Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 27: @Inglourious Basterd - Целосна забрана на наследството и воведување 100% данок на имотот по смртта)

Целосна забрана на наследството и воведување 100% данок на имотот по смртта.

  • Вкупно гласачи
    45
Дали ќе го имаше истиов став ако твојот Машки родител беше сериски број/ баркод од некоја си клиника за сперма во Европа? Ако од почекот до крајот на животот не си осетила татковска преграта/утеха/поддршка и тоа не поради несреќен случај туку поради одлука на твојата мајка?
Да.
Сум можела да бидам и посвоена, битно е каков е човекот/се луѓето, и како живее детето.
 
Да.
Сум можела да бидам и посвоена, битно е каков е човекот/се луѓето, и како живее детето.
Fear enough. Но што со фактот дека можеби имаш 100+ полубраќа/полусестри низ светот што никогаш нема да ги запознаеш?

Бонус артикл:
 
Јас сум за. Место инвитро може да најде некој само да го направи и барем да ужива во правењето.
 
ИнВитро за мене е пикот на модерната медицина шо ја познаваме денес, и на секој што сака да има деца а неможе од Х причини треба да му е достапно. Да склопиш дете во лабораторија и да го поставиш токму таму каде што неможе да стигне по природен пат, е уметност во најчиста форма.

Плус ова би било контрапродуктивно од "лечење" на жените од ливадарство. Место да го бустаме и онака слабиот наталитет, со ова само би станале уште едно исфрустрирано Фросе шо цел ден чмае на социјалните мрежи и пцуе по бракот како институција оти никој нејќе да и го инјектира во матка.

Гласам против.
 
Не се согласувам. Знаете дека сум голем поборник против тоа деца да се нема и за демографската криза. И сега ќе се има аргументи како тие деца ќе растат без татко ова она. Ама јас идам со став било какво дете е подобро него ли никакво.

И така во денешно време секое второ дете е растено без еден родител така да ништо нема да смени.
 
Да ме прашаше некој пред 10 години за истово, сигурно ќе бев ЗА. Но човекот учи додека е жив. Растеме и созреваме и тој процес никогаш не прекинува. Според мене, од сегашна перспектива, бракот е само бирократски конструкт кој нема никаква практична цел. И сметам дека нешто крајно непотребно! Сега да не навлегувам во детали, да не ја носиме темата во погрешна насока, поентата ми е: да, маж и жена можат да живеат заедно и да се среќни иако не се во брак. И во таква заедница, ако сакаат, треба да имаат деца. Децата пак ќе растат со двајцата родители и ќе бидат сакани, без оглед што нивните родители не се во брак. Не се во брак и родителите на илјадници деца на разведени родители, па пак во многу случаи тие деца растат среќно и сакано од двата родители. Затоа, тоа што не си во брак не треба да биде препрека за некој кој не може да има деца по природен пат, а сака да има, да може да го оствари своето родителско право. Детето родено ин витро од родители кои не се во брак пак може да расте ем сакано, ем со двајцата родители заедно. Затоа, не се согласувам со мислењето дека само жени кои се во брак треба да се оплодуваат ин витро.
 
Тема 13: Вештачко (ИнВитро) оплодување (со донор) треба да се ЗАБРАНИ за жени кои не се во брачен однос
Да, според мое мислење треба да се забрани за жени кои не се во брак!

... прво самиот процес инвитро (опфаќа пет главни фази) не значи веднаш дека ќе биде успешен, а финасиски е доста скап процес, а да се иде на два три пати на вештачко затоа што си има жената проблеми од друга природа (најчесто лезбејка) не е фер спрема жените кои во брак со години се трудат и се соочуваат со неплодност не можат да забременат и да имаат деца , а овие лезбејките ќе им го завземат местото, затоа што ниедна стрејт жена нема да се подлегне на тортура на процесот на вештачко оплодување ин витро кога може со задоволство со еден интимен однос од позната особа да си добие дете за пола час.

... за третман за ИВФ, најпогодни кандидати се жени кои страдаат од неправилни циклуси на овулација, блокирани јајцеводи, синдром на полицистични јајчници и нивни мажи со низок број на сперматозоиди или сперматозоиди со неправилна форма, 40% од сите причини за неплодност се поврзани со жените, 40% се поврзани со мажите и 20% се нарекуваат „необјаснета неплодност“.

... за тие жени кои едноставно не сакаат да бидат зависни во брачна заедница поради Х причини (кариера, висок критериум, размазани, лошо искуство од околина) можат да си дозволат во планирана овулација една средба со машка особа која барем ќе знае што наследно гени ќе има идното дете, а не пак од Х донор? што ќе се падне? психопат ли, со наследни болести?? донор е секој дркаџија кој за пари си ја продава својата сперма, а во моментот на давање со лабораториски анализи е здрава машка особа и толку условот е исполнет за собирање сперматозоидите во резервоарче во замрзнувач чекајќи ја матката!

... цената на ин витро оплодување е 135.000 денари плус инјекции кои се доста скапи и зависи количински од развојот на самиот третман, односно конкретно за Систина почетната цена на стандардниот ИВФ третман може да се движи меѓу 10.000 - 15.000 долари, со дополнителни трошоци за комплементарни лекови кои можат да ја зголемат вкупната цена до 3.000 долари.

... и сега ако исполнуваме желби на жените кои сигурно се лезбејки инаку нема шанса да идат на таков ИВФ третман, ФЗОМ да плаќа вакви суми, нели рамноправно со жените кои се борат со неплодност? дали е праведно, човечки и финасиски исплатливо, за кого и за што??
 
Да ме прашаше некој пред 10 години за истово, сигурно ќе бев ЗА. Но човекот учи додека е жив. Растеме и созреваме и тој процес никогаш не прекинува. Според мене, од сегашна перспектива, бракот е само бирократски конструкт кој нема никаква практична цел. И сметам дека нешто крајно непотребно! Сега да не навлегувам во детали, да не ја носиме темата во погрешна насока, поентата ми е: да, маж и жена можат да живеат заедно и да се среќни иако не се во брак. И во таква заедница, ако сакаат, треба да имаат деца. Децата пак ќе растат со двајцата родители и ќе бидат сакани, без оглед што нивните родители не се во брак. Не се во брак и родителите на илјадници деца на разведени родители, па пак во многу случаи тие деца растат среќно и сакано од двата родители. Затоа, тоа што не си во брак не треба да биде препрека за некој кој не може да има деца по природен пат, а сака да има, да може да го оствари своето родителско право. Детето родено ин витро од родители кои не се во брак пак може да расте ем сакано, ем со двајцата родители заедно. Затоа, не се согласувам со мислењето дека само жени кои се во брак треба да се оплодуваат ин витро.
Мислам дека поентата му е за сингл жени и лезбејки, а не за парови.
 
Тотално ми ја утна поентата.
Т.е најде дупка во насловот.
Поентата ми е да се забрани ИВФ за жени кои од старт се решени дека нема да го одгледуваат детето покрај машка фигура. (пр. Шерифовиќ, и слични неа или некои уфилмани жени со кеш кои мразат мажи и сакаат целосно сами да го одгледуваат детето - извинете ама ова е ПОСЕБИЧНО од сите Вас кои се согласивте дека пушачите се себични луѓе)
Значи тоа дете од старт е осудено да не израсне во семејство од машки и женски родител/старател, заради каприците на Х исфрустирана госпоѓица која е "СПОСОБНА" сама за се.
 
Мислам дека поентата му е за сингл жени и лезбејки, а не за парови.
Таму имаше напишано - жени кои не се во брак. Јас така го сфатив. За сингл жени и особено за лезбејки е дискутабилно.
 
Таму имаше напишано - жени кои не се во брак. Јас така го сфатив. За сингл жени и особено за лезбејки е дискутабилно.
Да си го исчитал внимателно целото излагање, немаше да го сфатиш погрешно. :icon_lol:
 
Тотално ми ја утна поентата.
Т.е најде дупка во насловот.
Поентата ми е да се забрани ИВФ за жени кои од старт се решени дека нема да го одгледуваат детето покрај машка фигура. (пр. Шерифовиќ, и слични неа или некои со уфилмани жени со кеш кои мразат мажи и сакаат целосно сами да го одгледуваат детето - извинете ама ова е ПОСЕБИЧНО од сите Вас кои се согласивте дека пушачите се себични луѓе)
Значи тоа дете од старт е осудено да не израсне во семејство од машки и женски родител/старател, заради каприците на Х исфрустирана госпоѓица која е "СПОСОБНА" сама за се.
ОК, ова е сосема друг муабет. Но, пак ќе речам - има и друга страна приказната. Лично јас имам две пријателки кои беа во врска долги години, изгледаа навистина среќно со дечковците, останаа бремени, родија деца. А и двајцата татковци ги нема никаде во приказната. Едниот којзнае и воопшто дали го сака детето, зашто не го гледам никогаш во неговиот живот. Децата (особено едното, реков) растат во семејства во кои фигурата на татко никогаш ја немало, па сепак се здрави, прави, среќни деца. Зошто тогаш би било проблем сингл жена да сака да има дете со ин витро оплодување, кога има деца кои не се оплодени со ин витро, а сепак растат здраво во семејства со еден родител?
Да си го исчитал внимателно целото излагање, немаше да го сфатиш погрешно. :icon_lol:
Го исчитав јас мислењето. Сега не ги броев, ама сигурно повеќе од пет пати ги имаш спомнато именката „брак“ и придавката „брачни“. Како да го сфатам инаку?
 
ОК, ова е сосема друг муабет. Но, пак ќе речам - има и друга страна приказната. Лично јас имам две пријателки кои беа во врска долги години, изгледаа навистина среќно со дечковците, останаа бремени, родија деца. А и двајцата татковци ги нема никаде во приказната. Едниот којзнае и воопшто дали го сака детето, зашто не го гледам никогаш во неговиот живот. Децата (особено едното, реков) растат во семејства во кои фигурата на татко никогаш ја немало, па сепак се здрави, прави, среќни деца. Зошто тогаш би било проблем сингл жена да сака да има дете со ин витро оплодување, кога има деца кои не се оплодени со ин витро, а сепак растат здраво во семејства со еден родител?
Затоа што еден ден, кога тогаш тој/тие татковци во даден момент (лош или добар сеедно) на било каков начин ќе се вклучат во животот на детето. Детето ќе порасне, ќе праша каде е тато - ќе го најде веднаш. Совеста ќе заигра кога тогаш, крвта ќе повлече - убеден сум.
А овде, како ќе го најде рандом дркаџијата (што би рекла @bijons)

Исто е, ама не е исто.
 
Не се согласувам.
Откако стапив во брак, увидов дека е навистина само парче хартија. Ништо посебно не се промени во односот со сегашниот сопруг, а тогашен дечко откако стапивме во брак. Доколку на некој му треба да е во брак за да стапи моментот на сериозност, пошо некако така се сфаќа бракот, како следен и посериозен чекор од врска, супер. Дека е така, не се согласувам.
Еве тука во Шведска многу е нормално чинот на брак да настапи после имањето деца. Не гледам дека децата кои растат во таква средина се понесреќни или дека им фали нешто. Односот меѓу двајца партнери е само нивен и е дистинктивен од родителскиот однос, за мене брачен партнер/партнер и родител се две неповрзани инстанци.

Од друга страна па, што е родител? Која е мајка на посвоените деца, таа што ги родила или таа што цел живот бдеела над нив како сопствени?

Кој одлучува чиво родителство ќе служи како постулат за останатите? Има ли идеален родител? Кои се бенефитите доколку детето е израснато во средина со двајца хетеросексуални родители во споредба со хомосексуалните, или па од самохрана мајка? Бидејќи за едно дете да израсне во здрава индивидуа, според мене најбитно е родителот да е активно вклучен, не само во воспитувањето туку и во секојдневниот живот. Да има време и да има трпение после работен ден да седне и да поигра со детето, да одговори на сите негови прашања, да прочита приказна, да позборува со него за денот.

Доколку оваа средина може да биде искреирана од две жени, или од самохрана мајка, немам ништо против. Се додека детето има внимание и љубов. Има многу деца израснати во семејство со мајка и татко, кои никогаш не осетиле прегратка или љубов или било каква форма на афекција од таткото. Општо мислам дека генерациите татковци од 70ти и назад се грото сите емоционално незрели. А нема полошо од таков родител и таква траума за дете. Тоа се носи цел живот, афектира формирање врски, пријателства, ставови кон животот и испливува на површина кога самото дете станува родител. А нема потешко од бидување родител и лечење на внатрешното дете истовремено.

Има еден интересен термин, married single mum. Се однесува на жените кои се во брак/врска со маж, но сепак најголем дел од одгледувањето и грижата за децата им припаѓа нив. Ова е генерално точно за првите години од животот на децата, можеби до кај 3-4 години. Но, има и случаи ( и лично познавам многу ) каде ова станува норма и после таа возраст. Невидливиот товар на грижата за деца кој можеби е биолошки, кој вклучува, на пример, колку и што и дали детето јаде, кога е време за следна вакцина, која е таа вакцина, дали треба да се прими сега или да се почека некое време, дали патиките што ги носи му се мали и е време за нови, менување на цела гардероба бидејќи ја надраснуваат со брзина на светлината, дали овој осип беше тука вчера или е нов, кога е време да закажам прва посета на стоматолог, дали излезе тројка или само така е црвен во образите или е нешто друго итн. Мозокот на мајката размислува вака, 24/7. Проблемот е што вака не размислуваат мажите, па самите жени ( и ова сум го дискутирала со многу пријателки со деца ) се чувствуваат како да одгледуваат две деца. И е навистина многу голем ментален товар, покрај сите потешкотии што ги носи родителството. И доколку овај товар не се сподели меѓу двајцата родители, тогаш имаме семејство со мајка и татко, ама мајката е и мајка и татко, само таткото уште не е свесен за тоа. И вакви семејства авторот на прашањево ќе ги дава како пример за функционални семејства со двајца хетеросексуални партнери кои според него произведуваат посупериорни деца од останатите.

За мене, среќно дете е најбитно на крај на денот. Таа среќа може да биде производ на било која комбинација на партнери, мажи, жени, самохрани мајки. Посвоени деца, инвитро, по природен пат, финансирано од државни пари или приватно, ништо не е битно колку насмевката на едно дете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom