LustingVertigo
Snopdan Dogovich
- Член од
- 1 декември 2017
- Мислења
- 998
- Поени од реакции
- 1.630
Два пати во последниов период го минам цел процес на интервјуирање, од првото со ХР, до практичен тест кој трае со саати, до последното со Executive, и двата пати сум одбиен на крај. Втората компанија, тие ме контактираа, немав аплицирано.
Крајно фрустрирачки е да потрошиш толку време и енергија, да поминеш низ 3-4 интервјуа, за на крај да добиеш негативен одговор.
Патернот е ист. Процесот на интервјуирање е релативно брз, компанијата е доста проактивна и гледа да ме помине низ истиот што е можно побрзо, добивам позитивен фидбек низ секој чекор, и на крај ме оставаат на чекање неколку недели, за да одберат друг кандидат.
Каде грешам? Или не грешам никаде, таков е пазарот?
Еве сега, и трета е на повидок, кои, повторно они ме контактираа, и веќе поминав двe интервјуа.
Не си сам и те сваќам како се чуствуваш. На многу баратели на работа моментално му се случува истото што тебе ти се случува, порано вака не беше пред 3-4 години се сеќавам.
Јас искрено, бидеќи и компанииве во кои интервјуирам ги анализирам целосно, каков продукт градат и дали задачата/тестот што ќе го пратат е поврзан со продуктот - доколку да, барам компензација за времето бидеќи многу мнооогу фирми праќаат задачи за да си решат некој таск во продуктот што им е во бакетлист.
Доколку сметам дека таскот ќе ми одземе повеќе од 7 часа, барам компензација обавезно.
Во спротива ич не ни се замарам да го комплетирам како што фирмите не ни се замараат да дадат фидбек или конструктивен критисизм за процесот. Нема шанси уште еднаш да потрошам 25 саати во процес на вработување за на крај да ми затворат врата. Јок. Тие педери јас попедер.
Особено со скоро 6 години работно искуство, не иди во предвид јас на некој да му дадам бесплатна додадена вредност или да им решам некој проблем/да ги инспирирам/насочам или да извлечат каква била вредност од мене доколку е прекумерна, а не компензирана, тогаш едноставно работиш хонорарно фриленс за курац.

