Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби не е за овде ама каде да ја најдам цела серија Девојките на Марко ? На youtube фалат 2 епизоди.
Тоа што е на Јутјуб само тоа има снимено преку МРТ 5.

Истиот тој што ги има снимено има и група на Фејсбук па прашај и таму
 

Златно девојче. Награди на Санденс, па две номинации за Оскар за документарец прв пат у историја и сега награда у Венеција. :love:
 
„СИЛЈАН“ во режија на Тамара Котевска е македонскиот кандидат за „Оскар“ 2025

Македонскиот филм „СИЛЈАН“, во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia), е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм.

Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е официјално призната од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука (AMPAS).

Деветчлената комисија беше составена од: Томи Салковски – претседател и продуцент, Лабина Митевска – продуцент, Даријан Пејовски – режисер, Марија Димитрова – продуцент, Душан Кардалевски – кинематографер, Марина Колоска – прв асистент на камера, Иван Ивановски – режисер на анимиран филм, Братислав Зафировски – тон мајстор, и Горан Игњатовски – автор на филмска маска.

Годинава, комисијата избираше помеѓу три извонредни македонски остварувања:

„Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски, продукција на Синема Футура

„Силјан“ на Тамара Котевска, продукција на Concordia

„Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар, продукција на Cinepaqe Production

При својот избор, комисијата се водеше од уметничката вредност на филмовите, квалитетот на нивната наративна и визуелна компонента, како и од актуелноста и длабочината на приказните кои ги обработуваат.

Агенцијата ја поздравува оваа одлука и испраќа честитки до целиот авторски, креативен и продукциски тим на “СИЛЈАН“.

Извор: фејсбук страницата на Агенцијата за филм
 
Можеби не е за овде ама каде да ја најдам цела серија Девојките на Марко ? На youtube фалат 2 епизоди.
Ги кладоја
 
Дали е излезен филмот по расказот на нашиот Џими?
Би сакал да го погледнам ако го има.
 
Дали е излезен филмот по расказот на нашиот Џими?
Би сакал да го погледнам ако го има.
Излезен е по фестивали. Во Скопје и Струга играше на фестивали. Кратки филмови ако не ги фатиш на фестивал, нема кај да ги гледаш. Освен ако Џими не ни пушти линкче у пп. :rolleyes:
Автоматски споено мислење:

Велешани навалете у кино. :)

Статијава само е неточна. “Силјан” почнал да се дава во Киноверзум од 22 септември со што до 28 септември прави 7 последователни дена и ги исполнува условите за Оскарите.

Од вчера до 28 септември со по три проекции на ден, во Киноверзум во Велес се прикажува документарниот филм на Тамара Котевска „Силјан“. Филмот има по три проекции дневно, во 14 часот, 16 часот и 18 часот.

 
Последно уредено:
Излезен е по фестивали. Во Скопје и Струга играше на фестивали. Кратки филмови ако не ги фатиш на фестивал, нема кај да ги гледаш. Освен ако Џими не ни пушти линкче у пп. :rolleyes:
Автоматски споено мислење:

Велешани навалете у кино. :)

Статијава само е неточна. “Силјан” почнал да се дава во Киноверзум од 22 септември со што до 28 септември прави 7 последователни дена и ги исполнува условите за Оскарите.



А нешто друго македонско да има излезено во последно? Ако има дајте нешто линк минк, речиси година дена немам ништо начекано, нз ни шо се дешава.
 
А нешто друго македонско да има излезено во последно? Ако има дајте нешто линк минк, речиси година дена немам ништо начекано, нз ни шо се дешава.
Тешко. Освен да знаеш човек што ќе ти пушти линк.
 
Излезен е по фестивали. Во Скопје и Струга играше на фестивали. Кратки филмови ако не ги фатиш на фестивал, нема кај да ги гледаш. Освен ако Џими не ни пушти линкче у пп. :rolleyes:
Автоматски споено мислење:

Велешани навалете у кино. :)

Статијава само е неточна. “Силјан” почнал да се дава во Киноверзум од 22 септември со што до 28 септември прави 7 последователни дена и ги исполнува условите за Оскарите.



Барем да имаа интерест овие Киноверзум да отвораат и во другите градови кино сали.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom