- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.803
- Поени од реакции
- 6.824
- Возраст
- 32
Ова со тротоарите и колите важи само за густо населени подрачја. Еве дојди во Маџари, Ченто, Хиподром на пример. Ден денес децата идат сами во школо, сами се враќаат. Не живеам веќе таму, моите се таму ама гледам што се случува. Ако треба некое утро ќе отидам таму и ќе искочам на улица и ќе ти снимам. Да ти докажам.Да ми извиниш, ама врска ти нема муабетот.
Во наше време можеше слободно да оди дете во школо затоа што постоеја тротоари, бројот на автомобили беше едно 10 пати помал, а јавниот превоз беше многу поредовен. Се возеше далеку подобро од сега. Јас како возрасен не можам да преминам улица, немам каде да одам, а не па дете што уште ништо не разбира од светот.
Сменети се работите тоталка, никаква споредба нема со порано.
И тука не се зборува за веќе израснати деца што одат во школо, туку за растење на мали бебиња. Ќе си го пуштел во градинка и готово. Од ова се гледа дека ниту имаш деца, ниту имаш поим како оди тоа.
Во градинка детето ми оди една недела и после е болно 3 недели. Константно. Од септември досега.
Кој мислиш дека ќе ти го чува детето кога е болно? Дека во градинка кога ќе се закашла, одма ти се јавуваат да си го земеш. Земаш боледување, трошиш цел одмор, па ако земеш боледување на име на детето, фондот ти дава плата по 2-3 месеци итн. Мислиш дека некој ќе те толерира до бескрај во денешницата? Ти се јавуваат и ти викаат веднаш дојди да си го земеш детето. Како ќе излезеш од работа кога сакаш, ако немаш помош од никого?
Во иста група се деца од 9 месеци до деца од 3 години, затоа што Скопје е пренаселено и нема доволно градинки.
Постоечките ги реновираат пред избори и реновираеето трае 2 години, па капацитетот дополнително се намалува. Нашата најблиска градинка е на 15 минути пешки. Дали мислиш дека зимно време, на овој загаден воздух некој ќе го носи детето во количка пешки? При тоа, не постои тротоар, улиците се хаос од сабајле, преминуваш булевари каде што никој не то застанува итн.
Со кола кога го носиш, не постои паркинг, крижиш ко морон додека некој не излезе и да се пикнеш и да стоиш со 4 жмигавци додека го оставиш детето. Касниш на работа сто саати.
Тоа што скопјани се напикаа во најгустите делови и сега кукаат дека немаат тротоари никој не им е крив.
Еве јас намерно земав стан во 11 Октомври, една причина беше баш тоа. Дали ќе може детето само да иде да се враќа од школо.
Сега е прво оделение и сеуште е мало, новото прво се води како во наше време градинка. Ама од другата година планирам само да го пуштам, иако не ми е проблем да го носиме зошто по пат ни е секако. Ама ќе си се враќа само.
Загадениот воздух имаше од секогаш и порано сме дремеле на надвор на загаден воздух. Немој да си кажеш тоа е нешто ново. Не се мереше порано, немаше медиуми па не знаевме што дишеме.
Во градинка да нема место сегде, ама може да се снајдеш. Ние го запишавме дури во Пржино зошто таму имаше место. Дали ни направи тоа проблем, не. И пак ќе кажам зависи каде живееш. Ене ти ги градинките по другите населби не се толку пуни, никој не е крив што се напикаа сите во центар.
Дали ни правиле проблем за болно дете? Да, ама само ако има температура. Никогаш не ни вратиле дете заради тоа што кашлало или му течело нос. Кога ни го вратиле што правиме, мајка му зима боледување или слободен ден.
Како бе порано, не сте се разболувале? Мајка ви не искачала од работа за да ве чува? Мајка ми ме оставала сама кога сум бил болен, уште сум идел во градинка. Ќе кажела само на комшиката да ме погледнува на некое време да види да не ми се случило нешто. Сум плачел сум рикал, ќе ми купила сликички од европско првенство и ќе сум се смирел.
Последна година во градинка имав проблем со спиење, ме тераат да спијам ама јас не сакав. Мајка ми им кажа кажа, пуштете го пред спиење да си оди си го знае патот он. На мој 5 год, сам си заминував од градинка. Ете како ме чувале.
Премногу им се замарате на децата, пуштете ги да се снајдат сами малце, да осетат како е да се сами. А не да ги угушите во сукњата и после проблеми ќе има, па ќе има.

