Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Се чудев како го немаше до сега да пише ама еве го, срцето ми е на место сега.

Нема смисла веќе неговиот живот, нема да може да го пичи на Партизанска.
Фала што ме мислиш, позз бек.
Само нешто ќе те прашам, за другите ми е јасно веќе. Како бе брат треба да го сфатам хехенцето на овој пост?
 
Последно уредено од модератор:
Се надевам и јас дека некогаш ќе разберете дека има разлика помеѓу брза и небезбедна вожња, ама чисто сумљам дека тоа ќе се деси.
Што побаво се вози подолго возиш и има повеќе ризици, без обзир ти како возиш, некој од спротивна страна или бочно или отпозади да те учука...јас сум во години, ретко возам долги релации, бев 2 пат со кола до Охрид кога беше короната...претекнувам секој кола на угорниците, каде има лента за претекнување, но јасно надолу возев побавно, а на автопат по пропис. Проблемот кај нас е што не се тргнува веднаш кога е Зелено, а и се Намалува брзина на семафор ПОД дозволената, Да не одел некој на Црвено, по Цена да се помина на жолто/црвено, што викаше Миле Паника на скечот, идам јас нормално на црвено кога еден будали ме учука... Остај тоа на времето лично сум бил на суд (за член на фамилија), корумпиран судији ми кажува прикаски, не е битно ако накој со на пример 150 ја помине раскрсницата , ти ако се вклучиш од паркинг, тротоар или свртиш полукружно пред семафорот, ТИ СИ КРИВ....му кажав дека на бул.Јане Сандански има одвојување за Полукружно ПРЕД СЕМАФОР, јасно да се оди кога е зелено за Лево и да се пази на тие што влагаат со вртење десно, да не се зафаќаат десните ленти...судијата се налути, тоа било лд време на Југославија....Да потсетам дека во Уса не требе посебно Допунско за Десно, ако за Право е Зелено, кај нас казнуваа и за тоа...Пак да потсетам на ЦикЦак возењето, некој се прават паметни и претекнуваат колона, па се убацуваат кај нас тоа слабо се казнува, а сега со возење 40 убацувањето е ушто поглупаво и поопасно...
Автоматски споено мислење:

Ова му е мајката, нема да надминеш 50, а има старт на мали брзини

1764955342125.jpeg
 
Последно уредено:
И пешаците се учесници во сообраќајот. Согласно тоа мора да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци како и возачите. Дури и повеќе претпазливи пошто се многу поранлива група.
Дали некој пешак некогаш бил казнет и затворен заради сообраќајка?
 
Дали некој пешак некогаш бил казнет и затворен заради сообраќајка?
По енти пат, јас кажувам што пишува во законот и што е логично. Штом ти излезеш на тротоар, ти си учесник во сообраќај, ти се допаѓало или не. Пешак, пешачки остров, пешачки премин...
Член 2
„Пешак“ е лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило, ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, мопед или подвижен стол за немоќни лица, лице во подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или со сила на мотор, ако притоа се движи со брзина на човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери
Казнуван е за сообраќајни прекршоци, малку логика не е на одмет.
Автоматски споено мислење:

Патем ако се потрудиш барем малку, ќе најдеш и такво нешто. Дали биле затварани, истражи. И истражи кој што пишувал и за што.

Четири од вкупно 78 сообраќајни несреќи биле предизвикани од пешаци, во 72 виновни биле возачи, а останатите две се случиле поради други фактори, покажува статистиката од МВР од 1 јануари до 31 август.
 
Последно уредено:
Фала што ме мислиш, позз бек.
Само нешто ќе те прашам, за другите ми е јасно веќе. Како бе брат треба да го сфатам хехенцето на овој пост?

Брат, што се буниш не знам, и онака скутерчето не ти крева више од 50. :kafence:
 
Ќе има општо влијание на безбедноста, и тоа е добро и затоа резервирано го поддржувам сето ова иако ми е јасно дека на тие што го прават ова на прво место им е контролата. Не безбедноста.

Јас ќе се адаптирам и нема да јадам (премногу) казни. Тоа што не се разбира во ваквите еуфории, е дека кога ќе се десат срања каде е инволвиран некој со врски - ништо нема да се смени. Магично ќе испаднат неисправни камерите, или неупотребливи/замаглени снимките. Истото и со другите камери по институции и приватни фирми. Веќе видено многу пати.
Правда нема да има во оваа држава. Нема сѐ додека не почнат бандерите да се употребуваат и за други поважни намени од обично осветлување.

Во меѓувреме ќе делкаат обичен народ со постари и поевтини аута без лимитери, и ќе вработуваат уште повеќе џаболебари и паразити во администрацијата... Тоа едновремено додека некои се палат на нетолерирање на маргините на статистички грешки на мерните уреди.
Мартин Нешкоски, Никола Младенов и други примери...https://sdk.mk/index.php/makedonija/15-000-denari-bila-platata-na-sopatnichkata-na-dime-spasov-koga-ne-odela-na-rabota/
 
Зашто на Уставен? Дал ќе те сними и казни возило или преку камера, некако не гледам разлика. Сум грешил, ќе го плаќам. ДруКпат памет и ќе се внимава бар на булевариве
 
Се надевам дека Сејф Сити ќе биде успешен проект, бидејќи е прв сериозен чекор кон менување на навиките на нискоинтелигентните Македонци(а тие за жал се мнозинство). Се надевам дека отпадот и депониите ќе бидат следна цел бидејќи е ненормално како со децении живееме во ѓубре.
 
Ne moesh SK da imas ogranicejne do 50km/h na sekoja ulica, van zdrav razum e i morat da se proektirat podobro. Partizanska, A.Makedonski, J.Sandanski ednostavo vo grad sho e graden vo dolzina morat da se barem do 70km/h , isto kako sho i nekoi od tipot na O.Nikolov, Majka Tereza i slicni trebit da se pod 50km, ednostavno e. Ovoj OMG imat pravo samo e sakam kazam neznam recam, koa ke vidam toa mladi napijani, najgolem del od zenive ili sponoj kako vozet ednostavno koza mi se ezit ne e samo do brzinata edonostavno ne e sekoja budala za vozilo. Bilo kako bilo i dobro sho im tekna na ova, SafeCity super e za pocetok samo morat da nadgradit i usovrsit so tek na vreme
 
масовно намалување на сообраќајки после проектов. Иако квичите сите има разлика.
 
Страв ми е од одредени овде кои упорно криват пешаци.
Ние сме народ што не почитува ништо. Ни закон, ни норми некои општествени.
Ќе се научат да си го планираат времето.
Автоматски споено мислење:

Апсолутно дека секој мора да внимава и да се придржува до сообраќајните правила, но тоа не го менува фактот дека возачот е правно виновен доколку нешто се случи.
Затоа прилагодување на брзината е круцијално, пишав погоре статистика, во зона кај што е дозволено 30, некој ако вози со 40 веќе значително го зголемува ризикот за смртност кај пешакот.

Има причина зошто има ограничување на брзината, не е туку така, не е за да намерно се закочи сообраќајот. На крај краева влегуваш во динамична околина со самото влегување во сообраќај, доколку прилагодување на брзината и пазење колку возиш ти претставува стрес, може и не треба да возиш.

Цел свет вози вака, тука во дистанца од 1км може ограничувањето да се промени 3 пати, секој се прилагодува на истото.
Ги давам скандинавските земји за пример, каде ова е стандард, а истите земји се најбезбедни во поглед на смртност во сообраќајот во Европа и во светот.
Кај нас зборот дистанца е мисловна именка. Да можат ќе се залепат до браник скроз. Така и се дешаваат повеќето хаоси
 
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom