Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
Не ми е прва книга од Достоевски :)
Во кој смисол неженска?

Има некоја најверојатно еволутивна причина зошто жени пројавуваат диспропоционално далеку помалку интерес за одредени теми од мажи и обратно. Ако можеш да приметиш и тука на форумов и на други форуми, а и во живо, женскиот интерес за политика, филозофија, историја (онаа општествената, не онаа која со кого се ебела кој и бил бивши, која кого го изварала пред 5 години и слично) е далеку во дисбаланс од машкиот. Епа од сите негови книги оваа е таа која обработува најмногу вакви "машки теми" од оние погоре набројаните плус тука љубовната тематика како тема која статистички е од поголем интерес за жени му е најмалку застапена од сите останати книги.
Или може и вака. Ако одбереме 100 Трајанки од улица на рандом и ги "принудиме" на сила да ги прочитаат книгите на Достоевски јас познавајќи ја женската психологија онолку колку што ја познавам сум убеден дека оваа ќе им биде најгадна. Не дека и другите ќе ги мирисаат многу-многу, ама оваа посебно ќе им одмили. Е сега тоа што ти како една од петте Трајанки за кои нема да важи ова те прави исклучок, а не негација на правилото, затоа што пер капита повеќето ќе ја одвојат баш неа во негативна смисла.

Па така како што Ед Ширан е повеќе "женски" пејач, Сексот и Градот е повеќе "женска" серија, а Дневникот на Бриџит Џонс повеќе "женска" книга и филм, по истиот принцип оваа книга е "(по)машка" или "неженска".
 
Шознам, читање не е популарно ни кај мажи ни кај жени во денешно време, ама оваа е класик, безвременска, и не би ги карактеризирала класиците на машки и женски. Малку ми е глупо, зарем Илијада е машка книга?
 
Само затоа што е класик не значи дека не следи некој полов патерн на публика. И Лоренс од Арабија и Кум се класици па ако направиме анкета ти гарантирам дека повеќе ќе бидат преферирани од машка публика. Во сите уметности знае да има патерн, секако не секогаш. Сум приметил од лично искуство на пример дека колку музиката е "потешка" толку помалку жени имало на концерти. На музички правци како псај транс, дет метал, хардкор панк и слично публиката во најоптимистички денови била 80-20% мажи-жени. Нормално дека "научно" или "официјално" не можеме да карактеризираме на машки и женски. Ама во пракса и незванично јас барем можам затоа што имам статистичка основа за тоа. Па така што ти ја знам нормално дека за The Notebook ќе кажам дека е "женски" филм, дека Ед Ширан и Тејлор Свифт ми се "женски" пејачи. Има и "родово неутрални" каде што нема голема разлика во полот на конзументите. Така да нема врска класика-некласика, ако има полов патерн има полов патерн. Ако нема-нема.
 
Во ред, ако користиш такви едноставни патерни.
Ќе ми простиш ама многу непотребно мислење.
 
Во ред, ако користиш такви едноставни патерни.
Ќе ми простиш ама многу непотребно мислење.

Не сите мислења се прават за потребност, нешто е и за заебанција или затоа што така ти е ќејф во моментот. Плус ми побара да ти објаснам во која смисла е неженска книга, ете ти објаснив.
 
Не сите мислења се прават за потребност, нешто е и за заебанција или затоа што така ти е ќејф во моментот. Плус ми побара да ти објаснам во која смисла е неженска книга, ете ти објаснив.
Непотребно за тебе, не за мене :)
 
Ко за женско многу си отишла у длабокото. Си требала да ја земеш "Ова завршува со нас" од Колин Хувер. Не улавај толко у длабокото. Ова беше задолжителниот "мизогиничен" коментар што по закон морам да го дадам.

Те молам кажи дека се зафркаваш. :D :D :D
 
Црниот Мачор (Раскази за Мистеријата) - Едгар Алан По

Книга со мистериозни и морбидни приказни. Ја сочинуваат 12 приказни, најголем впечаток ми оставија Овалниот Портрет, Маската на Црвената Смрт, Црниот Мачор, Убиствата на улицата Морг.
3/5

@Sussaro Следно ќе читам женска книга, ми фали малку женска енергија. Одам со Џејн Остин. :)
 
Последно уредено:
23. Мрачни тајни - Микел Хјорт и Ханс Розенфелд - 6.5/10
Ова е една од книгите што ми се во категорија “веќе видено“ и за една година ќе заборавам за што била, а и воопшто дека ја имам прочитано, најверојатно самиот наслов “ќе ми испари“ од глава. Сепак свесно земав вакво нешто полесно да читам, за малку да се стабилизирам од “Моби Дик“, после ова ќе прочитам уште една од категориите “полесна литература“, па ќе се вратам на класиците. Книгата е класичен крими трилер “сетап“, каде што извршено е убиство, па цело време се наведува дека виновникот е една личност, па како тече истрагата влегува втор осомничен на радар, за на крај убиецот да биде сосема трет човек што само површно се спомнал, а причините да се сосема различни од тие цело време што сме смислеле. Притоа почнувајќи со неколку паралелни приказни, развивање на карактери и нивно пресретнување како што минува дејството. Не беше лоша за читање, држеше внимание, но нема што посебно да одвојам тука, Тес Геритсен или Линвуд Баркли тип на книга. Сум кажал неколку пати за нив, првите неколку ќе ви се феноменални, ќе ги голтате буквите со очи, но потоа се ќе ви биде репетативно и шаблонски напишано, бар јас лично така ги доживеав. Не памтам дали друг пат имам прочитано книга од шведски автори, за понатака ми е дефинитивно планирана “Девојката со тетоважа на змеј“ (од шведски автор). Ако ви е за да поминете време и да пуштите мозок на пасење, добра е, ако ви е за нешто посериозно да прочитате, прескокнете.
24. Збогум најмила (Night Road) - Кристин Хана - 9/10
Книгава е тежок емоционален ролеркостер, не е 10ка оцената бидејќи беше предвидлива во голем дел и имаше некои клише моменти, но приказнава е ежење... Од истата авторка ја имав прочитано и “Прекрасна самотија“, книга за случувања во Алјаска, која имаше многу моќни описи на пределот и убаво доловен амбиент, па затоа и се нафатив да ја читам “Збогум најмила“. Приказна за тоа како загубата на млад живот може да ги промени животите во целост, како човек се менува и заборава на се кога телото го преполнува тагата. Бес и енергија насочен на погрешно место, пукање на сите страни. Приказна за моќта на мајчинството, конекцијата на близнаците, саможртвувањето, простувањето, истрајноста. Сум се нашол во ситуација кога сум си викал “ова да не се случеше или бар тоа да не го направев или барем тоа и тоа..“, но сите тие низа на настани се случиле со причина, а енергијата место да бараме различен епилог на тие 'what if' сценарија во минатото, ќе мораме кога тогаш да ја пренасочме на сегашноста и иднината, на тоа на кое што можеме да влијаеме. Ја препорачувам на секој кој му е до лесно читлива, трогателна литература.
 
Од следната година ќе се потрудам како читам така да внесувам тука со кратка рецензија, сега ми се насобраа што од неактивност на форумот што од моја страна па заборавени ми се некои впечатоци; затоа сега само ќе набројам што имам прочитано оваа година.

1. Големиот Гетсби - Ф.С Фицџералд

2.Човекот кој шета книги - Карстен Хен

3.Земјата што ја газиме - Хесус Караско

4. 9 Ноември - Колин Хувер

5. Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски

6.Диссомнии - Игор Станојоски

7. Појадок кај Тифани - Труман Капоти

8. Тупаници - Пјетро Гроси

9. Ние децата од железничката станица ЗОО - Кај Херман и Хорст Рих

10. Авантурите на Артур Гордон Пим - Едгар Алан По

11. Canone inverso - Паоло Мауренсиг

12. На запад ништо ново - Ерих Марија Ремарк

13. Парфем - Патрик Зискинд

Прочитав и многу стрипови оваа година па ако се бројат и тие или ве интересира ќе ги пишам и нив:

Berserk manga 1-24 volume
Drifters manga 1-7 volume

Pulp - Ed Brubaker
Blacksad - Juan Diaz Canales
Tex: The lonesome rider - Claudio Nizzi
Asterios Polyp - David Mazzucchelli

Се читаме наредната година :)
 
04. The Leftovers - Tom Perrota

The_Leftovers_cover.jpg

Мислам дека ова ми е првата книга која е послаба од својата екранизација. Серијата си беше 10/10, овде останав разочаран.
Во еден момент, ненадајно исчезнува 2% од светската популација. Романот опфаќа 2 семејства погодени од оваа трагедија. Градоначалникот Кевин заедно со неговите 2 деца и жена му - не губат никој но жена му Лора се приклучува кон секта. Нора Дурст која го загубила целото семејство - мажот и 2те деца. Сектата кон која се приклучува Лора е создадена со цел да припомни за несреќата. Имаат неколку правила од кои: мора да бидат облечени во бело, да пушат, да одат по двојки, прават заклетва за молк. Погодена од напуштањето на мајка и, ќерката Џил, се впушта во се обратно од она што го живеела пред тоа. Синот Том прекинува секаков контакт со домашните и постојано се мести од едно на друго место како член на движење, заедно со бремената девојка Кристин. Нора се обидува да го продолжи животот сосема сама, додека не го запознае Кевин. Двајцата бараат утеха во целиот тој хаос.
Книгава е многу лоша. Признавам дека последните страници ги читав површински. Иако идеата и насловот на книгата е да се занимаваат со мистеријата и изчезнувањето на луѓето, овде гледаме еден обичен љубовен роман со споредни ликови. Апсолутно разочарување. За разлика од неа, серијата, како што кажав, нуди секаква мистерија, интриги и слично. Гледајте ја ако ја немате.

2/5

Годинава во читателски план разочарав. Само 4 книги.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom