Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Бруфен и трчање како одат во комбинација ? Како за беља баш сега пред 3-4 дена го убив грбот и ме кине деновиве :cenzura:

Идеално време за утре. Ниска температура, сончево и без ветер
 
Бруфен и трчање како одат во комбинација ? Како за беља баш сега пред 3-4 дена го убив грбот и ме кине деновиве :cenzura:

Идеално време за утре. Ниска температура, сончево и без ветер
А зошто бруфен да пиеш?
 
Да ме опушти малку, да не ја чуствувам болката и така е мачно трчањето на долга дистанца уште па и грбот да ме зафркава..
Извини што те прашав, но бидејќи јас сум алергична на тој лек и воопшто не го сакам....но ако тебе ти помага ок.
 
Да ме опушти малку, да не ја чуствувам болката и така е мачно трчањето на долга дистанца уште па и грбот да ме зафркава..
Vidi ako imas vreme odi na edna masaza. A utre so lesno.
 
Знае ли некој отприлика колку се пријавени ? На пример на последниот во Берлин околу 60.000 биле пријавени.
 
Ај тие што бараа 8c, кажете што да се носи утре за 21к, многу бош време, ни топло ни преладно?
 
Знае ли некој отприлика колку се пријавени ? На пример на последниот во Берлин околу 60.000 биле пријавени.
Повеќе од 14 000 пријавени имало

 
Vidi ako imas vreme odi na edna masaza. A utre so lesno.
Направив и масажа, имаше малку подобрување сабајле ама бруфенот откако го испив си ја заврши главната работата :)

Презадоволен, истрчано под 2 саати што и ми беше главна цел - здравје догодина одиме под 1:40
 
3:36 маратон, тешка криза уште на минувањето накај рекорд во вториот круг. Задоволрн што не се откажав, може ќе пробам Тиват Котор пак во декември
 
Направив и масажа, имаше малку подобрување сабајле ама бруфенот откако го испив си ја заврши главната работата :)

Презадоволен, истрчано под 2 саати што и ми беше главна цел - здравје догодина одиме под 1:40
Каде те боли? Тегови дигаш?
 
Успеав да бутнам личен на полу за 15 секунди, новиот гласи 1:24:20. И тоа стариот датира од пред 6 години, каде што бев добри 5-6 килограми послаб и каде што многу помалку тренинзи ми беа потребни да се спремам за тој резултат споредбено со денес. Сега после илјадници и илјадници километри во тренинг повеќе, неколку неуспешни обиди за нов личен, конечно се наместија коцките, да сврзам константна дисциплинирана тренинг програма, без значителни повреди, плус идеални временски услови за трчање и дојде личниот. Доста жртва за 15 секунди ама вредеше, убаво е чувството. А и да нема трки, јас посекако ќе сум на кеј да си трчам дека ми е навика и терапија, еден разговор сам со мислите. Сега наредна недела трчам Загребски полумаратон исто и би требало да е тоа крајот за оваа година (максимум уште по некоја 5ка трка локална). Браво за сите што истрчавте денес, ви посакувам побрзо закрепнување на сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom