Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Во 2023 @Dumbledore возобнови една традиција, со отворање на темата „Книжевен предизвик за 2023“, која, изненадувачки за мене, сосема пристојно се држеше на форумот. Народот, сепак, ЧИТА!

Еве колку книги прочитавме во 2023:

@Harald - 31
@Mihaela005 - 30
@Saladin - 29
@Major Tom - 17
@Miss.Independent - 13
@<<Goku>> - 12
@Zlatikevichius - 10
@Saber Rider - 7
@Dumbledore - 7
@volare_g - 2
@Aceso - 1

Вкупно 159 книги! (y)

@X3m , @Coca Cola , @Darling , @SK-92 , @Matt Bevilaqua , @snatch , @Стев , @JBTgirl , @Sledge Hammer , @godlikebt112 , @FilipMKD007 , @Lavander , @Leo Bonnie , @Darklady , @Ne_sum_ja , @JaqenH'ghar и @Imperatorot се пријавија во предизвикот, но не ги видовме да објават дека нешто прочитале.

За 2024 со многу поразлична и пореална анкета. Се надевам дека темава ќе заскокотка многумина да се разбудат од зимски сон и барем по 1 книга да прочитаат во 2024. Останатите - пријатно читање! Споделувајте ги вашите рецензии, коментари, препораки за книгите кои ги читате во темава, и се надевам на крајот на годината ќе бидеме побројни од лани.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
777
Поени од реакции
2.399
Интересна тема,се надевам ќе се дружиме во иднина,ќе може да споделиме ,размениме,препорачаме по некоја книга.Нека почне годината така,еве лани јас имав 5 прочитани книги обврските си го направија своето,оваа година идам храбро на +10 книги.Поздрав екипо
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.435
Ај додај и 15 како опција, плс :unsure:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.413
Поени од реакции
11.232
Actually јас минатата година прочитав вкупно 22 книги. Само очигледно сум застанала на бројчето 1. Инаку, добар дел од книгите што ги читав се романтични па мислам дека не би ви бил привлечен мојот избор.

Годинава нека бидат 20.

Моментално читам Надија Хашими - Искри како ѕзвезди.

IMG_6257.jpeg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Ај додај и 15 како опција, плс :unsure:
Додадено.

@Aceso , се смени твојот избор во 15 книги кога ја додадов опцијата во листата. Направив да можеш да го смениш гласот, ако сакаш промени го, зашто ќе ја затворам таа опција наскоро.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.389
Поени од реакции
5.742
~12 книги имам прочитано во 2023 меѓу кои:

Целиот серијал на Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс
Авантурите на Арсен Лупен - Морис Леблан
Обломов - Гончаров
Злостор и Казна - Достоевски
Неугодното во Култура - Фројдчо
Појадок кај Тифани - Капоти
Психологија на толпа и анализа на его - Фројд (~ е поради оваа книга затоа што е расцепкана на повеќе негови дела)

Книга која највеќе ми остави впечаток во 2023 е: Обломов
Иако имаше некои досадни делови, во глобала многу убава книга со исто толку силна порака...која што ме замисли.

Во моментов читам две книги тоа се:
Фаталистот Жак и неговиот господар - Дени Дидро
Толкување на Соништа - Фројд
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
20 книги прочитав ама престанав да внесувам тука, ме фати мрза да пишувам за секоја кратка рецензија :unsure:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
@X3m , @Coca Cola , @Darling , @SK-92 , @Matt Bevilaqua , @snatch , @Стев , @JBTgirl , @Sledge Hammer , @godlikebt112 , @FilipMKD007 , @Lavander , @Leo Bonnie , @Darklady , @Ne_sum_ja , @JaqenH'ghar и @Imperatorot се пријавија во предизвикот, но не ги видовме да објават дека нешто прочитале.
Ќе објавам јас листа после празнициве ако уште се рачуна. Имам уште 100 страни од "1984" а почната ми е пред 2 недели.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.822
Поени од реакции
36.855
Најслаба година ми беше 2023 во последниве десетина години. Само пет прочитани книги.

1. Али и Нино - Курбан Саид
2. Ајншајновите сништа - Алан Лајтман
3. За едно дете - Ник Хорнби
4. Десетте најдобри раскази на светот - група автори
5. The innovator’s dilemma - Clayton Christensen

Али и Нино, и За едно дете од Хорнби се прекрасни книги. Ептен ми се допаднаа. Али и Нино е ептен интересен приказ од историски аспект на една земја која доживува големи турбулентни промени, културолошкиот фактор на народите во тој регион и љубовта на два лика кои потекнуваат од различни светови. Сакав за книгата од Хорнби да напишам една подолга рецензија дур ми беше свежа оти Маркус ми остави силен впечаток, ама не стигнав.

Се надевам во 2024 се враќаме на старите патеки со 15+ прочитани книги, а и ќе се обидам да бидам по редовен со рецензии, макар и кратки.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
2023-та ми беше така-така некако со читањето, кроз многу други обврски, тешко и да наоѓав време. Годинава, се надевам малку подобро. Ќе се пробам со 12, барем една месечно, а ќе гледам и да надминам. Ја почнувам годината со:

1. Казуо Ишигуро - Никогаш не оставај ме
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
01. Мистериозниот случај во Стајлс - Агата Кристи (Арс Ламина, 2020)
1705513129092.png

Во 1920 година кога Кристи конечно успеала да го објави ова, немало турски серии, немало никакви серии впрочем, што би внеле забава во здодевните животи на очајните домаќинки, па така една ваква мистерија ним им дошол како кец на десетка. Дополнително, можноста која Кристи им ја укажала да бидат сами во улога на детективи кои ќе откријат кој и дал отров на една несреќна стара жена фрлил во нивното досадно секојдневие една неверојатна авантура која била восхитувачка и која се прераскажувала и пренесувала помеѓу пријателките и со децении потоа. Подоцна, кога навистина се појавиле сериите (особено турските), восхитот кон ваквата книжевност морал да се намали, но се појавиле оние претенциозни тетки кои се чувствувале кул ако бидат видени во автобус како читаат книга, а ваквата „лесна литература“ била одлична можност за нив да ја поминат полесно задачата да станат кул и „ин“... Па така, не можам успехот на ова да го објаснам на друг начин.

Лошо, многу лошо! Очекував во секој миг Поаро и Хејстингс да се залапаат, уште таков пресврт фалеше. Малку беа сите глупости, па на крајот Кристи морала да ги задоволи домаќинките не со еден, туку со неколку романтични краеви, па мистеријата доби и свртување кон романса. Ќе и дадам уште неколку шанси на Агата Кристи, но ако по утрото денот се познава, не верувам дека ќе има многу успех кај мене. Ова беше едно ужасно искуство кое среќа заврши брзо, инаку не верувам ни дека ќе го довршев. Евтино и тривијално до бесвест!

2/5
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
Како што ветив во претходната тема, ќе пробам да водам евиденција за сите книги кои ќе ги прочитам во 2024.
Целта ми е нов рекорд односно најмалку 20 книги. Многу е веројатно дека нема да успеам со оглед на спориов старт и фактот дека купив неколку игри на последнава распродажба на Стим па така ќе се гејма многу често, но никогаш не се знае.

1) Процес - Франц Кафка

Иако ми одзема повеќе од планираното време, сепак сеуште не ми е кристално јасен Процесот од Кафка. Изгледав неколку видеа, барав малку по форумов и најдов само еден коментар кој најдобро ми ја опиша целата книга и Кафка во кратки црти.
Јас го напратив спротивното од она што е пишано во коментарот на Сусаро, и пропуштив многу детали на сметка на големата слика. Многу често си го замислував како е он во лудница и како сите овие судници, ателјеа, децата, сликарот, помошниците, трговецот и другите останати се само во неговата глава или пак други будали или персонал кои се во иста установа со него и сето тоа ми влијаеше на концентрацијата додека читав. Моментално ми текнува на речиси секоја глава, на сите случувања и карактери ама е дефинитивно книга на која ќе морам да се вратам за да ја совладам целосно.

Имаше моменти кои страшно потсеќаа на Расколников и ми делува како да Кафка за Процес има црпено инспирација од Достоевски.

Ќе ги прочитам и другите дела на Кафка во иднина ама тоа ќе го направам на англиски.
Факт е дека ми е полесно на мајчин јазик ама тука имаше одредени зборови кои кога гледав рецензии ми беше многу полесно да ги разберам на англиски отколку на македонски. Особено оние функциите во банката и судот кој после толку години живеење надвор од Македонија по природно ми одат на англиски јазик. Истото го помислив и за книгите на Орвел. Ок се преводите, немам големи замерки ама мислам дека подобро читање за овие книги конкретно би било на англиски јазик. (Знам дека Кафка оригинално пишувал на германски, меѓутоа одредени зборови како прокурист ми се многу малку слушани/употребувани а Junior Manager би ми скратило многу време и би ми помогнало да не се преоптоварувам премногу мислејќи на преводот)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Играм на 30 затоа што, изгледа, уште баеги време ќе бидам на боловање, па ќе видиме.
Почнав со оваа:

1. ,,Да се убие птицата подбивница" - Харпер Ли.

Наредна ми е ,,Идиот" од Достоевски.

Не сум по рецензиите, а со секоја завршена ќе постирам овде, онака, for diversity and shit.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom