Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Разликата меѓу Пеп и Артета е што Пеп веќе сериозно го дрма лудилото, додека Артета е во почетна фаза на истото тоа лудило. Жално е што Артета применува голем дел од тоа што го научил од Пеп, ама најчесто на погрешен начин и во погрешни ситуации. Јас како навивач повеќе сум да видам игра на Арсенал како во времето на Венгер и без освоен трофеј, отколку ваква игра па макар и десет титули да освојат со неа .
Класика навивач на Арсенал, не сака титули, сака тимот да му игра како во времето на Венгер.

Да даде господ цел живот ова да ти се исполнува другарче.
 
Јас како навивач повеќе сум да видам игра на Арсенал како во времето на Венгер и без освоен трофеј, отколку ваква игра па макар и десет титули да освојат со неа .
И што кажа сеа? Која е сатисфакцијата да играат офанзивен фудбал, а да бидат канта за напуцавање за топ 3 клубовите и никад да не земат титула?

Јас лично ко неутралец немам проблем со подефанзивен фудбал, ни па со Артета, мене ми смета што Артета направи Арсенал од омилен за неутралците да стане одвратен ( задржаваат време од 10та минута, глумат, тепаат педерски, плачат кај судии итн итн). Инаку не е проблем некој тим да е подефанзивен, напротив тоа е добро за фудбалот затоа што имаме судир на стилови и разноликост.
 
Класика навивач на Арсенал, не сака титули, сака тимот да му игра како во времето на Венгер.

Да даде господ цел живот ова да ти се исполнува другарче.
Класика навивач на Челзи, да му умре козата на комшијата :)
Дај бе малку дигнитет, сожали се на луѓето и они се души!
 
И што кажа сеа? Која е сатисфакцијата да играат офанзивен фудбал, а да бидат канта за напуцавање за топ 3 клубовите и никад да не земат титула?

Јас лично ко неутралец немам проблем со подефанзивен фудбал, ни па со Артета, мене ми смета што Артета направи Арсенал од омилен за неутралците да стане одвратен ( задржаваат време од 10та минута, глумат, тепаат педерски, плачат кај судии итн итн). Инаку не е проблем некој тим да е подефанзивен, напротив тоа е добро за фудбалот затоа што имаме судир на стилови и разноликост.

Стеф, дефанзивноста е ок брат. Неаме проблем со тоа, напротив, многи ми е кеиф кога гледам колку се сигурни последниве 2-3 сезони, а не како пред тоа, да се тресеме дали ќе примеме гол дури и кога топката е во 16ец на другиот тим.

Она што ни смета е што ја уби креативноста на играчите а и ЕПТЕН ја пимплаат. Во време на Венгер, кога пробуваа со топка во гол да влезат, не ја пимплаа олку.

Мора да најди решение за ова а не да го имитра Стоук на Пјулис. Па уште кога ќе го видам Калафиори со тие 30 метарски изведувања на аут, исти Рори Делап.

Со Њукасл додека беше 0-0, горе долу солиден фудбал играа, дури и беа добри офанзивно. Откако примија гол, 0 креативност. Се е ригидно... нафрлени топки... пимплање... 675 паса од кои 500 од нив се назад а не напред...
 
И што кажа сеа? Која е сатисфакцијата да играат офанзивен фудбал, а да бидат канта за напуцавање за топ 3 клубовите и никад да не земат титула?

Јас лично ко неутралец немам проблем со подефанзивен фудбал, ни па со Артета, мене ми смета што Артета направи Арсенал од омилен за неутралците да стане одвратен ( задржаваат време од 10та минута, глумат, тепаат педерски, плачат кај судии итн итн). Инаку не е проблем некој тим да е подефанзивен, напротив тоа е добро за фудбалот затоа што имаме судир на стилови и разноликост.

Па проблем е што против останатите екипи исто играат, еве ќе ги тргнеме екипите од топ 3. Срамота е да го имаш Сака во екипата и да играш ваков фудбал, наместо да играат на гол повеќе тие играат без идеја према назад. Мојсо многу убаво има објаснето. А тоа што задржуваат време, произлегува од играње без идеја. Од Арсенал кој беше рај за очи играње од нога до нога кон напред, стасавме до овој на Артета со гушење на играта и деструктивен Арсенал.
 
Класика навивач на Челзи, да му умре козата на комшијата :)
Дај бе малку дигнитет, сожали се на луѓето и они се души!
Зошто да му умре козата на комшијата? Напротив, јас сакам да му се исполни желбата. Зошто е тоа погрешно?
 
Зошто да му умре козата на комшијата? Напротив, јас сакам да му се исполни желбата. Зошто е тоа погрешно?

Тоа беше констатација, а не желба. За разлика од вас, поголем дел од навивачите на Арсенал не се задоволуваат со освојување на ципи рипи купови. Колку пари се потрошени за да се освои Конференциска лига? И после ти си нашол да зборуваш за класични навивачи.
 
Ципи рипи, вакви такви, бар некоја рецка ставиле!
Што да каже па Јунајтед? Тон пари, цурац трофеј! За очоболот од игра ич да не збориме.
Ама јбг, како приказната за дебелите и слабите крави. Ќе имаме и посни периоди!
 
Четврти пораз со ред.
Како бе му честитаат роденден на овој клошар



IMG_20251008_185320.jpg
 
Четврти пораз со ред.
Како бе му честитаат роденден на овој клошар



Прегледај го приврзокот 457711
А што е проблемот што сите му се навртеле на Трент. Поштено си одигра, си кажа дека си се договорил и си заврши договор. Башка отиде у Реал, не отиде у Сити да речеме.
 
А што е проблемот што сите му се навртеле на Трент. Поштено си одигра, си кажа дека си се договорил и си заврши договор. Башка отиде у Реал, не отиде у Сити да речеме.
1.На куп утакмици се влечеше како црево без некоја желба за фудбал. Тотално незалагање и незаинтересираност.
2. Уште пред некоја година го спремил планот да не потпишува договор и да си оди како слободен, се во меѓувреме да глуми поштена мома
3. Дете на клубот и вице капитен, си отиде за џабе, без никаква оштета. Односно само глупоста на Реал да платат 9 милиони фунти за да игра на светско е каква таква оштета. Во нормални околности ќе земеше Ливерпул добри пари за него. Во лето кога се спремаше огромен ремонт да си оди за џабе и притоа да треба клубот да купува замена додатно .......
4. Никако изјави не даваше како вице капитен. Едноставно испари цела сезона и со ќутенката чекаше крај на сезона за да објави.
 
Тоа беше констатација, а не желба. За разлика од вас, поголем дел од навивачите на Арсенал не се задоволуваат со освојување на ципи рипи купови. Колку пари се потрошени за да се освои Конференциска лига? И после ти си нашол да зборуваш за класични навивачи.
Да, констатација е дека желбата е да играат добро а не да освојуваат трофеи.

Да, не се задоволуваат со освојување ципирипи купови затоа што имате само 1 таков освоено, ништо друго во последните 20 години.

Обранто пропорционално од вас, Челзи игра и освојува.

Where Arsenal???
1760009772688.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom