ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Два пати во последниов период го минам цел процес на интервјуирање, од првото со ХР, до практичен тест кој трае со саати, до последното со Executive, и двата пати сум одбиен на крај. Втората компанија, тие ме контактираа, немав аплицирано.

Крајно фрустрирачки е да потрошиш толку време и енергија, да поминеш низ 3-4 интервјуа, за на крај да добиеш негативен одговор. :(

Патернот е ист. Процесот на интервјуирање е релативно брз, компанијата е доста проактивна и гледа да ме помине низ истиот што е можно побрзо, добивам позитивен фидбек низ секој чекор, и на крај ме оставаат на чекање неколку недели, за да одберат друг кандидат.

Каде грешам? Или не грешам никаде, таков е пазарот?

Еве сега, и трета е на повидок, кои, повторно они ме контактираа, и веќе поминав двe интервјуа.

Не си сам и те сваќам како се чуствуваш. На многу баратели на работа моментално му се случува истото што тебе ти се случува, порано вака не беше пред 3-4 години се сеќавам.

Јас искрено, бидеќи и компанииве во кои интервјуирам ги анализирам целосно, каков продукт градат и дали задачата/тестот што ќе го пратат е поврзан со продуктот - доколку да, барам компензација за времето бидеќи многу мнооогу фирми праќаат задачи за да си решат некој таск во продуктот што им е во бакетлист.

Доколку сметам дека таскот ќе ми одземе повеќе од 7 часа, барам компензација обавезно.

Во спротива ич не ни се замарам да го комплетирам како што фирмите не ни се замараат да дадат фидбек или конструктивен критисизм за процесот. Нема шанси уште еднаш да потрошам 25 саати во процес на вработување за на крај да ми затворат врата. Јок. Тие педери јас попедер.

Особено со скоро 6 години работно искуство, не иди во предвид јас на некој да му дадам бесплатна додадена вредност или да им решам некој проблем/да ги инспирирам/насочам или да извлечат каква била вредност од мене доколку е прекумерна, а не компензирана, тогаш едноставно работиш хонорарно фриленс за курац.
 
Два пати во последниов период го минам цел процес на интервјуирање, од првото со ХР, до практичен тест кој трае со саати, до последното со Executive, и двата пати сум одбиен на крај. Втората компанија, тие ме контактираа, немав аплицирано.

Крајно фрустрирачки е да потрошиш толку време и енергија, да поминеш низ 3-4 интервјуа, за на крај да добиеш негативен одговор. :(

Патернот е ист. Процесот на интервјуирање е релативно брз, компанијата е доста проактивна и гледа да ме помине низ истиот што е можно побрзо, добивам позитивен фидбек низ секој чекор, и на крај ме оставаат на чекање неколку недели, за да одберат друг кандидат.

Каде грешам? Или не грешам никаде, таков е пазарот?

Еве сега, и трета е на повидок, кои, повторно они ме контактираа, и веќе поминав двe интервјуа.

Од мое релативно скорешно искуство... I feel you :/
Многу зависи од тоа какво ќе ти биде интервјуто и што човек си. Бидејќи не секој перформира добро во одредени интервјуа и ситуации.
На некого повеќе му одговара - испрашување, на некого повеќе му одговара практичен тест и презентација на изработеното + дискусија. Зависи и од тој што те интервјуира, ако те интервјуира некој македонец lead во присуство на странец - рачунај дека ќе се иде ептен ептен у ситници (заради нашиот стокхолмски синдром и желбата да се покажат нашиве пред странските corporate overlords, демек види какви FAANG стандарди ние воведуваме во нашите процеси) и неретко таквите интервјуа се претвараат во "детално испрашувања пред суд". Не ретко се случувало да интервјуа стануваат претерано комплицирани и истоштувачки. Тоа е дел од процесот, јбг. Ретко сум наишол на некои искулирани при интервју.

Се случувало пример за фул-стак интервјуа цел саат да те пеглаат, онака буквално пеглање. Изрично им кажуваш дека си работел во реакт 16/17, они те прашуваат за некои нови concurrent rendering функционалности воведени во Реакт 18ка. Епа одјебете :)
Со среќа да најдат некој што ги знае сите тие детали за 2k плата.
Знам дека како невработен, буквално би прифатил секаква работа, ама и сам не би сакал да работиш во средина каде што за 2к плата бараат да имаш знаење и перформанс како за лид, плус да им работиш 3 работи во едно за таква плата. Невозможно е се да се знае се како пушка во моментот да се одговори. Тоа е тоа, идеш даље.

Нашиве компании се обидуваат да ја копираат Google интервју културата, ама за никакви плати, со токсична култура и со енормни очекувања.
Бараат unicorn senior engineer, а после те пуштаат да им поправаш некоја тотална безвезална и едноставна глупост што они ја занемарувале со години.

Плус, ако позицијата е remote, конкуренцијата е жестока. За позиции што бараат 4 години искуство аплицираат луѓе со 10+ години, едноставно затоа што remote позиции се реткост и секогаш поатрактивни.

Интервјуата се чини дека стануваат се потешки, а работата, благодарение на АИ станува се потривијална.

Не ми се ни спомнуваат гомнариите што ги прават - ghosting, отворени позиции со месеци, прибирање CV-a, давање генеричен фидбек за нешто што си потрошил денови во спремање/решавање. Катастрофа.

Ти посакувам истрајност и среќа.
 
Ова е поврзано со стилот на кој фирмите прават интервју.
Имаат една позиција, ќе закажат 20 интервјуа и ќе го чекаат најдобриот. И кога ќе имаш 5-6 луѓе кои добро поминале, мораш да ги филтрираш по нешто....
Пример мене ме имаат одбиено затоа што не сум видел дека еден API endpoint враќа Pageable, а правев интервју за позиција на софтвер архитект. Решив 100 пати потешки делови во интервјуто, па дури и кога ја увидов грешката објаснив и како ќе работи со pageable (многу поедноставно) али јебига. На крај ми пишаа дека тоа било одлучувачко.

Според мене, фирмите не треба да прават паралелни интервјуа. Ако стандардите ти се доволно високи и јасни, нема да има потреба од тоа. Едноставно правиш интервју со некој, ко ќе заврши интервјуто правиш анализа пола саат и одлучуваш дали сакаш да работиш со тој човек. Ако сакаш тоа е тоа. Не треба да бараш друг.
Ние работиме на овој принцип и досега топ се покажало. Сеа да, ако земеш да интервјуираш 121852189 луѓе најверојатно ќе најдеш некој подобар, ама дали тој е толку подобар за да ти вреди цело тоа интервјуирање на празно?
 
Najverojatno i ne im e zort da najdat covek sea, i intervjuiraat ako im iskoci hidden gem. Da im trebao stv ne bi se ebavale tolku vreme ni oni samite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom