Голема молитва, 40 дена на новородено бебе

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Па Црквата е поделена а не Бог.

Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”
(Матеј 28:18-20 ; Библија)

Бог Е едноставен и неделив. Црквата е делива, ама не е од Бога поделена...што значи дека Бог не Е истовремено присутен во секое друштво кое себе си се нарекува „црква„.
 
Бог Е едноставен и неделив. Црквата е делива, ама не е од Бога поделена...што значи дека Бог не Е истовремено присутен во секое друштво кое себе си се нарекува „црква„.
Се надевам дека мислеше на Единствен.

Сите што се крштеваат и го следат учењето на Исус се деца на Бога. Исус рече дека патот кон Бог е преку Него, црква нигде не спомнува.
Дали си крштеван во римокатолички, православен или протестантски храм не менува ништо.
 
Убаво е да се знаат адетите, народот христијански од памти века религиозните обичаи ги негува и тие се со причина такви за добро на верникот, неговите деца и самото блиско семејство.

Прегледај го приврзокот 456524

...повод за да ја отворам ова тема во моментот е една интересна ситуација од моја средба со познаничка со околу 39 години, која пред дваесет и некој ден се породила и сега во 19ч решиле да прошетаат со бебчето со количка со мажот.

... како и обично се сетив на зборовите на еден мој близок ,,не се мешај не е твоја работа" и преќутев да им образложам на парот, дека не е паметно толку рано да го извадат надвор новороденото дете, ама затоа тука ќе напишам да видиме какво е ошто мислењето околу тоа да новородено бебе не треба да се извади од домот ниту пак да дојде во контакт со други лица како гости во домот.
...христијанскиот адет да мајката кога ќе се породи се смета за прв ден од тие 40 дена и тогаш новороденото се носи во посебна просторија во црквата на ,,Мала молитва", сеуште не се внесува во црквата затоа што не е крстено!

...бебето покрај планираното име добива црковно име најчесто поврзано со христијанскиот календар со денот кога се родило.

...после тоа настапуваат 40 дена на блискоста на мајката и новороденото во домот и никој друг, ниту гости ниту по гости и шетање, тие денови треба мајката да се посвети на бебето и да одмара, а бебето да оцврсти и имунолошки да зајакне.

...на 40от ден, бебето се носи повторно во посебна просторија во црквата или ако нема таква, тогаш буквално пред вратата на црквата и тогаш тој момент со свештеникот се случува ,,Голема молитва", па од таму се носи бебето или во 1 куќа најчесто кај бабата и дедото или во 3 куќи, кај кумови и тетка или друга блиска родина, па следниот ден бебето веќе може да биде изнесено на шетање надвор.

... мајката ако има крварење кога иде во црква за ,,Голема молитва" не треба да влезе во самата црква туку во посебна просторија, ниту да ги допира и бакнува иконите.

...зарем толку е тешко да се испочитуваат тие 40 дена во име на здравје на новороденото, тоа не е предмет, па ајде сега веднаш од стомак на шетање да бидат видени родителите и истите да се пофалат пред друштвото, посебно ако долго се чекала бременоста!

... ќе речете нема некоја Сила или ако сакате Господ да го наречете и те како ИМА, па упорното плачење мееее мееее мееееееее на бебче ме натера да излезам на тераса и што да видам не поминале ни 10 метри, познаничката го имаше земено бебето во рака нишајќи го, а тоа вришти ли вришти од плачење, видоа не видоа заедно со мажот се свртија и се вратија назад дома.

...а како не би се вратиле кога бебчето било на Мала молитва има црквено име и ако мајката не допочитува религиозно тоа што го почнала има Сила - Господ кој веќе се грижи за тоа бебче.

Прегледај го приврзокот 456526

... такса за црковни обреди Мала и Голема молитва се различни низ градовите, некаде се и бесплатни, а треба да бидат унифицирани од МПЦ, ама тоа е друга тема.
Јас за моите деца овој адет не сум го направила, а искрено не знам зошто..
Што се однесува за адетот 40 дена дома да се седи, да, седев и не сакав никој да ми дојде дома за да го видат бебето.
Но, кој како сака така нека прави, не е злодело.
Мислев за големата и мала молитва, не сум земала.
 
Се надевам дека мислеше на Единствен.

Сите што се крштеваат и го следат учењето на Исус се деца на Бога. Исус рече дека патот кон Бог е преку Него, црква нигде не спомнува.
Дали си крштеван во римокатолички, православен или протестантски храм не менува ништо.

Не, не мислев на „единствен„, туку на „едноставен„. Бог има едноставнa природа и затоа е неделив/неразделив.

Бог не Е „единствен„, туку Е „троедин„, каде Отецот и Синот и Светиот Дуг се наоѓаат во нераздвојно заедништво, а притоа остануваат неслиени во своите поединечни атрибути.

А еве каде Господ Исус ја наведува Неговата (не било чија....) Црква па вели:

„А јас тебе ти велам; ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат„.

Ев. по Матеј, 16.18.

Како што е очигледно, нема 2, 3, 5 или 152 цркви Христови на Земјава, туку една.
 
Последно уредено:
Па....верата не ќе е баш „иста„, оти да беше иста, ќе беа источната и западната Црква во единство.

Патем кажано, ако го крстиш детето во римокатоличката Црква, таквото крштевање е невалидно во православната Црква па ќе мораш се‘ одново да почнуваш, ако сакаш крштевање според редот во православието.

Кумот и самиот мора да биде крстен, дотоку повеќе (и покорисно) ако и самиот е верник, за да знае која му е улогата како кум, а не да биде лик за „еднократна употреба„, само при крштевањето, а после тоа кумот и кумашините да не се видат никад у живот...
Автоматски споено мислење:

Не е баш така едноставно.

Ако наведениот тазе покрстен лик е Македонец (претпоставувам...). зашто не се крстил во рамките од МПЦ-ОА туку во соседна помесна Црква, која има „мал„ проблем со од нив прифатениот грегоријански календар?...

И зашто МПЦ-ОА би била должна да прифати крштевање (и крштеница) од друга помесна Црква за припадник на македонскиот народ?...
Верата се вика Христијанска. Бог и Богородица и сите светци се скроз исти и во Католичката и во Православната црква. Црквата се поделила заради имот и пари во минатото, зашто поповите не знаат колку им е доста и се раскарале за пари. Дали ќе го крстам ваму или таму пак на крај ќе биде Христијанин.
Мислам дека ваму се плаќа црковен данок доколку си католик уствари не мислам туку знам.
 
Да, кај римокатолиците постои плаќање данок, оти нивното свештество е платено од државниот им буџет, не од прилози од верниците.

Што се однесува до самото крштевање-прај како сметаш дека треба, твојата/вашата родителска одлука кон вашите деца и последиците од одлуката паѓаат на твој/ваш грб и одговорност, а што се однесува до поимот „христијанин„, во денешно време истиот тој поим станува се‘ порастеглива кагорија и се‘ поодалечена од вистинската вера Христова.

Православната вера не признава ничие крштевање како Света Тајна, која е изведена надвор од Црквата.

Туку...ајде потсети ме на кој датум и во која православна помесна Црква се слави светиот Дује? Чисто да видиме дали навистина имаме исти светители со сите заедници, кои се именуваат за „христијански„.
 
Не, не мислев на „единствен„, туку на „едноставен„. Бог има едноставнa природа и затоа е неделив/неразделив.

Бог не Е „единствен„, туку Е „троедин„, каде Отецот и Синот и Светиот Дуг се наоѓаат во нераздвојно заедништво, а притоа остануваат неслиени во своите поединечни атрибути.

А еве каде Господ Исус ја наведува Неговата (не било чија....) Црква па вели:

„А јас тебе ти велам; ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат„.

Ев. по Матеј, 16.18.

Како што е очигледно, нема 2, 3, 5 или 152 цркви Христови на Земјава, туку една.
„И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.”

Петар е каменот, цврстата верба во Христа. Само таа црква постои. Православната, Католичката за мене не постојат.
Ти како православен кое е мислењето твое?
 
Ocajna , јас сум кум на детето на другар ми , и кога беше крштевката попот ме праша дали сум крстен . Му реков дека сум и продолживме со крштевката , нит крштеница ми побара нит ништо. Како прво е идиотски да лажиш дека си крстен ако не си , башка шо сигурно правиш грев ако си кум и не си крстен . Муабетов ми е дека не би требало да бараат докази од МПЦ за тоа дали си крстен или не , ако лажиш на тебе паѓа гревот за тоа.Не верувам дека има толку ментални луѓе кои прифатиле да бидат кум некому а лажат дека се крстени .
 
Која ли е „...само таа црква...„ која постои?...

Согласно никео-цариградскиот симбол од верата, постои „...една, света, соборна и Апостолска Црква....„.

Само источната православна Црква го чува неизменето учењето Христово, така да последично, нема друга Црква, небитно која заедница како се гледа самата себе, а е надвор од Црквата.
 
Да, кај римокатолиците постои плаќање данок, оти нивното свештество е платено од државниот им буџет, не од прилози од верниците.
Супер, затоа нашиве возат џипови од 100 000 евра, носат саати од 5 000 евра и имаат цели колекции на најскапи и најлуксузни алкохоли.
Зашто живеат од милостиња од прилозите на верниците.
 
Супер, затоа нашиве возат џипови од 100 000 евра, носат саати од 5 000 евра и имаат цели колекции на најскапи и најлуксузни алкохоли.
Зашто живеат од милостиња од прилозите на верниците.

Џипови од 100 иљадарки не се купуваат со „милостиња„ (патем кажано, верните не им остваат милостиња на свештениците, туку прилог или плаќаат за одреден свештеничко дејание според утврдена тарифа; милостиња им се дели на оние кои немаат и не можат да имаат и таквата помош сам Бог високо ја цени), туку се купуваат на „друг„ начин, но ако сметаш дека таквото свештеничко однесување не е коректно (а не е...) слободно обрати се овде:

со свој предлог или критики.
 
Ocajna , јас сум кум на детето на другар ми , и кога беше крштевката попот ме праша дали сум крстен . Му реков дека сум и продолживме со крштевката , нит крштеница ми побара нит ништо. Како прво е идиотски да лажиш дека си крстен ако не си , башка шо сигурно правиш грев ако си кум и не си крстен . Муабетов ми е дека не би требало да бараат докази од МПЦ за тоа дали си крстен или не , ако лажиш на тебе паѓа гревот за тоа.Не верувам дека има толку ментални луѓе кои прифатиле да бидат кум некому а лажат дека се крстени .
Жими мене не лажам,ти кажувам дека попот ми држеше предавања и триста документи ми побара, сакав тетка ми или мајка ми да е кума зашто ете ми се брзаше, ама ми рече попот не смеело од фамилијата да е кумот, и морал да има крштеница, и јас и таткото и извод на родени од детето (иначе не е родено во Македонија). Се изнервирав од нашите попови православни оти многу го тупат. 4 документи ми побара попот. Што е многу многу е.
Автоматски споено мислење:

Крај краева, што имам јас да му одредувам на син ми кај ќе се крсти, кога ќе стане полнолетен сам нека си одлучи дали сака да е католик или православец.
 
Последно уредено:
Избегнување големи гужви и контакт со разни луѓе, апсолутно да, заради сопствено здравје и здравје на бебето. Од друга страна, кратки прошетки на сонце и чист воздух со бебето се важни и корисни и за мајката и за бебето. Така што, мислам дека традицијата треба да се прилагоди на реалните потреби на мајката и бебето, no pressure.
 
Па....верата не ќе е баш „иста„, оти да беше иста, ќе беа источната и западната Црква во единство.

Патем кажано, ако го крстиш детето во римокатоличката Црква, таквото крштевање е невалидно во православната Црква па ќе мораш се‘ одново да почнуваш, ако сакаш крштевање според редот во православието.
Кумот и самиот мора да биде крстен, дотоку повеќе (и покорисно) ако и самиот е верник, за да знае која му е улогата како кум, а не да биде лик за „еднократна употреба„, само при крштевањето, а после тоа кумот и кумашините да не се видат никад у живот...
Не е баш така едноставно.
Ако наведениот тазе покрстен лик е Македонец (претпоставувам...). зашто не се крстил во рамките од МПЦ-ОА туку во соседна помесна Црква, која има „мал„ проблем со од нив прифатениот грегоријански календар?...
И зашто МПЦ-ОА би била должна да прифати крштевање (и крштеница) од друга помесна Црква за припадник на македонскиот народ?...
... Македонците во Егејска Македонија, не се Македонци зошто се родени и крстени во православна христијанска црква во Грција или не се христијани православни зошто се родени и крстени во православна црква во држава каде е прифатен новиот календар Грегоријански?
...исто важи за сите христијански православни држави како Романија или еве и Бугарија каде се родени како Македонци во Пиринска Македонија христијани православни и се крстени во православна христијанска црква која се води по новиот Грегоријански календар?

...што ако е ,,проблем" стариот Јулијански календар, а не новиот Грегоријански календар, а што ако за една, две години и нашата МПЦ го прифати новиот Грегоријански календар, што со тие крстените по стар календар нема да бидат ,,признаени" православни христијански верници?
 
МПЦ-ОА е матична помесна православна Црква за Македонците, по род.

Македонците кои живеат во Македонија се крштеваат во својата Црква, а Македонците кои се дел од исселениците/дијаспората, се крштеваат во епархиите од МПЦ кои се надвор од границите од македонската држава.

Македонец по род, кој живее во Македонија, веќе има своја Црква и нема што да бара надвор од неа.

МПЦ-ОА се‘ уште се држи до јулијанскиот календар и не гледам намера од Црквата, т.е. нејзината управа, за промена на календарот. Нема потреба, лично немам потреба, а промената ќе има реакции. Жива среќа е што МПЦ се раководи според ставот од повеќето помесни Цркви, почнувајќи од Руската, кои не го менуваат календарот, оти последиците ќе бидат....лоши.

„Најдобар„ пример за последица од промената на календарот е вселенскиот патријарх, масонот Мелетија, кој 1923-тата година допуштил можност за помесните Цркви да го прифатат грегоријанскиот календар. „Наградата„ за таа промена му стигнала брзо па ликот се симнал од умот.

Нема играње со Бога и со Неговата Црква.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom