После темава ќе се види поштовањето за жените.
Гласав против чим го видов насловот.
Прво.
Господ ми ја дал матката за репродукција. Никој нема право да одлучува за мојот репродуктивен орган, поготово не маж кој уопште го нема.
Вие не сте свесни кој процес се случува во нас од зачнување на фетусот до излегување на бебето од телото.
Тоа го знаеме само ние и Господ. Повраќање, гадење, мачнини, ти се моча, ти се јаде нешто што нема у сезоната или нема дома, коса ти паѓа, се дебелееш.
И некоја ако сака да се носи сама со ова, место да ѝ се пружи поддршка, и да ѝ се помогне, уопште го ставаме на дискутирање.
Во денешно време сѐ помалку има вистински семејни вредности. Имаме сѐ повеќе разводи, случаи на семејно насилство, смртни исходи на семејно насилство.
Не знам дали на форумов сум се изјаснила. Мислам не, и во брак/врска, па затоа и за сингл, поддржувам стварање деца само ако се психички/физички спремни и финансиски. Кој стигне прави деца. Ја на многу парови би им ги одземала, и би ги дала на неплодни парови. Ама не се прашувам јас. Има многу парови во брак кои се ужасни родители и не ги заслужуваат тие деца. Од основно уште знам гнасни примери. Едно девојче татко ѝ со даска ја тепаше.
Боље да го нема таков морон.
А и во животот сѐ се случува, и во брак останува некогаш по еден родител, имам другари без двајца родители. Има претрагични приказни за деца без родители. Може во животот да се остане и без еден и без двајца родители. За жал еден ден ќе ги нема.
Така што не гледам проблем жена да има дете со ин-витро.
Исто така и за маж кој ете поради некоја причина не се оженил ( не е педофил, манијак и слично) и сака да има деца. Може ќе им пружи многу повеќе љубов него некои парови кои ги имаат децата ради онака.
Не е само да се има дете. Немам ниедно, а веќе го сфаќам тоа. И јас скроз би си посвоила дете од дом или би пробала вака ако останам сама. Со пари, добра психа и среден живот? Има да го сакам највише, повеќе од очите ќе го пазам. Ниеден маж нема да биде побитен од моето дете. И во брак да сум. Кога ќе добијам дете знам дека тоа ќе биде нешто најпосебно за мене. Бар додека не го изведам на пат.