Голема молитва, 40 дена на новородено бебе

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ме враќа на муабетот: "Плаче детето зошто не ти е крстено"

Затоа што крстените деца не плачат?!

Инаку, по мене, да, треба детето да стои изолирано со првите 40тина дена, ама како што кажа некој во првите одговори - од медицинско/биолошки причини. Затоа што сепак има 88% луѓе на планетава кои што не се православни, а и за нив важи истата препорака.

Резимирано, за многу вакви верски правила наоѓам медицинска позадина, претпоставувам дека луѓето уште на времето го сфатиле здравствениот бенефит од нештото и го преточиле во верско правило.
 
Ocajna , јас сум кум на детето на другар ми , и кога беше крштевката попот ме праша дали сум крстен . Му реков дека сум и продолживме со крштевката , нит крштеница ми побара нит ништо. Како прво е идиотски да лажиш дека си крстен ако не си , башка шо сигурно правиш грев ако си кум и не си крстен . Муабетов ми е дека не би требало да бараат докази од МПЦ за тоа дали си крстен или не , ако лажиш на тебе паѓа гревот за тоа.Не верувам дека има толку ментални луѓе кои прифатиле да бидат кум некому а лажат дека се крстени .

Свештенството со право бара документ од кумот, за да се увиди дали самиот кум е крстен и уште повеќе, дали има абер која вера ја исповеда.

Јас сум сведок кога на крштевка, кумот не го знаеше симболот од верата (!!!)...а замисли, истиот тој кум треба(ше) да се откаже од влијанието од ѓаволот (кој ли е тој?...), а според својата улога, кумот треба да го води и упатува кумашинчето во верата Христова, за која кумот си нема абер...

Свештениците ќе одговараат не пред Стефана епископот, туку пред сам Христос Бог ако крштевањето, како Света Тајна, го изведат надвор од црковната пракса за крштевање и/со миропомазание.
 
Последно уредено:

Огромен број од луѓето се атеисти и им е гајле за све тоа. Само сакаат кумови да бидат и лажат, затоа што не веруваат во грев, религија и тн. За нив све тоа е ништо.
Ти кога прашуваш - како може да прави таков грев, треба да сфатиш дека грев, како таков, не постои у неговата глава.
 
Свештенството со право бара документ од кумот, за да се увиди дали самиот кум е крстен и уште повеќе, дали има абер која вера ја исповеда.

Јас сум сведок кога на крштевка, кумот не го знаеше симболот од верата (!!!)...а замисли, истиот тој кум треба(ше) да се откаже од влијанието од ѓаволот (кој ли е тој?...), а според својата улога, кумот треба да го води и упатува кумашинчето во верата Христова, за која кумот си нема абер...

Свештениците ќе одговараат не пред Стефана епископот, туку пред сам Христос Бог ако крштевањето, како Света Тајна, го изведат надвор од црковната пракса за крштевање и/со миропомазание.

Абе ок, ама ко шо реков не му покажав крштеница ( не мислев дека ќе треба да му ја покажам на попот башка шо незнам ни кај ми е :) ) , ме праша дали сум крстен , му кажав дека сум и се заврши работата . Ова се случи во Прилеп пред некои 11-12 години . Тоа шо велиш дека попот ќе одговара пред Бог ако не е правилно крштевањето веројатно е така , ама во случај некој лажно да се претставува дека е крстен тогаш гревот е на него не на попот .
 
Во случајов, свештеникот (ти) поверувал „на збор„, но еве велиш има години поминато од тој настан.

Ако кумот излаже дека е крстен а не е, тогаш гревот е само негов, не е од свештеникот, нормално...

Последниве години, свештенството бара документи за одредени верски потреби како што напишав, основано и со причина.

На пример, бараат и документи за основано сомнителни случаи од покојни, кои отишле од овој свет на сомнителен начин, како што е на пример самоубиството, кое во црковното учење е неприфатливо и врз самоубијци не се вршат сите потребни црковно-погребни дејанија.
 
Кои документи се официјално потребни за крштевка??? Можеш ли да ги наброиш?
Не можеш ни ти ни ниту еден поп православен, зашто на секој поп како ќе му текне такви документи бара.
А што ако кумот ја изгубил крштеницата, реално кој чува крштеница толку долго време.
 
Тркни до најблиската црква, обрати се до свештеството од црквата и ќе ти посочат кои документи ги бараат, согласно одредено црковно дејание.

Нормално дека не можам да ги набројам, оти не сум свештеник и од никого не барам документи.
 
https://preminportal.com.mk/266-vesti/2741-golema-molitva-blagodarnost-kon-boga-za-daruvanata-rozhba
Еве некои информации што се пишани овде околу големата молитва.
Исто така, може по 40 дена детето да се крсти според кажувањата на одредени свештеници, а и по одредени предели во светот каде што ги крштеваат децата по големата молитва.
 
Прва работа која јас не сум ја знаел и ја дознав пред некои 11 години, кога се роди син ми, е дека Големата молитва не е за бебето, туку за мајката. Бебето само се носи за да се претстави пред Бога, но самата молитва е за да се очисти мајката телесно и духовно и повторно да може да пристапи кон светото причестување. Бебето уште не е крстено и затоа свештеникот не може да се моли за него, ниту пак истото смее да влезе во храмот Господов пред крштевката. Затоа погрешно е кога покондирените Македончиња ставаат слики на фејсбук: "на здравје молитва, злато наше". Молитвата не е за златото ваше, туку за мајката.

Второ, баш ме чуди тоа што @bijons , докторка, има став кој е спротивен на ставот на докторите и акушерките од Клиника за гинекологија, на пример. Пред да се роди син ми, пред околу 12 години за време на бременоста, со жена ми одевме на едни "предавања" во истата клиника, 5 недели по 1 ден во неделата, со различни доктори кои "не подготвуваа" и за периодот пред пораѓајот, и за самиот чин на пораѓај, и за периодот откако ќе дојдеме дома со бебето. Буквално секој еден, и доктор, и акушерка, ни велеа дека со самото излегување од болницата бебето е спремно за прошетка, дека сите прошетки ќе му годат, особено на чист воздух, и не советуваа кога би можеле, да одиме некаде во внатрешноста и по можност на планина. Буквално никој не рече дека треба да го чуваме бебето затворено дома 40 дена и сите викаа дека тоа традиционално сфаќање е погрешно. И за мене во тоа време беше изненадувачки тоа и не велам дека 100% ги послушавме, ама не ни бевме затворени 40 дена. Кратки прошетки на улица, сончање во двор (доби жолтица) - не се на одмет. Тоа неизлегување надвор и да не смее никој да го види бебето 40 дена за да не го урочи се чисти глупости и бабини деветини. Ама секако, да, сум за тоа дека не треба да се внесува во молови или места кај што има многу луѓе, кој знае какви болести се шират таму.
 
... па скоро сите доктори беа со препорака за примање антиковид вакцина и тоа три бустер дози, а bijons имаше поинакво мислење и токму таа беше против таа ,, вакцина".

...генерално, не е мудро да се носи бебе помладо од четири месеци, а не пак новороденче на планина каде поради надморска височина воздухот е поредок и имало здравстени проблеми како жолтица, белите дробови на новороденчињата не се доволно зрели за да се справат со стресот од големи надморски височини и тие се поподложни на висинска болест, што може да биде сериозно за негово здравје, така да не знам колку е паметен таков совет.

...и да, бебето немало ,,жолтица" не барем класичната, туку од предозирање од Вит К што го примил за 24 ч, ама тоа е друга тема.
 
Тркни до најблиската црква, обрати се до свештеството од црквата и ќе ти посочат кои документи ги бараат, согласно одредено црковно дејание.

Нормално дека не можам да ги набројам, оти не сум свештеник и од никого не барам документи.
Сори мислев дека си поп :)
Најблиската ми е католичка и не ми бараа никакви документи.
 
Сори мислев дека си поп :)
Најблиската ми е католичка и не ми бараа никакви документи.

Тоа што римокатиличка црква (објект) ти е физички блиска, не значи дека треба да се залеташ па токму кај нив да ги крштеваш своите деца.

Православната вера и помесните Цркви ионака не го признаваат крштевањето сторено од римо-католичкото свештенство.
 
Последно уредено:
Убаво е да се знаат адетите, народот христијански од памти века религиозните обичаи ги негува и тие се со причина такви за добро на верникот, неговите деца и самото блиско семејство.

Прегледај го приврзокот 456524

...повод за да ја отворам ова тема во моментот е една интересна ситуација од моја средба со познаничка со околу 39 години, која пред дваесет и некој ден се породила и сега во 19ч решиле да прошетаат со бебчето со количка со мажот.

... како и обично се сетив на зборовите на еден мој близок ,,не се мешај не е твоја работа" и преќутев да им образложам на парот, дека не е паметно толку рано да го извадат надвор новороденото дете, ама затоа тука ќе напишам да видиме какво е ошто мислењето околу тоа да новородено бебе не треба да се извади од домот ниту пак да дојде во контакт со други лица како гости во домот.
...христијанскиот адет да мајката кога ќе се породи се смета за прв ден од тие 40 дена и тогаш новороденото се носи во посебна просторија во црквата на ,,Мала молитва", сеуште не се внесува во црквата затоа што не е крстено!

...бебето покрај планираното име добива црковно име најчесто поврзано со христијанскиот календар со денот кога се родило.

...после тоа настапуваат 40 дена на блискоста на мајката и новороденото во домот и никој друг, ниту гости ниту по гости и шетање, тие денови треба мајката да се посвети на бебето и да одмара, а бебето да оцврсти и имунолошки да зајакне.

...на 40от ден, бебето се носи повторно во посебна просторија во црквата или ако нема таква, тогаш буквално пред вратата на црквата и тогаш тој момент со свештеникот се случува ,,Голема молитва", па од таму се носи бебето или во 1 куќа најчесто кај бабата и дедото или во 3 куќи, кај кумови и тетка или друга блиска родина, па следниот ден бебето веќе може да биде изнесено на шетање надвор.

... мајката ако има крварење кога иде во црква за ,,Голема молитва" не треба да влезе во самата црква туку во посебна просторија, ниту да ги допира и бакнува иконите.

...зарем толку е тешко да се испочитуваат тие 40 дена во име на здравје на новороденото, тоа не е предмет, па ајде сега веднаш од стомак на шетање да бидат видени родителите и истите да се пофалат пред друштвото, посебно ако долго се чекала бременоста!

... ќе речете нема некоја Сила или ако сакате Господ да го наречете и те како ИМА, па упорното плачење мееее мееее мееееееее на бебче ме натера да излезам на тераса и што да видам не поминале ни 10 метри, познаничката го имаше земено бебето во рака нишајќи го, а тоа вришти ли вришти од плачење, видоа не видоа заедно со мажот се свртија и се вратија назад дома.

...а како не би се вратиле кога бебчето било на Мала молитва има црквено име и ако мајката не допочитува религиозно тоа што го почнала има Сила - Господ кој веќе се грижи за тоа бебче.

Прегледај го приврзокот 456526

... такса за црковни обреди Мала и Голема молитва се различни низ градовите, некаде се и бесплатни, а треба да бидат унифицирани од МПЦ, ама тоа е друга тема.
Број 17 е 400 денари.
 
МПЦ-ОА е матична помесна православна Црква за Македонците, по род.

Македонците кои живеат во Македонија се крштеваат во својата Црква, а Македонците кои се дел од исселениците/дијаспората, се крштеваат во епархиите од МПЦ кои се надвор од границите од македонската држава.

Македонец по род, кој живее во Македонија, веќе има своја Црква и нема што да бара надвор од неа.

МПЦ-ОА се‘ уште се држи до јулијанскиот календар и не гледам намера од Црквата, т.е. нејзината управа, за промена на календарот. Нема потреба, лично немам потреба, а промената ќе има реакции. Жива среќа е што МПЦ се раководи според ставот од повеќето помесни Цркви, почнувајќи од Руската, кои не го менуваат календарот, оти последиците ќе бидат....лоши.

„Најдобар„ пример за последица од промената на календарот е вселенскиот патријарх, масонот Мелетија, кој 1923-тата година допуштил можност за помесните Цркви да го прифатат грегоријанскиот календар. „Наградата„ за таа промена му стигнала брзо па ликот се симнал од умот.

Нема играње со Бога и со Неговата Црква.
Света гора е во Грција каде шиба православието + Грција го слави Божиќ на 25-ти декември + "секоја власт е од Бога дадена" И во целата таа каша попара барајки НЗС ми искочи резултат во вид на прашање-Кој ме тоа дупи хибридно онака со вазелин да ми лизга низ душата без да приметам...
 
Света Гора е управувана од Цариградската партијаршија, не од грчката Црква.

Грците ги слават празниците според грегоријанскиот календар.

Секоја власт е од Бога дадена, но секоја власт не е од Бога благословена, туку може да биде само (од Бога) допуштена...согласно духовната состојба од народот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom