Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ти стојат во банка со инфлацииве губат на вредност и можи имаш годишна камата 2%, ако ги инвестираш кај нив во фондот годишно ке бидиш во плус околу 5%, а ако ги инвестираш во мак.берза во подобри компании ќе бидиш годишно над 5% плус дивиденда на тоа, со таа сума 10 акции MPT се околу 40000ден. дивиденда, од TNB се 20 акции, околу 40000ден дивиденда итн плус раст на вредност на акцијата, ама сето ова не е гарантирано 100% секоја година и во овој тип на инвестирање има ризик, ама е подобро отколку само да стојат во банка.
 
Добив слична понуда од вработени во НЛБ-Тутунска 20 иљади евра кои ми стојат на девизна сметка да ги извадам, претворам во денари и да ги вложам во инвестициски фондови кој тие ги работат, тие ми велат дека ќе има подеми и падови т.н. флуктуации на влогот ама на крајот од годината секогаш ќе бидам во добивка од минимум 6-7 % од вложените средства, парите секако биле на ликвидна сметка т.е. сум можел да ги вадам кога и да посакам, ама им реков дека ќе размислам, некој совет што да направам ако има повеќе упатени во оваа област?
МОј предлог ти е да си отвориш сметка кај странска брокерска компанија(Интерактив брокерс), и да си купиш странски реномиран фонд од реномиран провајдер(ЈП морган, Блекрок, Вангуард...итн). Годишниот твој трошок за таков пасивно управуван фонд може да биде дури и 0.03% од моменталната вредност на твојот влог. Нашиве фондови за ТВОЈ пари ќе ти се прават ортаци и ќе ти земаат провизија од 3-4% годишно, што е 100 пати повеќе.
 
Другари, кајгана форум за инвестирање во мсе и странство веќе одамна не постои, мислам повеќе од очигледно е... Целата генерација која ја креираше содржината тука е на дискорд FMITC кој шо патем иако сум јас инцијаторот на проектот не е/ниту бил мој воопшто туку на сите 400 члена подеднакво. . Еве пак најдругарски ви подавам рака да се приклучите про боно и да научите повеќе за процедури, законони, инвестирање и се поврзано. Многу текстови и труд вложив тука така да некако искрено сакам да помогнам на секој кој е на почеток или пак сака да отиде левел погоре. Искрено ваш, Side Hustler.. Повелете покана за дискрорд каналот https://discord.gg/RFvvCWdh
Автоматски споено мислење:
 
МОј предлог ти е да си отвориш сметка кај странска брокерска компанија(Интерактив брокерс), и да си купиш странски реномиран фонд од реномиран провајдер(ЈП морган, Блекрок, Вангуард...итн). Годишниот твој трошок за таков пасивно управуван фонд може да биде дури и 0.03% од моменталната вредност на твојот влог. Нашиве фондови за ТВОЈ пари ќе ти се прават ортаци и ќе ти земаат провизија од 3-4% годишно, што е 100 пати повеќе.
Ако на вложени милион денари имам 6% добивка како што велат од банката ма нека земаат провизија и тие :)
 
Ако на вложени милион денари имам 6% добивка како што велат од банката ма нека земаат провизија и тие :)
Ти си знаеш. Сакам да ти кажам дека нема баш секоја година да бидеш во добивка, а они секоја година ќе си наплаќаат 3% од вредноста на твоето портфолио. Сакам да ти кажам дека ризикот и губитокот го носиш само ТИ, а добивката ја делите по пола. Сигурно за голем дел од твоите пари домашниот фонд е само посредник и ги вложува во голем светски фонд што го следи SP500 индексот на пример...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom