- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 11.483
- Поени од реакции
- 20.825
Луѓе што ја напуштиле земјата е различно од луѓе што извадиле бугарски. Да ти разграничам. Тие што ја напуштиле, иако се екстремно досадни, не ми направиле никаква штета. Дури би рекол иаме и корист.Бугарите секако за нас ќе пишуваат дека сме бугари, без разлика дали некој се пишал на документ или не. Ако имал пасош тогаш бил бугарин. Ако немал пасош, тогаш исто бил бугарин ама се плашел да признае.
Имам доста колеги бугари и често знаеме да дискутираме на темата. Поголем дел од нив не се замараат многу по ова прашање (или барем така зборат со мене) и ми викаат ОК си е Македонија, вие сте си Македонци тоа е тоа. Ама има дел од нив тврдат работи како: "Има многу бугари во Македонија ама се кријат, Југославија нас не присилила да ги мразиме бугарите итн...". Е со овие знаам со саати да се карам на темата. На крај кога ќе снемаат аргументи те гледаат како теле и си одат, ама следниот пат кога ќе се видиме, истата приказна.
Едноставно, државата таму им го пере мозокот за нас и тоа е многу тешко да се смени.
Затоа викам, не е битен пасошот, битно е зошто го вадат луѓето. Ако утре ја направиме Македонија подобро место за живеење, голем дел од тие Македонци со бугарски пасоши може ќе се вратат да живеат тука. Дали треба да ги гледаме со потценување затоа што биле "пичкици" и избегале од тука кога било тешко? Можеби. Ама тогаш треба исто да гледаме на сите групи на луѓе кои ги набројав погоре, кои на овој или оној начин и наштетуваат на државата.
Луѓето со бугарски индиректно ни штетат на останатите луѓе кој сакале нејкеле сме Македонци. Нивно право, нивен избор. Ама дека ќе им аплаудирам бидејки за нивна лична корист ни наштетуваат на сите останати, нема. Напротив, треба што поише да им се плеска у фаца тоа.

