие тепаа двоцифрено. И се собираме во сала во недела повеќето исти души плус уште повеќе нели дека битна утакмица за пласман на СП. Мајка му на Томовски тука до мене негде седната вика тешко оваа работа. И велам па редно е и нашите некого 20 разлика да победат. Мислам дека 18 или 19 разлика ни требаше со Турција. На полувреме мислам 10 водемве. Се играше те полетно те на сила. И викаме ај уште 10 во второ и таман сме. Почна Томовски уште толку топки да фаќа, скоро и да не прими гол во второ. Тале ги бомбардираше од сите страни (Фитиљот имаше повреда, не можеше да помогне во квалификациите). Палевски ги реметеше со контри. Долу негде на клупа седеше и Червар, и веројатно му рече на тој селекторот на Турција да го пушти третиот состав и онака не им вреди дали со 15 или со 20 разлика ќе изгубат. Стави селекторот нивен некои замени треторазредни и направија нашите 18 па 19 разлика и на крај со 20 ги тепавме. Португалците си каснаа од едно место и си отидоа дома без да играат на СП, а немаа ни пораз. И тогаш за нив играа Капдевил, Фраде, Мартинс (овој повреден е сега). Ко вчера да беа тие квалификации. А надвор грч ладно, -15 беше. Убави сеќавања. Не се замарам дали ќе стигнат нашите во втор круг. Битно да ја победат Романија. А ако успеат убедливо да ја рокнат може и пак да биде дежа ву на гол разлика да излеземе пред Португалија. :icon_lol:
 
И сега ради гол разлика ќе испаднеме. Да им се мочам на новиот формат. Треба да се врати стариот со 16 репрезентации, 4 групи и првите 3 одат во втора рунда.
Уште подобар систем е овој со 6 групи, ама да одат првите две + четирите најдобри трети. Така имаш 16 екипи во нокаут фаза и класично 1/8 со испаѓање. Така би добиле на тежина сите натпревари, затоа што и 3то место од група може да те однесе понатаму и не само тоа, туку мора да бркаш и гол разлика за да си во подобрите 4 од 6. Ама лакомите ехф за пари, сакаат втора рунда со две групи по 6, за да има повеќе натпревари.
Штета за оваа генерација што и лани на СП и сега не се пласира понатаму заради тоа ебано нерешено. Можда конечно в година на СП ќе ни успее од трет пат :D.
 
И лани судиите ја ебаа во втората утакмица :icon_lol:

Ова со Португалија и со решавање на гол разлика ми е дежа-ву кога Македонија играше јуниорски квалификации на Кале. Ладна апла зима тогаш, се играше петок-сабота-недела. Почнавме со Полска, божем главен конкурент за првото место и ко ништо ја тепавме. Уште од сам почеток беа готови. Шилегов ги сроза, мислам со 8 негде ги тепавме и си викаме готово завршена е работата, пошо треба со Португалија и со Турција да се игра. Па си мислиш кој фактор е Португалија, која првенство нема видено со години, а ние имаме златна генерација со Тале, Фитиљот, Велковски, Нелоски, Томовски. Тука се Арсеновски и Шилегов кои играа во Металург, па Танковски како помлада резерва, Палевски, Димитриоски, Дарио Петровски. Португалија се виде силна водеше со 4 разлика мислам и со притисок од публиката со дерење нашите успеаа да израмнат и да поведат на крај. Сјебаа некои акции, Томовски ги извади (како што на крај ја извади и оваа) и последниот шут го фати и тогаш и нерешено заврши таа. Е сега ние требаше со Турција да играме кои беа аутсајдери, а они со Полска. Ние секако треба двоцифрено Турциве да ги тепаме и си викаме Полска може и да ја победи Португалија или да биде тврдо. Они ја пуштија утакмицата во второ на Португалците, и тие тепаа двоцифрено. И се собираме во сала во недела повеќето исти души плус уште повеќе нели дека битна утакмица за пласман на СП. Мајка му на Томовски тука до мене негде седната вика тешко оваа работа. И велам па редно е и нашите некого 20 разлика да победат. Мислам дека 18 или 19 разлика ни требаше со Турција. На полувреме мислам 10 водемве. Се играше те полетно те на сила. И викаме ај уште 10 во второ и таман сме. Почна Томовски уште толку топки да фаќа, скоро и да не прими гол во второ. Тале ги бомбардираше од сите страни (Фитиљот имаше повреда, не можеше да помогне во квалификациите). Палевски ги реметеше со контри. Долу негде на клупа седеше и Червар, и веројатно му рече на тој селекторот на Турција да го пушти третиот состав и онака не им вреди дали со 15 или со 20 разлика ќе изгубат. Стави селекторот нивен некои замени треторазредни и направија нашите 18 па 19 разлика и на крај со 20 ги тепавме. Португалците си каснаа од едно место и си отидоа дома без да играат на СП, а немаа ни пораз. И тогаш за нив играа Капдевил, Фраде, Мартинс (овој повреден е сега). Ко вчера да беа тие квалификации. А надвор грч ладно, -15 беше. Убави сеќавања. Не се замарам дали ќе стигнат нашите во втор круг. Битно да ја победат Романија. А ако успеат убедливо да ја рокнат може и пак да биде дежа ву на гол разлика да излеземе пред Португалија. :icon_lol:

Лошото е сега што Романија што би кажале америте is out for blood со нас. Ги исфрливме претходно, доаѓаат накурчени со изјави дека они се дојдени тука нас да ни земат победа. И верувај така ќе играат на секоја мочана топка ќе играат остро.

Знаеме дека квалитетно кадарски не ни се еднакви, ама и Португалија истото го мислеше за нас, па дури и 10 коеф ни беше доделен за победа.
Ајде тоа е што е, една машка утакмица нека се изигра нека се одморат само и после тоа што бидне бидне. Ако требало да идеме натаму ќе идеме ќе се наместат коцките, само верба ништо друго.
 
Се зависи од Данска, кој поише и одговара да помине со нив натаму. Мислам дека ќе тепаат помалку за да помине Португалија со надеж дека ќе им отежни на другите во наредната група.
 
На Данска и треба било каква победа против Португалија, за да си пренесе 4 вода во втор круг. Да, они ќе играат со прв состав,нема да калкулираат и секако ќе победат. Е сега прашање е со колкава разлика ќе победат. Реално тешко да успееме да обезбедиме втор круг во вакви околности. Моја желба е да ја победиме Романија и со таков исход ќе можеме да кажеме дека имавме успешно првенство со чекор напред од порано.Треба да се биде реален и да се напредува чекор по чекор. И да, каде можеме треба да ја надградуваме репрезентацијата, ако ништо друго дур не дојде поквалитетен избор на одредена позиција.
 
Ај да треснам едно непопуларно мислење.:D

Мартин Велковски е многу потценет играч меѓу нашата ракометна публика, не во смисла дека е некој којзнае каков десен бек, само муабетот ми е дека не заслужува толку критики и исмејување колку што трпи низ сите овие години.
Последниве неколку години на многу натпревари бил меѓу подобрите наши играчи(вчера на пример), минатото Светско исто го изигра коректно, често пати во некој даден момент кога се решава натпреварот знае да постигне гол, само тоа останало не забележано и никогаш од никого не добил пофалба, додека секоја негова грешка мора да е потенцирана.

Придонесува доста за тоа и неговиот физички изглед, има таква мекушка фаца, изгледа многу млитаво, споро, како без крв во него, ама се кладам дека е многу по храбар и по смирен во одредени моменти од повеќе од пола наши репрезентативци.

Уште еден играч што би го ставил во таква категорија е Никола Маркоски.
Критики и смешки на негова сметка колку сакаш, никогаш нема пофалба да слушнеме за него, а многу пати имал важна улога во тимот, посебно во одбрана откако е Кире селектор.
Треба да имаме во предвид и дека човекот со години има проблеми со кичма и игра со страшни болки и под инекции на секој натпревар, многу играчи на негово место одамна би се откажале од репрезентација, додека овој и во таква ситуација на свои 35 години уште се става во својство на екипата.
Конечно во репрезентацијата после толку години влегуваат некои пикери кои играат во два правци, ќе може сега Џуле да оди на заслужен одмор.

Кога сме веќе кај хероите од сенка, мора да кажеме дека вчера таа улога му припадна на Марко Стојковиќ, спомнато е веќе и на форумов дека татко му почина пред две недели.
Во таква психолошка ситуација дечкото во одбрана како преден во 5-1 зона изигра партија налик на Игор Вори од најдобри денови под водство на Лино Червар и тоа во моменти кога ни се повредија двете леви крила што беа замислени да играат на таа позиција, плус Маркоски доби црвен картон уште во прво полувреме.

Во такви моменти се гледа на кој колку му значи репрезентацијата и претставувањето на државата во најдобро светло, а кај ракометарите мислам дека уште еднаш се покажува дека тој патриотски дух најмногу преовладува во споредба со сите останати наши репрезентации.
 
Последно уредено:
Imase li opcija Kiro da go povika Deki za Romanija? Ili mora da bide nekoj od posirokiot spisok vo vakvi situacii?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom