Не знам зошто сите го сфаќате Орце дека кажува за ова под Лимак како нов проект кога дефакто не кажува така. И кај Ландов нагласи, и вчера исто, дека треба да се ДОРЕАЛИЗИРА т.е. финишира проектот кој ради икс причини не е реализиран, знаеме сите кои. Нигде Орце не спомна дека ова е негов проект, како негов проект рецимо го спомнува мега паркот кај Вардариште на пример. Да не ме сфатиш дека нешто го бранам ама стварно јас не видов човекот да спомна негде дека тоа е негов проект или дека тој ќе ја направи подземната сообраќајница кај Лимак.
Иначе за дуелов, почна премногу лошо, после да кажеме беа до негде океј иако далеку под нивото на една јавна дебата. Амар многу ме разочара, т.е. ми покажа дека уште е доста незрел и дека не може да води град од милион луѓе. Се гледа дека е добар дечко, едно 2903434 пати рече извинете, извинете, извинете, или во ред, во ред, во ред, меѓу тоа не е спремен и не е доволно изделкан. Колку и да го сметаат сите за ваков или онаков Орце е поткован и многу работи знае, во неколку наврати вчера прописно го зашутира Амар и го фати во незнаење, не знае дека не може да се гради пруга кај Сопиште, колку е долгот на јавните претпријатија, колку средни школи има во Скопје, а тоа се работи кои треба да ги пееш ако сакаш да си лидер на главниот град, особено па кога идеш на јавна дебата. За разлика од него Орце овие работи ги знае, и тоа многу добро, се гледа дека има искуство и дека не е лаик во сите можни области. Тоа со мешањето фамилии не им требаше воопшто, ама јас ако добро запазив Амар прв почна така да ако треба некого да напаѓате тогаш тоа е Амар. Веројатно и да не спомнеше Амар ништо во врска со таткото на Орце тогаш овој ќе му го плеснеше секако тоа со дивоградбата, ама сепак прв почна Амар и овој му врати, иако за мене потезите на двајцата беа крајно некултурни и некоректни.
Тоа е, ќе тепа Орце најубедливо во историја и ќе има шанса 4 години да покаже дека работите може да мрднат од мртва точка, ако не со среќа нека ни е на сите и да си го бараме чарето у друга држава.