Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Село Гори , баба се чеша
 
Трајно и задолжително ќе им се одземаат возилата на дрските возачи кои значително ја надминуваат дозволената брзина и кои претходно веќе биле осудени за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Една од измените е дека судот може да изрече престанок на важење на возачката дозвола од определена категорија во траење од една до 10 години, а за тоа време, а понекогаш и подолго, сторителот нема право да се стекне со возачка дозвола од истата категорија.

Измените предвидуваат казна затвор од 3 месеци до 3 години или парична казна за тој што не се придржува на прописите за безбедност и ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи со моторно возило со: концентрација на алкохол над 1,5 г/кг во крвта, со употреба на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, возејќи во спротивна насока на јавен пат, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 50 километри на час во населено место или за најмалку 70 километри на час надвор од населено место.

Истата казна ќе важи и затој што организира, учествува или на друг начин овозможува недозволени трки со возила.
 
И како ќе утврдат дека е издрогиран? На секоја сообраќајка мокрача ќе земаат?
 
И како ќе утврдат дека е издрогиран? На секоја сообраќајка мокрача ќе земаат?

И крв може медицинска сестра да земе што ќе дојде со амбулантата.

А мислам дека строги казни за организатори и учесници на “трките“ е една од подобрите идеји.
 
По очите се познава.
Си пиел? Ќе го познае по очите или ќе му дувне у фаца. За на суд, осигурително, записник прва лига доказ.
И крв може медицинска сестра да земе што ќе дојде со амбулантата.

А мислам дека строги казни за организатори и учесници на “трките“ е една од подобрите идеји.
Амбулантна ептен ако се потешки повреди. Носот го лупнала едната шоферка, нема проблем велат од увидна, оди во Градска. Што значи за секоја сообраќајка нема шанси да се повикува возило, кога веќе недостасуваат и за други итни случаи. Мерач на алкохол има и го даваат на увид на сите учесници, се прави записник и се потпишува од сите. Мерач за дрога, ска. Као што нема ни полициска камера.

За рутинска контрола без сообраќајка да не збориме
 
Последно уредено:

Битно е да се почне, макар со посериозни сообраќајки.

Верувам дека евентуално ќе се набават некој drug test kit па ако покаже позитивно те праќаат/носат у амбуланта.

Таман еден традиционален тендер некој да лапне.

1766065575582.png
 
За дрога те интересираше.
Не зезај, не е ова филм па ај ќе го познаваме по очите.
Автоматски споено мислење:

Битно е да се почне, макар со посериозни сообраќајки.

Верувам дека евентуално ќе се набават некој drug test kit па ако покаже позитивно те праќаат/носат у амбуланта.

Таман еден традиционален тендер некој да лапне.

Прегледај го приврзокот 463939
ако имаат вакво нешто, ок. Само кога нешто потенцираат со закон, дали имааат е прашање. Нека зимаат тендери. И така кој дојде маме е**ава на буџетите.
 
Последно уредено:
Ти си премногу бумер за некои работи.
Не знам што значи бумер, тоа се некои ваши изрази, не е ни битно. Али да тврдиш дека е доказ ако полицаец го погледне во очи да види дали и колку е издрогиран и тоа да го стави во записник е повеќе од апсурдно и смешно со оглед на тоа дека за се се бара доказ. Со и над одредени граници.
 
Значи раширени зеници и крвави очи се индиција дека некој не е трезен.
Потоа го замолува да излезе од кола и му прави моторни тестови. Потоа го замолува во станица да го тестираат.
Сега разбираш вака или повеќе треба да ти се дроби?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom